Почнав да ја гледам серијата на YouTube и ја тргнаа цела а стигнав до втора сезона. Дали некој знае каде би можела да продолжам да ја гледам?
Последнава сезона не вредеше на телевизија да ја гледаме, не пак да плаќаме апликации како glay.mk. Ептен, ама ептен утка им беше, колку да се снима нешто. За другите сезони поинакво мислење имам. Имаше и во нив тапа епизоди, ама во глобала мене ептен интересни ми беа, ги имам сите изгледано по 2-3 пати. И да, тогаш ги имаше на YouTube, сега за да соберат некоја пара од таа апликацијата, ги тргнаа сите. Глупости живи
300 денари месечно за на еден уред да можеш да гледаш. Според мене не сме ние ниту народ, ниту менталитет што ќе одвои 300 денари само за Преспав да гледа, нека си ги вратат епизодите на Јутуб повеќе прегледи ќе имаат.
Ги поставуваат новите епизоди на youtube, понекогаш ги гледам, ама се со лош квалитет, бидејќи се преснимани од Тв. И се согласувам дека оваа сезона е тапа, знаев уште по трејлерот.
Сум се обидела во неколку наврати да гледам по некоја епизода, но не само што не може да ми го задржи вниманието серијава, туку е толку одбивна, што се чудам како може на некој да му е интересна и смешна. Кој тип на луѓе се восхитуваат на таков „хумор"?
Дечки, актерката што почина, Катерина Крстева, ми беше омилен лик од детството. Прочитав во биографија дека една од последните улоги и била гостинка во Преспав (2016 година). Дали може некој да ми помогне да ја најдам конкретната епизода, би сакал да ја видам мојата Мара Попара.
Нема. И јас сакам да ја гледам ама овиде од преспав станаа алчни па сега мора да платиш за да гледаш...
Никаде ја нема за гледање онлајн изгледа... Да им стоеја уште на youtube епизодите повеќе гледаност ќе имаше.