Ме потсети постов, и јас некако слично го имам доживеано преспанскиот крај некаде април-мај. Дента падна и некој убав пролетен дожд, не можам да опишам каков божествен мирис се ширеше. Зелена шума, снежни врвови, мир и тишина. Потценета локација со многу потенцијал за туризам. Националниот парк е многу поубав од оваа страна него од Охридската. Се надевам ќе заживее како што доликува. Не мора масовн туризам да се тера, ама барем онаа депресивна жичка што укажува дека му недостиа грижа на крајот, е таа да ја снема, доволно ќе биде. @HeidiDiWalt има автобуси до Ресен, не знам дали има директна линија или треба да смениш автобус во Битола. Од Ресен има комбиња што возат накај плажите од таа страна. Одамна беше кога одев последен пат со автобус, ама како и да е не би требало многу да е сменето.
Преспа и градот Ресен се многу поинакви од другите градови . Ресен мало местенце со неколку улички неколку продавнички место за кафе и прекрасен народ. Претор запуштено место од државата,али граѓаните се борат да остане живо. Цело мое детство до 8мо одд. секое лето бев во претор уште го памтам патот што беше наред со коцка,големите тополи,песочната плажа и кучето кое ме бркаше хехе Детското одмаралиште Мите Богоевски,многу напуштени кукички за престој,напуштениот хотел за мене сето тоа беше интересно.Се сеќавам имаше нешто како флиперница-компјутерница. Никогаш сето ова нема да го заборавам. После 7-8 години се враќам во тој дел поточно во Долно Дупени прв пат отидов али мало село со малце луѓе,убава мала плажа,селска кафана едно нешто што ми застана здивот што во ск не се дишеше заборавив како е да се осети воздух,али таму кога дојдов повторно се родив прекрасно..во посета на претор се беше изменето плажата каде што одев како дете беше со трски,бродот што го имаше сега нема трага од него али пак е убаво. Доколку сакате да одморите психички и физички отидете во Преспа прошетајте ги селата Брајчино и Љубојно има прекрасна шума и чист воздух. Сливница е мн убава плажа направена со кафич и нешто како дискотека знам. Доле сликите Едната е плажата во Долно дупени Другата е поглед кон Преспанското езеро во месец декември е сликано од село љубојно И другата мислам дека е од претор неможам да се сетам
Доколку имате предлог за сместување во Стење или Сливница, за семејство со 2 мали деца, ве молам пишете ми бројчиња, на време да си резервирам. По можност со своја бања, ако може и кујниче. Убаво лето!
Сакам во Преспа да шетнеме следен викенд, знае ли некој од вас кои хотели функционираат освен ''Лејк Вју'' бидејќи за условите што ги нудат ми се чини дека се скапи, нешто накај Претор или Сливница на пример, Стење не ми прави мерак, многу е голо, нема зеленило. Бунгаловите во автокампот Отешево на слика ги гледав вака ок се, ако бил некој нека каже искуство. Ајде ако има преспанчани на форумов, дајте малку помош овде Да напоменам, не сум за приватно сместување, тоа што најдов на нет не ми се допадна некако.
Крани е доста пензионерско место. Водата и плажата се супер, а хотелот работи одредено време. Продавница затуцана, штета, што да кажам. Среќа има журки на Сливница и за викенди идат помлади инаку седиш си одмараш и си гледаш само баби. Да ти остари духот
Кој е тој хотел во Крани, можеш да ми дадеш повеќе инфо ако знаеш те молам? Имаше на таа страна, Претор или Сливница ми се чини еден хотел со базенче, да не знаеш како се вика, да побарам телефон по интернетов? Фала однапред.
Да има таму хотел Капри, го пронајдов, ама нема ни слика ни ништо, се јавив и ок се цените, ама тој хотелот со базенчето да не знаеш како де вика, тој никако не ми излегува.
Не знам кој е тој хотел, не сум многу воодушевена од местово, не го истрамував толку и тешко дека ќе се вратам. На Сливница само на плажа и во ресторанчето сум била
Од цела преспа Во претор е убаво навечер да се седне во тие ланџ баровите плажата не е како што беше пред 15 год ,цело детство таму ми помина секоја година најубавите летни денови ... Али веќе не е тоа тоа Сливница е многу убаво направено и има убава песочна плажа прекрасно е За одмарање психа,мозок очи Д.Дупени место кое секој моменти ми недостига,место кое секогаш кога и да си одам од него солзи ми потекуваат. Мислам дека погоре членка пиша за сместување во Дупени има како мотел на самиот влез на д.дупени има како чатал по чаталот десно погоре уште неколку метри има смештај. Плажата е убава ,на плажата има како кафич за кафе сокче ,карти играње. Заборавив да кажам во Д.Дупени ја има најдобрата пекара со најубавите пецива А за лебот да не правиме муабет кој отишол се вратил со коментари дека лебот е урнебес најдобар ,посебно навечер 22часот до кај 00 се начекува топол леб изваден од фурна ....мммм
Лани бев на викенд во Крани, убаво е за релаксација ден два. За одмор повеќе од пет дена ќе скапеш од досада има само убаво ресторанче кај плажата.
Oсвен по некоја добро средена плажа и пустелија околу неа, не очекувајте ништо друго од преспа. Нит има што да се види, посети. Ако не ти се погоди времето, да не можеш да се бањаш и сончаш, ќе си пукнеш цел ден од досада јер друга активност не ни можеш да имаш. Малку повеќе треба да се работи на овој крај. Со една среден плажа сред пустелија ништо не праиме.
Штета што не се инвестира, недоволно е да се среди една плажа и да се развива туризам. Многу е монотонија, посебно за млади.
Се согласувам дека за млади не е Преспа, освен ако се друштво па меѓусебно да се забавуваат, плажа, ресторанче, карти, табла... тоа е забавата таму. Младите до одредена возраст не ги интересираат археолошки наоѓалишта и знаменитости, што ми е потполно сфатливо. Но ако некој сака журка, ене му го Охрид преполн е. Не се согласувам со Сесил дека нема што да се види и посети, сепак има. Прво најубавите села се во преспанскиот регион, Љубојно и Брајчино апсолутно вреди да се посетат. Автентични се преспанските села по тоа што повеќето од куќите се во градски стил правени, на пример селото Царев двор, не знам колку сте запознаени но тоа село порано во еден период било центарот на Преспа, било град уште пред Ресен како и дел од царската престолнина во времето на цар Самоил. Во времето на римското владеење низ преспанскиот регион поминувале три главни патишта меѓу кои најпознат е патот Виа Игнација, покрај кој се изградиле неколку населби а најпознатата била населбата Скиританија која подоцна прераснува во градот Ресен. Да се посети црквата св. Ѓорѓи во Курбиново, кое воедно е и населба од римско и доцноантичко време. Црквата датира од 12ти век, однадвор не изгледа велелепно но внатре има што да се види, одлично сочувани фрески кои датираат од 12ти и 16ти век. Исто така тука се пронајдени и гробови во кои пак е пронајден сребрен накит, обетки и прстени кои може да се видат во музејската збирка во градот Ресен. Потоа за оние кои се со авантуристички дух, посетете го островот Голем Град, има остатоци од цркви, од кои откриени се вкупно 6 од 12, црквата св.Петар е доста сочувана а може да се видат и остатоците од црквата св.Димитрија. Исто така на островот е откриена и ранохристијанска базилика од 5ти век од која има и остатоци од поден мозаик. Инаку како информација Преспа била седиште на архиепископот на афтокефалната македонска црква, кое што подоцна е пренесено во Охрид. Потоа за тие што не знаат, убаво е да се знае дека првата држава на македонските Словени е основана токму во преспанскиот регион. Во регионот постојат многубројни арехеолошки локалитети, за тие што сакаат да научат за историјата на овој регион. А тие што ќе си понесат пасоши можат и одблизу да ја доживеат приказната за царството на цар Самоил доколку ги посетат и малиот остров во големото езеро кој се наоѓа во Албанија и островот св.Ахил во малото езеро во Грција. Да не должам, само сакав да ве подбуцнам да прочитате повеќе за Преспа и нејзината историја, па се надевам некого ќе го заинтересира. Не би сакала во никој случај Преспа да стане Охрид, да се урбанизира до степен да го загуби духот и да исчезне недопрената природа, убава е таква каква е, може некое ресторанче, кафе, хотелче, две - три, но не повеќе. Друга работа, преспанското езеро има циклуси и не е постојано, што го прави непогодно за модерен туризам. Планинари, спортисти и уживачи во вистинската природа секако уживаат во таква Преспа, каква е денес. Јас не водам потекло од преспанскиот регион но Преспа ми е во срцето, читам и учам од мештаните за историјата на Преспа, таму го наоѓам вистинскиот мир и спокој. Љубов ми е Преспа.
Преспа ми е некако природна убавина, кога бев во Преспа имав чуство дека сум во 1990 година се вратив хахаха една продавничка постара, луѓе кои кампуваат не ги интересира луксуз, плажа, мал кафич. За млади е досадно ама ако сакаш да се одмореш е баш кул со друшто на кампување. Не ти треба алкохол и дј за забава.