1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспав (Телма)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Jason123, 28 октомври 2016.

  1. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Единствена серија од Македонија која што е квалитетна. Единствено нешто што е добро од македонска продукција.
     
    На plava.90, Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Сите епизоди од јутјуб ги избришале...:|
     
    На Little_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.704
    Воопшто не ми се допаѓа, хумор потпросечен, ликови исто така. Можеби направи исечкор со оглед на тоа што немаме наши серии и филмови, ама неквалитетно, недоволно.
     
    На Just.do.it и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Да и јас баш вчера забележав
     
  5. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Стварно некому се смешни овие?
     
    На Traveler91, BlackMistery, Ljubova и 2 други им се допаѓа ова.
  6. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Да, некој што има подобар смисол за хумор од тебе!
     
  7. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓа серијата, а зошто се избришани од Јутуб ?
     
    На Little_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Зошто вреѓаш?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Мене ми е топ серија, баш е лабава и отсликува секојдневие во Мк. Единствено Џамбазов не можам да го поднесам и претходно Владо. Дали е до карактерот или нив двајца не знам ама затоа Талат и Томе знаат да ме насмеат од душа. Коста исто е :l:
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Се загледав вчера и сега сум со поделени мислења. Прво циркусов врие од македонштина со што многу верно го отсликува целово општество, но ваков политички некоректен хумор немам видено во серија :?: Си прават смешки со насилство над жени, со говорни мани, со хомосексуалци... а некој поназад напишал дека се надева на меѓународен успех :o или дека шоуво придонесува кон тоа хомосексуалноста да биде поприфатлива за просечниот македонски гледач :?: Можеби, но истовремено стимулира хомофобија. Да има баланс де. И што е со акцентот на Албанецот? До душе, вакви ликови ко што гледам во серијата се секојдневие во државата, колку и да се стереотипни, они се реалноста за жал. Инспекторот менталитетски е лика и прилика на охриѓанец иако тука глуми ресенчанец мислам, не е тоа битно од каде е, поентата е дека е корумпиран, алчен, и не ја врши работата правилно. Овој лик и она што го прави не е за смеење според мене пошто такви како него има со лопата да ги ринеш ирл и не е баш комично.

    Овие неколку "стереотипни" карактери ги претставуваат неколкуте калапи на луѓе кои се среќаваат во малата Мк.

    Не сум сигурна што оценка би и дала на серијата, можеби школски од 1-5, два на три. :?: Mожелe и полошо, затоа нема да ја хејтам.
     
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Можно е да имаат соработка со новата платформа глеј.мк, па морале да ги избришат од јутјуб. Иначе не би платиле луѓето да гледаат на глеј.мк.
     
  12. justonequestion

    justonequestion Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здравоо,дали можеби би знаеле кај можам да ги најдам сите сезони со сите епизоди пошо на јутуб ги нема?
     
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Пробај на ОХО апликацијата за мобилен.
     
  14. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е како толку сезони снимија, предосадна серија е.
     
    На Poyraz Karayel и Need for Speed им се допаѓа ова.
  15. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Мене ми е интересна серија и го отсликува нашиот менталитет (за жал) Многу пати се има покажано дека од нас не бива прогресивни граѓани (што се надевам дека не е така, и дека ќе се смени тоа за жал) Затоа и си отиде Натали, иако и неа малку и го расипаа ликот. Некои ја мразат, но јас ја сакам, оти иако е арогантна, барем е амбициозна девојка, за разлика од Јелена, која е тип на девојка чиј успех е да се омажи со богат маж и смета дека нејзината среќа зависи од маж. Ама барем си има свои принципи, не сака женети по никоја цена. Ула ми е легенда, ама сметам дека во рален живот во никој случај не би останала со Коста. Миле типичен балкански неандерталец.
    Се на се, не е толку лоша серија, интересна е, а сиот тој хумор на кој не знаеш дали да се смееш или да плачеш, е само слика на македонското општество (иако некаде е претерано)
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Многу ме нервира што секоја година снимаат само по 20 епизоди и истите ги даваат т.е развлекуваат од декември до јануари, дека нели тогаш има највеќе неработни денови.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Машки
    И нормално, нјадебела им е заработката од реклами :)
     
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Најисплатливо им е кога луѓето се дома тој период и гледаат тв.
     
  19. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Го гледав трејлерот за 6тата сезона. Малку чудна сезона ќе е
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Може не е за во темава ама имате топла препорака од мене да го посетите ресторан Лејк Вју во Отешево или т.н „Пансион Преспав“. Местото е тоа шо го даваат на почеток и измеѓу сцени, покрај езеро. Ова лето бев таму, и тоа да немав повод можеби никогаш немаше да го посетам. Рај.

    Серијата не е нешто посебно ама има некоја вистина дека го отсликува нашиот менталитет во покушај да се европеизира. Томе е екстра лик, другите ништо посебно, излитени шеги.