Од аспект на културно-исторската вредност апсолутно се согласувам, коментиравме по однос на плажите, дека се’ уште не се доволно средени, фали некој кафич, пицерија, ресторан, некое детско катче, луна паркче, да има основна забава и за деца, и за возрасни. А, дека е прекрасен преспанскиот регион, никој не оспорува, се разбира дека си има своја посебна убавина, иако не ги имам шетано сите села, односно споменатите Љубојно и Брајчино и не можам да кажам ништо, низ Царев двор имам поминато, го имам посетено Претор, Отешево и Ресен, имам убави импресии, но сепак сметам дека треба да се инвестира таму.
Каква желба ми створи да ја посетам Преспа не си свесна. Од дете кога не водеа Асамати не сум била. Се надевам и јас ќе ја доживеам на начин како тебе
Глупаво е што нема вечерно време кај да се оде у 9 ке треба да си легнеш ако не си со друштво ако си со родители или со дечко...
и @Queen8 Точно дека нема не знам каков, да не речам никаков ноќен живот за млади, затоа и реков, кој сака ете го Охрид, кој за жал го упропастија со урбанизацијата, ноќен живот колку сакаш. Сепак во Ресен има по некој кафич, нешто како ноќна забава видов дека се прави во Стење, можеби и Претор или Сливница, ама за навечер баш не сум сигурна за таму. Ние лани со бебе бевме две недели и навечер одевме во Ресен, седевме до кај 24 - 01 по полноќ највеќе, тогаш не беше проблем заспан да го преместиме во кревет, сега е. Во Претор на плажата има супер ресторан бар со многу убава атмосфера и имаше народ, барем додека ние седевме таму на плажа до кај 20ч. Сливница има огромен ресторан а подолу на плажата и бар кои не знам како функционираат навечер, се надевам има нешто. Стење знам дека има ама мн лоша музика трешти. Едвај чекам кон крајот на месецов ќе одиме пак, ќе се распрашам што прават младите преспанчани навечер и ќе ви пишам, само знам дека честа ноќна дестинација им е Битола на многу.
Гледам на нет ми дава дека има превоз Скопје - Стење. Постои реално такво нешто? https://www.balkanviator.com/mk/vozen-red/skopje-mkd/stenje(prespa)-mkd/26.07.2019
@MamaMaca Конкретно сместување не знам да ти кажам, ама можам локација да ти препорачам. Плажата и езерото според мене најдобри се во Сливница. Поточно имаш две плажи, Connect Beach прекрасно уредена i Coca Beach мислам беше, има ресторанче и некоја лежалка, уредена е ама повеќе е за со сопствен "материјал" . Е сега во Сливница смештај директно на плажа нема, има горе во селото, ама можеш и во т.н. Претор, има доста вили таму и до Сливница се стигнува брзо пешки, по патеката, а Претор, како населба покрај езеро е доста по уредена, 3-4 ресторанчиња на плажа, некоја продавничка и така. Така да според мене најдобро е да се сместите во туристичката населба Претор. Значи не во селото Претор, туку во т.н. Претор, да не се збуните .
На Преспанско езеро секогаш ми е убаво. Добро е и за со фамилија а и со друштво сме биле и убаво си поминавме. Годинава бев на еден ден и искрено премногу ми е жал за водата што е разотидена и никој не превзема ништо во врска со тоа. Само што прочитав на нет била изгубена вода колку 2 Дојрански езера Не знам колку е вистина дека толку многу ама во секој случај има многу изгубена вода а и имаше еден период и петиција во врска со тоа
Сливница е супер, Отешево кај Черти Камен исто, Долно Дупени е најубава плажа, но за капење мене не ми е баш баш, иако многу се капат и таму.
Може препораки за сместување? Апартмани Галакси ги гледав, ама нема ништо слободно. Некое место кај што сте биле, погодно за деца?
ЈАс најдов бунгалов во КРани. Сакав неколку дена на таков викенд да појдиме, камперски, ама испадна сепак бунгалов - куќичка. По тоа што ги гледам по фб океј се. Со оглед дека барав бунгалови, за друг смештај не знам да ти кажам, освен дека и во отешево има куќарки, ама за периодот јас што барав (продолжениот викенд) ништо слободно.
Релакс види во Претор, Рива во Стење, Лејквју во Отешево или на Букинг/ АирБнБ. И на Кајак.мк види, ме да има нешто. За со деца најдобра е плажата во Сливница, другите се ок ама езерото внатре не е за пофалба, посебно не за со дете. И Крани евентуално. Сливница (Плажата Цоца е подобра), Наколец, Долно Дупени, Черти Камен и Коњско (за авантуристи повеќе)
Не е за мене, прашував за една колешка, Крани и фаќа око, па ќе се јави да праша дали има место. Фала @kikin @Ahoy.
Ај кажете ми добро место на Преспанско езеро за со мало дете во хотел. Ми фати око Lakeview hotel and resort, ако била некоја да ми каже впечатоци. Инаку, не сум била досега таму освен како ептен мала еднаш. Фала
Лејквју како хотел е супер, природата е предобра и целиот вајб, ама езерото за капење искрено не е. Ќе треба да одите барем до Черти Камен, на околу 2км од Лејквју. Хотели на Преспанско нема, освен Лејквју и можда Рива во Стење, што исто не е баш за капење таму. Јас би се сместил во апартмани во Претор или Сливница, каде има супер ресторанчиња за јадење
Да, за храната ми е најмногу затоа сакав во хотел, исто и интернетот ми е битен фактор зашто работиме со мм. Сливница ми е преубава на слики супер штом има ресторани. Фала
Имаш два таму, Конект и Цоца. На плажа се. Претор ми е поомилен по тоа прашање, е таму веќе без грешка се ресторанчињата, годинава има и нов мислам, таму не сум бил. Претор има 3 сигурно и уште 1 потенцијален. Ама ни Претор не е баш за капење