fala ti ama podobro kje e da gi stavi oficilajniot kanal na Prespav na youtube poshto nemozhe sekoj da bara vaka ...
најак дел од преспав ми беше кога Јелена се спрема за далечен пат(Америка) со некој момак за да стане позната,Коста понизно ја моли да остане,малава решителна му вели Не! а он со тажен поглед и вели: ДОБРО ЈЕЛЕНА,ИМА И ДРУГИ ДРАЧЕВЧАНКИ!
Знам дека Преспав беше голем и актуелен хит, сите ја гледаа и ја коментираа, јас бев скептична, си мислев нема ништо добро да излезе од Македонска продукција, ама сега се уверив дека сум била во голема заблуда. Случајно ми излезе некое видео со најдобрите сцени, и за една недела ги изгледав сите три сезони, и секоја наредна епизода ми беше уште подобра од претходната, со солзи се смеев. Најинтересни ликови ми се: Миле( ама да бидам искрена Владо многу подобро глумеше од Џамбазов) Игор Џ, ми е некако префорсиран и досаден. Коста- Типичен балкански маж, ама ептен ми беше интересен, на моменти дури жал ми беше што е папучар невиден Марио- Васил Зафирчев маестрално го долови ексцентричниот и манипулаторски лик на Марио. Јелена- Вечно ненаспана, мрзлива, секогаш има решение за секој хаос, во вечна потрага по маж, ме смееше до солзи Инспектор Томе- Корумпиран до срж, ама интересен човек и инспектор, раат немаа овие во пансионот од него ни 5 минути Ула- Вистинска Германка, ладна и остроумна, жал ми е што Коста го управуваше целосно, ама интересна и беше улогата, и говорот исто, и за чудо прв пат Тијана да не ми биде одвратна Тони- Амбициозен млад човек кој не сакаше да прави отстапки во работата, ама често ги правеше на крајот, јер сфати дека ова е Македонија и далеку сме од Европа Не сум го видела порано глумецот, ама добро ја изнесе улогата на Тони. И за крај фамозниот Талат- смешен беше и интересен, ама едно те исто вртеше во круг, ја нисам од овде, од Тетоо сум, не знајем ја Ептен ми беше исфорсиран некако Во секој случај од мене има 10+ серијава, знае ли некој кога и дали ќе почне четврта сезона???
Омилена серија.На почетоков кога гледав како ја гледа брат ми бев скептична ама отпосле многуу ми се допадна.Првата сезона ми беше малку досадна уште не беа вклопени сите во улогат но веќе во 2 и 3 сезона...Незнам зошто но многумина велат дека улогата на Миле подобро ја доловил Владо што знам мене пак Игор повеќе ми се допадна.Знам дека се снима четврта сезона ама кога ќе почнат да ја емитуваат ...
Ne e Prespav Telma nego e Prespav MRT !! Od Dekemvri Pocnuvaat !! eve gi na socijalnite mrezhi FACEBOOK : https://www.facebook.com/PansionPrespav/ INSTAGRAM : https://www.instagram.com/pansionprespav/
Ги има првите три епизоди Прво ги даваат на тв, па после тоа ги ставаат на youtube. Денес или утре ќе ја има и 4та епизода
Не сметам дека е вришти од квалитет серијава, главно поради фактот што ликовите се толку стереотипно напишани, што изгледаат ко излезени од лектира за трето одделение. Ама не ми пречи тоа воопшто, ја гледам редовно, дури можеби од инает на турските серии. Хуморот според мене е потпросечен, ама се наоѓа тук-там нешто интересно. Сепак, што се однесува до мене, мислам дека социолошкото влијание што го има овој тип серија е непроценливо. Најдобар начин да им се приближат некои идеи на луѓето е преку хумор, особено хумор кој повеќе прилега на конзервативна публика како нашава што е со години труена со турски серии. На пример Марио во основа има три карактери особини: геј, будист и не знае да готви. Тоа е сè, просто за да може да се свари. Секако поубаво би било да има длабочина, ама како за почеток сметам дека е доволно за масовната публика, ако ништо друго, да може да го прифати постоењето на геј личност. Фактот што врската на Тони и Марио е во позадина на дејството е совршен начин да се наметне како нешто сосем нормално, небитно и, како да кажам, not a big deal. А тоа е одлично, и така треба да биде. Талат исто така, е позитивен лик, миленик на публиката дури, а истовремено е Албанец, принидувајќи симпатија кај широката народна маса. Не велам дека тоа што Талат е фин ќе ги спречи сите меѓуетнички конфликти во државава, ама ако не друго, барем ќе ги намали тензиите и, уште поважно според мене, наместо нетрпеливост и омраза, кај младите ќе посее толеранција. Баш од тој аспект најмногу ја поддржувам серијата. На Први април видов слика од две мали деца облечени како Јелена и Талат. Тоа ептен ме израдува, знаејќи дека децата растат гледајќи позитивни претстави на маргинализираните луѓе во државава, на најпрост и најубав начин: dumb humor. А тоа ми се допаѓа многу. Нема ништо подобро од репрезентација луѓе. Едно дете што подоцна ќе треба да открие дека е геј многу полесно ќе стигне до тоа и ќе го прифати ако на телевизија види позитивна претстава за хомосексуалноста, и ако ги слушне зборовите ,,геј сум" на македонски. Многу значи. Многу значат и тие навидум небитни сцени како на пример кога Марио и Тони спиеја во ист шатор. Затоа секогаш ќе поддржувам што и да излезе барем малку прогресивно од македонска продукција, бидејќи ни требаат очајно вакви работи, нови, либерални. Зашто со македонски народни приказни се добиваат Милевци, а не Тоневци.
Што како со серијава уште колку епизоди има ми се чини дека крајот се ближе? Ќе има ли нова сезона? И да има сигурно уште една година цела ќе се чека.
Имам гледано две, три епизоди, чисто да видам што толку ја зборуваат, ја гледаат ама мене па не ми се допаѓа, не ми е интересна.
Пуштив сцени на јутуб да видам и ова што чудо е, можам да кажам дека од сите ликови, само Германката е смешна, за другите имам еден коментар - кринџ.