2-3 дена на Преспа, доволно за полнење на батериите до лето. Во овој период на годината прекрасно е, прекрасно. За целосно опуштење и релаксација. Поглед на езеро, зелени долини и снежни врвови на Галичица, истовремено. Мирис на езеро и борова шума. Преспанска белвица во Стење за ручек и... Врвот е Коњско. Божја хубавина...доволно е. Е сега другата стана на приказната се оголените и запустени хотели на волшебни локации-сред природен рај личат на места за снимање на хорор филм. (а негде сред пустини прават рај) Шахти длабоки и по десетина метри, зинати, на секој чекор И ај да престанам, мака ме фаќа.
Оваа година одлучивме за малку поинаков одмор. Обично ова време од годината одиме на пиво фест па потоа продолжуваме за Охрид. Сега сакаме да продолжиме на преспанско езеро. Ама, неможам да најдам НИШТО на интернет. Ако може да ми помогне некој кој бил скоро кои плажи се убави, каква е водата, каде да најдам сместување (затоа што скоро сите огласи на интернет се стари) како се цените по кревет, дали може да најдеме сместување без да се најавиме претходно... и слично. Се надевам ке види некој деновиве затоа што ако се се испланира би требало во сабота да тргнеме. Однапред ви благодарам и со нетарпение ке чекам одговори !
Девојки има во Крани - Капри убави апартманчиња неззз цена само, напишете Капри Преспанско Езеро и ќе најдете нешто. Преубаво е, мир, спокој, уживање..... бисакала повторно да сум таму....
Дај кажете како е во претор? најубава плажа? сместување? сакам викендов да идам па ме интересира се затоа што до сеа немам идено. фала,фала,фалаааа <3
Дали некој бил во скоро време во Стење или Крани? Како се движат со цени, какво место е,плажата и ако има некој контакт за сместување би била благодарна
https://www.facebook.com/Автокамп-Крани-304197123073699/?ref=ts&fref=ts иако не верувам дека има уште слободни места преполно е годинава и преубаво
Плажите се многу добро средени сега, преубави се и Стење и Крани и Сливница. Цените не се високи, многу е поевтино од Охрид. И мислам дека баш секој би можел да си дозволи еден одмор во Преспа. Само секако треба навремено да се закажи бидејки капацитетот и не е многу голем. Има голем недостиг од хотели, мотели, вили, кампови и слично. Можам да ти најдам неколку луѓе кои можат да ти помогнат околу наоѓањето на место за престој. За тоа што поточно бараш, ограничувањата во цена, колкумина сте, кога планирате да одите, на колку време, возраста итн итн пиши ми во лп ќе се обидам да ти помогнам некако. Се најдобро
Бил ли некој во Автокампот Отешево? Какви се бунгаловите? Блиску е плажата? Има продавници у близина? Вака на сликите фино изгледа.
Мене многу повеќе ми се допаѓа Преспанско отколку Охридско..Потпола вода,помирно и таканатаму..Секоја година по 10тина пати одам на викенди и мислам декаа е преубаво..Оваа година пак одам
Ми треба сместување за Преспа за два дена, 3 и 4 август. Некој да не познава некој што издава, со нормални услови за спиење, бањање? Фала
Ајде да ја ре-активирам темата малку =) Знае ли некој да ми помогне за јавен превоз Скопје-Преспа има ли? На скопска автобуска нема инфо, некаков приватен превоз, комбе такси со редовна маршута, ениуан?!?!
Провери на следниве линкови. http://mktransport.mk/vozen-red/tt/bus/fsn/resen/tsn/skopje http://transkop.mk/ https://www.balkanviator.com/mk/vozen-red/skopje-mkd/stenje(prespa)-mkd/ или пиши на google Скопје-Ресен / Скопје-Претор се надевам дека малце ти помогнав ЕДИТ: Знам дека има линија Скопје - Ресен,али од ресен до претор ќе треба такси да фаќаш. За комбиња незнам дали има. Види и на бисер пром може имаат понуди некои за превоз