Во продукција на ОХО, од 31 октомври 2016 започнува емитувањето на новата македонска играна серија „Преспав“. Серијата ќе се емитува секој ден од понеделник до петок во 20:30 часот на Телма Телевизија. Во „Преспав“ учествува врвна актерска екипа која ја сочинуваат: Владо Јовановски, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири. Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања и смеа. ТВ серијата „Преспав“ е во продукција на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија. Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, а монтажата е Сашко Потер Мицевски, Шенол Мехмед и Сандра Георгиева. Музиката е на Мите Димовски, студио Тралала. Какво е вашето мислење за овој проект? Јас искрено се радувам, и планирам да гледам кога ќе бидам во можност. Фала богу наша продукција со наши актери. Се надевам ова е почеток кон уште нови наши серии. Се надевам нема да застане серијата после две сезони или максимум три сезони. Нека трае серијата што е можно повеќе сезони. Големо браво за актерската екипа, со имиња како легендарниот Владо Јовановски и мојот нов омилен актер Игор Стојчевски, Јелена Јованова, сценарио Венко Андоновски... Единствена `маана` според мене е Тијана, ретко несимпатична особа која може да се смени. Сето останато, идеја, концепт, актерска екипа, апсолутно задоволува пред почеток, па ќе видиме. Дури и да не е добра претставува некакво помрднување... Нека работат актерите, нека заработуваат а ние да престанеме да гледаме турски и индиски серии.
Со ентузијазам ја пречекав првата епизода. Сега потполно разочарана. На десет секунди пуштаат смеење кое што треба да ме потсети да се насмевнам и јас зашто ништо друго во филмот не ме смее. Ние во Мкд можеме да направиме шега само ненамерно. Вака изнасилено и напнато првата епизода делува очајно. Почнав да се смеам кога влезе Горан Стојаноски. Ништо посебно.
При толку млади глумци што дремат дома без работа, овие Тијана Дапчевиќ ја нашле Нели пејачка е оваа? Нели во Србија живее? Му ја зема работата на некој наш млад глумец Ако не се замешаат овие две со сестра и, не се живи еј дури одбивни ми се во секој поглед... Ни да се смееш, ни да плачеш, ни да се акнеш од земја.... Туку ова ти е македонска работа, не знам ни јас што очекувам Што е тоа правдина?
Одлична серија дефинитивно требаше нешто вакво кај нас во државичкава,затоа што ми е преку глава од сериите турски,индиски и какви све не.За глумците се согласувам со вас,но тоа е што е сепак е интересна.
Работите кои ептен ми засметаа се: 1. Вметнатото кикотење. Филмови со вметнато смеење ми се одвратни и плус ми делуваат навредливо. Демек јас сум малоумен не знам кога треба да се смеам, па ајде ќе ми укажуваат... 2. Употребата на српскиот јазик. Зошто мора и Албанецот да зборува на српски? Ајде Хрватот како ми како, ама Албанецот, стварно можел да зборува на македонски со албански акцент. Да не заборавиме дека Албанците лесно учат странски јазици. 3. Тројца браќа ниеден асолен. Едниот пијаница, другиот женкар, третиот хомосексуалец. Можеле барем нешто убаво да прикажат во целата серија...
И јас се замислив за квалификацииве што ги даваш под точка три. Уште кога ја видов што всушност глуми и претставува рецепционерката Јелена, просечна современа девојка (чачкање по телефонот, физички пренакитена, користи сленг во зборувањето, нема почит кон никого, особено кон постарите (кога влегува Владо Јовановски веднаш констатира - овој мора да е мајстор судејќи низ предрасуди за надворешниот изглед итн.) помислив дека серијава е од многубројните што само ја имитираат актуелнава состојба. А со тоа што не поминува македонски филм (серија/претстава) без да вметнат српски јазик, па преку глава веќе! Очаен обид да ги фатат на симпатија повозрасните гледачи и можеби да ги асоциираат со сериите кои што ги имаше на нашиве телевизии во минатото. Ние одамна излеговме од Југославија, ама изглеа таа никогаш од нас. Ми недостига Салон Хармони. Таква серија цело семејство ни го збираше пред екран. „Преспав“ ни кучето не може да ми го застане пред телевизор.
Истово сакав да го напишам, ама ај се воздржав, да не ги мешам споредните улоги. Како и да е, сепак приватниве телевизии не си можат со МТВ... Се` што ќе излезеше од МТВ, како филмска продукција беше квалитетно.
Залудно потрошени 30 минути и ако траеше толку. Замислата може му била добра ама реализација слаба. Можеле и подобро, сега за сега воопшто не ми се допадна. И смеењето бе
Ја изгледав епизодата вчера и ми се допадна.Не е којзнае што но може да помине. Интересно е и имам некои замерки којзнае какви но на пример смеењето во позадина не ми се допаѓа и избор на глумци можело да се направи подобар но океј е.
Пошто не гледам телевизија, за серијава дознав од темава на форумов. И иако не сум ја гледал првава епизода, ќе си земам за право да прокоментирам врз основа на трејлерот, кој го изгледав. Мене ми изгледа дека серијава нема да понуди ништо ново - приказната ми е многу слична на Fawlty Towers (или „Фаличен пансион“, како што беше преведена кај нас), серија од ’80-ите. А наснименото смеење, како и обавезниот стереотипен геј лик, ми се карактиристика на сите американски ситкоми од ’90-ите (кога самото тоа што некој е геј беше hilarious ). За жал на „Преспав“, сега сме 2016-та, и ваквата „комедија“ веќе не поминува кај гледачите. Од една страна, сакаме да направиме современа македонска серија, а од друга страна, користиме „позајмени“ елементи од странски ситкоми стари 20-30 години. Самиот овој факт одлично ја отсликува тажната состојба во која се наоѓа македонската кинематографија.
Не фатив многу од серијата, ама тоа што го видов ми се допадна, не беше лошо. Убаво беше да се види нешто македонско на ТВ, а да не се македонските народни приказни. За прва епизода од мене имаат добар 3 со тенденција за 5ка Имаат потенцијал, се надевам ќе го искористат
Тијана Дапчевиќ секако ми беше одвратна особа , сеа уште тука ми фалеше , а баш со нетрпение чекав да почне.. Не е нешто ваууу серијава, ама со оглед на тоа што нема ништо боље на тв, ок е
Мислам дека на крај памет не им биле Англичаните, и дека инспирација им е Цимер фрај што идеше на хрватската Нова пред 10 год. Ниту јас не ја гледам серијава, дојдов тука за Ескобар Значи не остана телевизија со организиран распоред на програмата. Телма исто вака прекина еден документарен серијал за Втората светска војна што го загледав, и неколку пати го репризираат некомплетен. Порано пренесуваа фудбал, тенис, сега ниту шпанска серија не прикажуваат до крај... Еsto es el colmo!
Аха, значи сакаш да кажеш не е дека касниме 30 години со светските трендови, туку само 10, ама со балканските? Наркос игра на thepiratebay по цел ден, секој ден.
Оваа некако пореална беше од Наркос, иако ефтина продукција. Од Наркос глумецот ми е симпатичен, не можам непристрасно да ја гледам. Добра си беше серијата и терминот. Многу се изнервирав што ја тргнаа од програма.
Баш им се англичаните на памет и тоа строго се водени од тоа сценарио... Ова од прва рака информација од продукцијата.
pred 2 dena ja barav Salon Harmoni na youtube. Gi ima epizodite. Kakva nostalgija me fati...neverojatno. Preubava serija... Me potsekja na topla nedelna vecer so semejstvoto...site pred televizor priceless