Преспанско езеро

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Isabel, 24 јули 2011.

  1. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Дали појдовме или се предомисливте?
    Ако сте таму, дали можиш да ми кажиш каде сте сместени, како се движат цените за смештај и каква е водата во Сливница.

    Пред 2 години бевме сместени во Крани и водата беше чиста, а плажа немаше, а сливница беше тиња водата. Незнам дали таков перидот погодивме ама буквално на тиња мирисавме.
     
  2. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Не бевме, за Дојран отидовме, друг пат натака.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Boni995

    Boni995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам каква е ситуацијата со Преспанското езеро, дали некој е бил во скоро време..Ме интересира дали е погодно за одмор со мало дете?
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.921
    Допаѓања:
    42.848
    Пол:
    Машки
    Единствено Сливница за капење, за друго е секаде супер. До душа вчера и во Претор се капеа мали деца, ама јас не би таму.
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Здраво,ме интересира дали бевте во Преспа? Да споделите искуство бидејќи и ние сакаме да одиме,исто сме со дете
     
  6. Boni995

    Boni995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Не бевме таму, отидовме во Струга.
     
  7. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    419
    Пол:
    Женски
    Да споделам искуство од Преспа годинава. Минатиов викенд бевме со сопругот, бевме сместени во Д. Дупени, во викендица на роднини. Селцето е многу симпатично - една продавница и една пекара (што работи навечер) и локалци и викендаши. Деца си се собираат на сретсело, дедовци играат карти пред продавничето, секоја вечер прошетка до пекара - милина. Дали има сместување таму што може да се резервира - не знам.

    Блиску до Дупени се селата Љубојно и Брајчино, таму има и ресторанчиња. Во Љубојно лани редовно јадевме во ресторанчето на сретсело што е (веднаш до продавничката) и имаат топ уштипци :mm:

    Оваа година, така се погоди, да ручаме на 2 пати во Ресен - во Две лири (модерно мени, топ месо и риба и едно интересно мезе што го препорачувам - панирани пиперки во кајмак:inlove:) и Стар сокак (најголемата плескавица што сум ја видела во животов за околу 250 денари, ОК кафана, ништо посебно) .

    Е сега езеро и плажа - поучени од лани, не лутавме по плажи туку директ Сливница, на Цоца бич ;);)
    Две лежали и чадор 250 денари, во близина ресторанче со фрижидери за сладолед, немам јадено не знам каква е храната. Езерото е многу повлечено и плитко, одиш доста да стигнеш до стомак, па пак ти е до колена и така. Исто така многу тиња и муљ низ кои мора да се помине за да се стигне до „длабокото“. Во длабокот пак е супер, чиста и мирна вода за уживање. Генерално, чиста плажа, фино за да се поминат неколку дена баш на одмор - одмор. На плажата немаше гужва, а има дел и за пешкири/сопствени лежалки.

    Сѐ на сѐ, Преспа има некоја смирувачка и едноставна убавина. Секогаш кога се враќам од таму сум смирена.

    Ни се погоди додека сме таму с. Брајчино да слави селска слава - св. Петка, па една вечер отидовме и на сеопштата прослава со народно, орце, роштиљи...
     
    На 24.07 и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Штета што не е активна темава во ек на летни одмори.

    Сакаме да смениме малку,некако ни се здосади само охрид/струга. Какви се плажите на преспанско за со деца? Водата исто, топла ли е или ладна? Од сеќавања што ми останале пред 15 год во јуни месец бев од факс на пракса водата немаше шанси да ја пробаме општо цело врме бевме по долги, дукс и тренерки, студено ептен што не е вообилаено за лето. Ни купаќи ни фустани облековме џабе што носевме
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Многу била убава водата и топла за со деца,песочни се плажите таму. А и водата е надојдена и било супер,мои блиски со детенце 3 години скоро секој викенд се таму на плажа па така знам :)
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    11.068
    Пол:
    Машки
    Топла им е водата, но последно време се случува Плима и Осека на езерото и заматување, но сезонава викаат дека е посредено езерото.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.921
    Допаѓања:
    42.848
    Пол:
    Машки
    Годинава е супер, езерото претходните месеци надојде и одма е подруго во однос на претходниве години.

    Водата е топла, сигурно некои ~26 степени, од Охридско е секогаш потопла. Сите плажи се со ситен, мек песок, и во езерото внатре. Годинава шемата е во Крани и Претор, во Претор додуша се влегува преку платформа и натаму е многу убаво и плитко, а во Крани си е со нормален влез. Единствено што е мноогу плитко, некои 300-400м да изодиш за да биде до стомак водата :D Како и да е, за со деца е измислено.

    Сливница исто е океј, годинава работи само едниот ресторан/бич бар таму, не сум бил, ама има луѓе секогаш, иако најмногу годинава во Крани и Претор. Наколец и Долно Дупени не знам каки се годинава.

    Од другата страна годинава ептен се популаризираше Коњско, сигурно ви има излезено по Инстаграм плажата со школки и тиркизно чисто езеро. Тоа е Коњско. Многу е убаво и мирно само што има некои километар со неасфалтиран пат, треба да се вози повнимателно. Нема ништо, само плажа, езеро, вие и по некои кампери. Секако е тука Стење со продавница и ресторан, а и Отешево кое е преубаво за кафе/јадење, но со повисоки цени.

    Цените во Крани и Претор се сосема океј и пристојни. Во Крани има бич бар на самата плажа и ресторан одма над плажата. Во Претор е поразвиено, работат 4 (или 5) ресторани од кои едниот е и со лежалки за плажа, два други имаат базени, едниот на самата плажа со поглед кон езеро.
     
    На Aleks.mar, st-el, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    4.173
    Пол:
    Женски
    Опширно опишал ahoy
    Крани некако најубаво ми беше ама на која и да одиш @Aleks.mar носи си барем чадор ако не и лежалки бидејќи тешко се фаќа место.
    Од страна на Отешево не отидов бидејќи немав ни чадор ни лежалки па морав наваму кај што има локали.
    Крани е најсредено и најблиску водата до шанк ,има навечер количиња чукачки и вртелешка работи и ресторанот горе. Цените на плажа се ок. Има и маркет.
    Водата е мноогу потопла од Охрид.
    За навечер мораш да имаш и долги :)
    Претор има поголем капацитет ама за жал само пред еден локал е средена плажата... и тоа и таму од локалот до езерото има доста оддалеченост не можеш пример во локал да седиш и да ги гледаш децата во вода тоа само во Крани можеш.
    Тие два што се со базени пред нив плажата е треви...
    Дупени исто далеку е водата од локалот.
    Претор нема маркет.
     
    На Aleks.mar и Ahoy им се допаѓа ова.