Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспанско езеро

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Isabel, 24 јули 2011.

  1. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Во каква состојба е Преспанско има ли некој информација? И може ли да се бања и плива?
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Во која смисла мислиш каква е состојбата?

    Иначе да, може да се бањаш.
     
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Во однос на тоа што се зборуваше дека водата е многу намалена и повлечена
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Тоа да, водата е повлечена, но не пречи во уживањето :)
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    21.986
    Пол:
    Женски
    Денес се вратив од претор.
    Во глобала сум разочарана.
    Се повлекло езерото и кренале раце, ништо не средуваат, се е обраснато и хаотично.

    А може со малце труд да биде многу убаво.
    Ние бевме во relax resort, ама искрено не ми се допадна. Скапо за тоа што го нудат а ни пешкири немаат ставено.
    Дупли кревет, плакарче, вц и мијалник со цедалка за садови со мало решо.

    Плажата со успокршени лежалки кои сами си ги зимаш и местиш исто и чадори.
    На плажата до нас кај што е пица ресторанот беше ок.

    Крани нема ни плажа ни ресторан, а толку беше убаво.
    Бевме и до отешево до lake view исто и таму, плажа нема.
    А стварно со малце труд може да биде преубаво.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Во неколку реченици кажа се' :(

    Претор е катастрофа, еколошка катастрофа. Крани не сакам да одам, знам дека ќе се разочарам ептен. Отешево е ептен фино на пролет и есен, за седење и кафе, ама е ептен скап Лејквју.

    Во Сливница бевте? Таму летово е супер, спрема другите плажи.
    Мене омилена ми е плажата во Долно Дупени, иако не е нешто ептен за капење.
    Наколец исто.
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    21.986
    Пол:
    Женски
    Не, вчера требаше ама заврна.
    Пријателите биле денес рекоа ок е, не нешо посебно ама немало тиња и тревки.
    Крани задње бев пред 6 години, и беше мн убаво, храна превкусна. Си реков конечно ќе го биде. Сега затворен ресторан, обраснато треви...
    Зошто?

    Иначе на малава моја пијавица и се закачи на ноџе.
    Душа, не се исплаши среќа, ама на таа плажа веќе во вода не влезе.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Преспанскиот крај со малку труд може да биде најголемиот туристичка бисер во Македонија, после Охрид. Преапанското езеро има прекрасни плажи, само треба да се средат. Поглед, природа, незаборавно доживување. Грција на пример, од секое камче имаат направено митолошки приказни (90% глупи). А ние ништо.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Некој да каже како е оваа година во Претор? Дали е чиста водата?
     
  10. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Ако може некој да стави и слики од Сливница, да видеме до каде е нивото на водата и дали е добро за капење.
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Не. Капење во Претор тешко, да не речам невозможно. Сливница може.
     
  12. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Планирам утре да одам натака, дај препорачај дали е ок за бањање со мало дете или да си барам друго чаре.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Во Претор дефинитивно не како што реков, Сливница ви е супер, можете. Исто ако ви се вози повеќе ја фалат и Наколец, ама годинава не сум бил за сигурно да кажам. Дупени исто би требало да е ок.

    Ама сепак, Сливница е најдобра за капење.
     
    На IChika и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Фала ти, уште предлог смештај ако имаш да да дадеш
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Смештај во Претор најдобро. Има продавница, ресторанчиња, во тој поглед е најразвиено. За сместување би ти ги препорачал Mayberry и Relax Apartments со сопствени базени и двата сместувачки капацитети, како и Galaxy Apartments коишто немаат базен, но сепак се сосема солидни. Сите ги има на Фејсбук, Мејбери и на Букинг, зашто е хотел.

    Исто на АирБнБ можеш да најдеш неколку вили што се издаваат меѓу Претор и Сливница, и тоа е супер локација, ама ќе бидат поскапи затоа што се издаваат како цели вили. Сите се коректни.

    Има и еден тукушто отворен сместувачки објект, со прекрасен поглед на езеро, меѓутоа за секаде ќе ви треба кола, настрана е. Вреди да го видите: Three Amigos Apartments во Штрбово, што пак и не е така лоша локација. Најблиската плажа од таму ќе ви биде Крани (3км.), додека пак Сливница ќе ви биде на околу 6км.
     
    На IChika, Tanjamm и ivanamackica им се допаѓа ова.
  16. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    3.512
    Пол:
    Женски
    Имаше еден ресторан со базени, Лугано ако не се лажам се викаше. Во каква состојба е знае некој? Препорака критика да даде..
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    До пред 2 - 3 недели не беше отворен, меѓутоа и кога беше (пролетта и лани), да бидам искрен, услугата не беше на завидно ниво.

    За најдобра услуга од срце ги препорачувам само и само Sunset Club Restaurant, а храната е супер и во Proper & More Pizza Restaurant. Мејбери освен за сместување, за ништо друго.
     
  18. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    3.512
    Пол:
    Женски
    @Ahoy си бил таму? Храната каква им е?
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Во Лугано? Последно кога бев пред неколку месеци немаше храна, само Нескафе и сок :D. Сега велам, затворено беше. И општо најчесто во Сансет и Пропер седнувам зашто се над сите. Ќе одам некој ден од понеделник и ќе пишам баш точно.
     
    На Tanjamm и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Ајде апдејт, Лугано не работи, @sino.o.oka . Базени сега има во Mayberry, но не знам дали може да се користат ако не си гостин на хотелот, туку само на ресторанот, кој не го препорачувам. Базените се големи инаку.

    Во Претор народ се капи, јас не би. Во прилог слики со опис. Сливница уште не сум бил, меѓутоа факт е дека е најпристојно и врие народ, е сега дека има тиња - има.

    Ова е делот пред Galaxy, Sunset Club & Restaurant (што е патем над патот, така што не претставува проблем) и Lugano. Катастрофа.

    20230709_133321.jpg

    Ова е веќе пред Proper & More Pizza Restaurant, луѓе се капат, плажата е океј, ама пак, според мене е лошо, вие проценете си сами.

    20230709_145242.jpg
    20230709_145253.jpg 20230709_145252.jpg

    Паркинг во Претор нема да ви е проблем ни во викенд, иако е преполно. Ова е на Пропер.

    20230709_145532.jpg