Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. ivanceto1984

    ivanceto1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Гледам нема ваква тема ,а моментално сум јас во ваков процес ,па си реков да видам какво искуство имале и другите мајки на форумов.Јас пред два дена предтанав да и давам на ќеркичката да цица ,ама многу ми е тешко ;( .многу сум поврзана со неа,ама мислам дека доста беше.17 месеци успешно доење,ама доста е.голема е веке.Дури почна да си го барат "кикето".УФ а за градиве да не прам муабет,како боли......морав да почнам да пијам апчиња :( :( .
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Мојот син престана да цица на 8 - 8,5 месечна возраст, веќе имаше 4 запчиња и наместо да цица ме гризаше и се смееше, повеќе му беше играчка наместо извор на храна, па така постепено се одби. Немавме проблеми при одбивањето, не бараше, не плачеше да цица, јас немав потреба од земање на лекови, постепено ми се намали количината на млеко, по одреден период некаде 5-6 месеци по одбивањето при туширање кога ќе ги стиснев градите уште потекуваше капка млеко, сега после 13 месеци како не цица немам веќе млеко.
     
  3. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    87
    Син ми е 11,5 месеци и сеуште цица.Многу сме поврзани и незнам кога ке го одбијам ке ни биде многу тешко и на двајцата.Што мислите која е идеалната возраст за да се одбие детето од цицање?
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.786
    Мислам дека околу една година е идеално време. Тогаш веќе на детето му е доволно цицање, а подоцна и многу повеќе се привзува и потешко се одбива.

    Јас двете ги одбив на таа возраст. Едното само се одби, полека престануваше, се помалку цицаше.
    И со другото не беше страшно, немав проблеми посериозни, само него морав да му мислам кога му давам, кога не, и по колку, за да може да го одбијам во планираното време. Се сеќавам дека пред да наполни година морав да одам на пат 2-3 дена, и мислев дека веќе нема да сака. Се утепав од одмолзување, ама џабе, како млекара бев :D . Кога се вратив, ми се нафрли како да сум го оставила без храна :D . После 2-3 недели успеав да го одбијам. На крај цицаше сабајле, кога ќе се вратам од работа, и навечер. Сабајле почнав да му бегам пред да се разбуди, кога ќе се вратам беше најтешко, ама многу сакаше да јаде благо, па тогаш го залажував со чоколадо (мислам, меѓу чоколадо и млеко и јас не би се мислела многу :D ) а навечер цицаше најдолго, и на крај едноставно престанав да му давам. Се бунеше, ама тоа е :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    607
    Пол:
    Женски
    Леле и јас имам сличен проблем. Јас немам млеко ама се лаже со градата. На никој друг начин не сака да заспие освен на цицка. Ве молам помогнете ми дајте ми совет како да ја одбијам.
     
  6. cuculce1984

    cuculce1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пред 10 дена мојата ќеркичка (која инаку има 15 месеци и постојано кога бев дома цицаше, не ме оставаше раат да седам) кога ја понудив да цица за заспивање ми рече "нејке" и од тогаш нема побарано да цица ниту пак јас сум и понудила бидејќи и онака сакав да ја одбивам. Само уште млеково да го сопрам :worried: Кога престана да цица цела недела немав многу млеко а еве вчера ми надојде мислам дека градиве ќе ми пукнат. Незнам што да правам, не сакам да пијам бромергон ама изгледа ќе немам друг избор :(
     
  7. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    цуцулЧе 1984 никако бромергон имаат нус ефекти немој ниту скроз да се измолзуваш, туку само по 2-3 млаза колку да се намали напнатоста. За неколку дена се ке биде во ред. Позз пиши како ке биде.
     
  8. Thumbelina

    Thumbelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите!
    На почетокќе ве замолам да не ме критикувате, зашто занм претерав! Ако имате совет во ред, ако не игнорирајте го мојов пост.

    Ќерка ми има 2 години и 5 месеци и сеуште цица, до пред некое време имав доволно млеко ама сега се намали и знам дека само се лажеме, ама неможам да се одлучам да ја одбијам. Отсекогаш помалку јадела и си зацртав дека ќе ја дојам подолго, а откако се роди неразделна е од цицето. Мислев дека постепено сама ќе намали ама напротив сега почесто бара. Почна да ме иритира нејзиното влечење, па јас се нервирам , не и давам често, таа се нервира и бара. Ноќе се буди и вели Мамо сакам цице, ќе ми дадеш?, само малку и ќе се тргнам. можете да одолеете на ваква молба???? Планирам за распустов, инаку работам во образование, па мислев тогаш ќе бидам дома, ќе спремам јадења и ќе шетаме, па нема да бара, ама проблем ми е ноќе, никогаш не цуцала цуцла, туку од мала пие од чаша, што ноќе, а се буди???? незнам што да правам, ме плаши одбиванњето, како таа ќе прифати, како да се одлучам на тој чекор?
    Ми викаат намачкај се со сенф, ама итра е ќе ми рече да се измијам.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Веќе е големка и разбира...кажи и дека нема веќе млеко, дека те боли, стави фластер и речи дека докторот така ти рекол, дека е срамота, дека ќе и се смеат другарчињата, или намачкај ја брадавицата на пр. со зејтин , со сол и речи и дека таква е сега зошто нема млеко....тоа ми текнува во моментов...
     
  10. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    100
    Мојата срцушка цицаше до 17 месеци ,на мене ми стана иритантно целото тоа влечење по што ноќе последниот месец ми се будеше и по 10-15 патипа затоа применив малку подрастичен метод( зошто што и да поробав пред тоа таа не се откажуваше,просто гребеше по мене за цицање)земав свежа лута пиперка и ја протрлав на брадавицата малата проба да цица се ољуте и толку не проба повторно ми беше жал :( ама и јас си го добив :$ скоро цел ден ме пецкаше ама пројде ,важно се откачивме од цицањето.
     
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Доењето не е само здраво за мајката и детето, но има и огромна емоционална улога во нивните животи.Мајката се чувствува среќна што се грижи за детето и ужива во своите прекрасни моменти со малото. За детето овие моменти се уживање не само затоа што се храни, но и затоа што чувствува физичка близина на својата мајка, од која е зависно. Тоа кога ќе престанете доењето е прашање на личен избор.Некои жени сакаат тоа да се случи уште во првите месеци, за да вратат независноста побрзо. Други се увличат и продолжуваат да дојат своето дете до подоцна возраст.Препорачан момент, ако немате специјална лекарска препорака е да престанете да доите непосредно пред детето да наполни година.Според други експерти по шестиот месец е сосема нормално да отбием детето.
    Првично започнете скратување на должината на времето во кое доите детето. Така ќе се навикнеш на намалување прием на млеко.Потоа треба да се намали бројот на доење. Најдобро е да прескокнувате некои од часовите во кои сте навикнати да доите,да ги намалите на 2 пати на ден.Прво прекинете дневните дози - на пример овие по будењето од сон или во текот на денот. Во овие моменти вниманието на детето може да биде насочено на друго место полесно и тоа да заборави дека сака да цица. Малку по малку се обидете да бидете само на вечерно доење, како другите ги замените со прилагодена или кисело млеко, кое детето да прима од шишенце. Децата најтешко отвикват токму од цицање, што е пред да заспијат.Ако го држите вашето дете да прима млеко, на почетокот може да изцеждате и да му давате.Така то пак ќе се навикне да не сучи и ќе се храни со мајчиното млеко. Но, тоа е добро да е краток период, бидејќи одбивањето е важно и за вас, не само за детето. Со намалувањето на доењето, мајчиното млеко малку по малку треба да почне да запира. Кај некои жени тој процес се усложнува и затоа е потребно внесување на лекови кои ќе престанат мајчиното млеко.Кога конечно престанете да доите може да има период во кој детето е нервозно, плаче често и се обидува да цица.Може да спие нервозно, да се буди почесто од обично.За време на целосното отбиване од доењето треба да се подготвени и мајката, и детето.Ако изберете периодот правилно и го направите бавно, нема да имате скоро никакви проблеми со малечкото и вие ќе се чувствувате опуштено и исполниле правилно мисијата да доите.
     
    На Espadrila и heart.stealer им се допаѓа ова.
  12. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    10
    Здраво сакам да прашам бидејќи веке извесен период имам проблем, ќерка ми е веке 15 месеци, цицаше до 4 месец бидејќи немав доволно млеко, потоа кога пробував на градата не ми течеше млеко, отпосле некое време почна да ми тече отидов на доктор ми дадоа Бромергон ги пиев не ми помина, ми дадоа сега едни други незнам како се викат една таблетка која е многу многу мала е 420 денари и таблетката ја пијам пола во понеделник а другата во петок и така треба неколку недели, незнам веќе што да правам страв ме фајќа некој совет ако може ве молааам?
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас кога престанав со доење на моето дете уште еден месец имав млеко и ми препишаа бромергон кој го пиев околу 20тина дена ,но јас пред да останам бремена и за време на бременоста имав висок пролактин и предпоставка беше дека од него не ми престанува млекото.Можеби треба да го провериш пролактинот ???
     
  14. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    10
    Ајде ке видиме сега со овие,па ке одам на контрола. А како ти престана?
     
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Од апчињата ми престана
     
  16. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Јас незнам што да правам како да ја одбијам. Значи ќерка ми има 13 месеци и сакам да ја одбијам ама некако ми е страв да не плаче да не бара пак да цица а имам слушнато дека не било убаво да се продолжува со доење кога веќе си прекратил. така да ве молам кажете некој ефикасен метод :| :| :|
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.848
    Допаѓања:
    75.850
    Пол:
    Женски
    Прекин на доењето

    Ух јас имам проблем што незнам кога би можело да се реши. Ќерка ми беше едно бебе што се смееше по цел ден си играше итн.. а сега од кога не ја дојам ( заради антибиотикот што го земам) стана плачлива , незаинтересирана за ништо , цело време спие. Ја однесовме на лекар ни рече дека има психолошки проблем заради тоа што не дои. :( Еве денес е подобра некако ама пак.. ни рече ако не и помине до викендов во понеделник да ја однесеме пак да и направат крвна слика. :( Не очекував дека до толку ке жали за цицање. Сте имале ли ваков проблем и кога ке помине? Инаку веќе не ја заспивам со градата во уста ниту со цуцла лажливка бидејки тоа ке ми биде дополнителен проблем кога сосема ке прекине млекото.
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Прекин на доењето

    Јас делумно го одбив мојот син од цицање, поради тоа што наскоро ќе тргнам на работа. Почнав полека да го намалувам доењето(прво намалив на 3 пати во денот). По 2-3 недели го исфрлив и денското цицање, сега цица само навечер и наутро. Понекогаш се обидувам да прескокнам доење наутро, но ретко кога не си бара цице :) А да му дадам постојано да лежи и се лигави на градата-нема да одбие. Мм го вика цицкар :lol:

    Е сега, не знам ти како си ја одвикнала, дали постепено или веднаш си прекинала со доењето. Вака ми изгледа дека наеднаш си прекинала да ја доеш (поради здравствени причини), па затоа сега се појавила таква голема психолошка промена кај малата.
    Да пробаш постојано да ја занимаваш со нови работи? Нови игри, песни, играчки? Да ја залажуваш некако да не мисли на цицањето?
    Се надевам бргу ќе помине тоа.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.848
    Допаѓања:
    75.850
    Пол:
    Женски
    Прекин на доењето

    да ја одбив оддеднаш. и мене тоа ми го рече докторкава дека ако ја одбидев полека полека ке немаше вака да биде. ама еве денес е подобра , нешто почна да брбори пак, мислам се врака во нормала. од толку плачење гласот и е засипнат , душичка :(
     
  20. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Прекин на доењето

    Со цуцлата лажливка сигурно нема да ти биде проблем. Мартин прекина да дои, малку след като воведов кашички во исхраната-6 месец. Прекина сам, без проблем. Цуцлата залагалка дури може да помогне кај тебе. Цицањето го смирува. Бебињата сонвет најчесто, дека цицат од градата на мајката. Кога случајно се разбуда на вечер Мартин, давам му цуцлата и одма затвара очи. Ми се чини, дека токму за цуцлата плаче. Затоа се вика залагалка. Да го залажи дека е брадавицата на мајчината града. Нема ништо по убо од мајчиното млеко. Тоа е природен антибјотик за детето. Имунитета е по силен. Јас исто бев болна, кога тој имаше 3-4 месеци, но одбив антибјотици и секакви други лекови, за да го дојам. Незнам каков е твојот проблем, со помин да ти е. Но одма штом прекинеш со лековите, почни пак да си го доиш. Мајчиното млеко е најхранливо и незаменливо, јако јаде и кашички.
    Мислам, тоа е твоја одлука :*