Не сакав да коментирам на темава бидејќи немам искуство со преселба..но ми фатија око коментарите на феминките и имам да кажам неколку работи за нив.Навика е реално нешто..comfort zone исто така..страв и е од нешто ново и непознато..нова средина,нови луѓе..јас ја сфаќам..20 години има..дете е уште..жена да не е? И треба совет..не рипајте одма заостаната била ваква била таква била..ако немате нешто добро да кажете,не кажувајте ништо..Човек да не може да праша одма го удирате..и после ќе кажете"сакаше мислење,бараш совет а не поднесуваш критика"..Добро онака недорасната сум ок,го знам тоа..си ги сакам другарките во другиот влез да си мафтаме преку прозор..ако имаш совет за тоа како да не се осеќам вака и како да искочам од мојата комфорт зона ондак дај пиши само не ме ругај
А што треба да пишиме ДА ВО ПРАВО СИ КАЧИ МУ СЕ НА ГЛАВА ДОМА И КУБИСИ ГИ КОСИТЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СЕЛИШ?,само за неа да не ја ругаме како што велиш ти да му речиме да во право си за подобро да се чуствува таја така?wtf нормално дека ќе си ги кажиме нашите мислења,а тоа што на неа не му се допаѓаат тоа е нејзин проблем...Тука се прочитаја мн.мислења и се дадоа многу примери каде што преселбата не била никаква пречка за понатаму да си функционира ПАК нормално животот само како што гледам погоре таја има превез на очите и неа треба да му кажи некој 5 реченици како твоите за таја посигурно да се чуствува бидејќи нема никаква самодоверба и нејзинаа среќа зависи само од другарките и од дечкото а ако нејзиното семејство поминува низ тоа што поминува тоа не важно,псссс хаос... Извини ама во 21 век на сите ни е шокантно што девојка на 20 год.се потресва за вакви ситници и не се грижи за блогосостојбата на нејзиното семејство...На 20 год.можеби не сме здрели жени,(а некои и се здрели станале мајки или животот ги натерал да создреат)ама не сме ни тинејџерки со вакви размислувања како да има 14 години,како да е време да создреј веќе а?... Ако му е толку трагична преселбата ок,нека работи нека си земи стран под кирија и нека си продолжи да си живеј таму,знајш луѓето и работат и студират на овие години и се грижат за себе.....
Која глупост човече На 20 години другарките ми беа низ цело Скопје, од Ѓорче, преку Центар, Маџари, па дури и Јурумлери, Дунек, Петровец Мислиш дека не се гледавме?! Да бе, слободно мисли си! На 20 години заминав за Њујорк, па со ниедна не си расипав пријателство. На тие години живеев уште цела година надвор од МК па стекнав дури и нови пријатели. Старите останаа и ден денес сме блиски. Тие што ти се вистински пријатели, ќе останат со тебе до крајот на животот. Оние другите, кога ќе ги снема ќе ти стане јасно дека не биле ни малку вистински. Се плашиш дека дечко ти ќе го изгубиш.. Тоа е уште поголема глупост од мислењето дека ќе ги изгубиш другарките. Па на 20 години другарка ми стапи во брак и роди дете! Мислиш се плашеше што тој живееше во Петровец а таа на 15 км од него? Сигурно ти не можеш сама ни ручек да си направиш со паметов.. Ако некој те сака, ќе биде со тебе и на 500 метри одалеченост и на 5000км! Тоа ти го гарантирам од искуство!
Штом твоите решиле така можеби е и најдобро решение бидејќи јас и моето семејство многу добро знаеме како е да имаш проблеми со фамилијата. Ние со чичко ми живееме во различна куќа но во исти двор и одсекогаш сме имале проблеми од страна на чичко ми и стринка ми. Уште какви не работи ни имаат правено ама ништо не можеме да направеме бидејќи мајка ми и татко ми ја направиле куќата во првите години од бракот и не можеме да си заминеме туку така да оставеме се па мораме да трпеме секакви сра*а почнувајќи од кавги, крадење, наметнување секакви сомнителни работи итн итн.. Можеби ти не знаеш и што се случува а па и да знаеш стави се во кожата на мајка ти и татко ти што се трпат тие и помисли се дали е поважно и повредно да ги ставеш на прво место твоите другари/ќи и твојот дечко одколку твоето семејство..
Исто и јас сега сакав да пишам како членката погоре, размисли добро дали ти е поважно семејството или другарките. Може и јас тешко се вклопувам во нови средини ама ако се работи за семејството ќе се потрудам, а и тебе може добро би ти дошла таа нова средина. За другарките не се секирај, ќе се слушате секој ден, ќе комуницирате виртуелно, и многу подобро ако не се гледате секој ден зашто многу поинтересно е кога ќе се видиш со некој после 3-4 дена одошто секој ден да се гледаш. Има за што муабет да правите. Исто и со дечкото, не знам како може да помислиш дека врската ќе станела послаба....далечината (уствари која далечина) нема врска, а ти ако немаш доверба во него тоа е друго. Врски функционираат и од еден град во друг, или од една држава до друга (кога студира еден од партнерите во странство) а не пак во ист град оддалечени 20 мин....стварно е смешно. Не живееме во Париз или Њујорк или не знам каде...Скопје сме, еден грст народ. И крај краева ако толку сакаш да седиш тука, тогаш кажи им на твоите дека ти нема да се селиш и остани си во вашиот дел од куќата па пиј си секој ден кафе со другарките, седи си во маало со дечкото и оди им чат пат на гости кај твоите Сама одлучи си, ама сепак ти препорачувам да размислиш за тоа што ти пишале повеќето овде.
Не разбирам луѓе кои се плашат од промени.. Еве, мене сега да ми се укаже прилика, и ми речат собери парталите и пресели се, јас ќе го сторам тоа. Секако, ќе ми недостига оној секојдневен простор, и комфорот кој претходно сум го уживала, но тоа секако не е причина да се трескам од земја и драмам како во твојот случај. Што се однесува до видувањата..Верувам дека ако малку се стиснеш, бар 250 денари месечно ќе можеш да жртвуваш за карта од 10 возења. Ако може и дечко ти нека си купи една таква и решен проблем. Па, ако не секој ден, ќе се гледате осум пати минимум во месецот. Освен тоа, кога подобро ќе размислиш, ќе сфатиш дека ова уствари ви е шанса да докажете колку всушност вреди таа ваша љубов. За другарките пак, истото важи. Некогаш тие кај тебе дома, а некогаш ти кај нив. Плус, имаш шанса за нов почеток, и стекнување нови пријателства што е само уште еден плус. Инаку, до некаде сфаќам зошто паничиш. Нова средина, луѓе, околности. Ем си подложена на нови предизвици, ем ја губиш дневната рутина. Но, во секој случај, како што реков, мора да бидеш позитивно настроена! Првенствено бидејќи заминуваш со сето свое семејство, а второ, повеќе нема да слушаш кавгања за глупости. Се` на се зборот ми е дека можеш многу позитивности да изнајдеш но, тоа само ако сакаш. И за крај секогаш, ама баш секогаш, имај на ум дека тие неколку луѓенца со кои заминуваш ја претставуваат најважната нишка во твојот живот, онаа на која можеш безусловно да се потпреш. Бидејќи нема ништо повредно од семејството. Ете, така.
Нема потреба од напади. Значи знам како е да се селиш после многу години поминати во едно маало. Но, ќе видиш дека во животот ќе ти се јавуваат многу пострашни одлуки со кои ќе се соочуваш. Не знам каков е вашиот семеен проблем, но можеби и мајка ти веќе не може да издржи живот полн со стресови и нервози. Сигурна сум дека и таа не би сакала да те одделува од другарките и дечкото, а и на неа не и е лесно после толку години поминати во една куќа да се пресели. Сигурно се случило нешто што било капка која ја прелеала чашата. Не знам дали ме сфати, разбери ја и мајка ти и нејзините потреби, не само себе и своите потреби.
Здраво девојки, ми треба помош. Со дечко ми планираме да се селиме во Црна Гора па сакам да ве прашам освен лични работи (облека лична хигиена такви работи што обично ги носиме со нас на одмор) што друго да однесам(ке се селиме во наместен стан)незнам што друго да понесам бидејки ке одиме со автобус..? Никогаш не сум се селела нити сум живеела на друго место без семејството.. Ми требаат и совети за свидетелствата од гимназијата од овде дали треба да се преведат на др јазик за да ми ги признаат таму бидејки ке продолжам да учам таму.. Имам милион прашања....
Uste si gimnazija, a planiras da se selish so decko vo cg?? Najprvo treba da se spremas psihicki za takva rabota btw svidetelstva ne treba da se preveduvaat izvinete za latinicata od tel.sum
Планирав, среќа што се предомислив... Не би можела да го издржам тоа на овие години.. Поздрав имајте убав ден
Преселбата е многу макотрпна работа, воопшто не е лесно, носење ствари, комплетно опремување и средување, а посебно па оној период на адаптација по преселбата.