Само храбро мајка.И моите беа цицаци ипол , само мора да се решиш ти.Ќе поплака малку ама ќе заборави. Ќе збориш дека е голем и дека ќе му се смеат децата, цицињата се само за бебе итн.Нема некој што не е одбиен така да реши се и ќе успееш.
Браво мами, ќе ти мине тагата за брзо Ќе почнам и јас, денес ќе го рачунам за прв ден, нема цицано од сабајле од 3, т.е синоќа.. или како и да е Јас со ова бебе имав многу ама многу мака со доењето на почетокот, ми се откина 70% од брадавицата и висеше буквално, едвај ја излечив ама не дадов адаптирано туку си ја доев. Мерак од бебе е ова второто, ама почнав цигари да палам пак, електрична е додуше без катран ама пак.. ме јаде совеста. Сеа настината е па неќе да цица и се затнува носето, и ќе искористам прилика право да ви кажам. Ако не бива ќе одложам за понатака,ама ќе пробам @MilaSs12 Многу добро те разбирам. Устата пена ми фати дека е голема и дека цице е за бебиња, ем муабет ем лепење со фластери ем оставање кај баба на спиење, и на крај пресеков и толку беше. Еве 4 ќе полни па ќе дојде ќе ме лижне,ќе ме погали,ќе рече сакам да цицам..
@Chanell* Ќе ја одвикнуваш од доење?После ќе и даваш некакво млеко? И јас сакам, веќе немам сили ниту воља искрено. Кичмата ме заебава, цела сум укочена од лошо спиење.. Доста е веќе
Па не, не прифати шише и не знае да пие од него па немам како да и дадам. Ама јаде количински убаво па мислам нема потреба од млеко ноќно време.. Сакам да ја одвикнам,за почеток да пробам само многу ми е напорно тоа ноќе станување за доење и дремење на цицка со саати
Исто а за секнување на млеко како? Со првото дете само ми снема, а сега планирам на краток одмор а неа да ја оставам дома, но ми е страв мастит да не фатам
Немам нешто многу мислам, со првата ќерка држев завои на градите два-три дена и одмолзував многу малку под туш за да ми олесни па ваљда и сега вака. Не знам како ќе се понаша она вечер, денес воопшто нема побарано да цица..
Јас сум луда, читам и си плачам....браво на храброста и браво за мама и јас исти дојам две и тоа тандемски..
Јас го одбив од ноќни подои, имаше 10 месеци вадеше заби и ми се будеше на саат и пол- излудев. А денски сеуште дои, има скоро година и 6месеци. Јас имав среќа пројдов добро, он заспиваше 20.30, почнав во 19ч да му давам вечера, и во 20ч му правев 120мл млеко или 150мл и кога ќе го испиеше го тапкав бидејќи цуцла никогаш не користел. Воопшто не плачеше затоа што заспиваше пиејќи млеко а и вечераше брзо па беше сит. Ми се будеше во 2ч и во 5ч. Во 2ч ми беше жал да го лажам со чај па само го тапкав да презаспие сепак сметав дека тоа будење му е навика, а во 5ч му давав 90мл АД. И се будеше во 8ч. До година и 2 месеци така после сам престана да се буди. Пробај таква шема со вечера и АД секако по твое време според тоа кога заспива, мене ми беше 100% успешна.
ах бе мајка и јас плакав многу кога ја одбив првата.Ми беше криво дека брзу ме заборави.Сега со второто само тагувам ама не плачам. Сега ќе се почастам со винце после 2 години, без алкохол .
@Ava.84 како се успивате сега? Јас се спремам полека дневните подои да ги тргнам, цица само 2 пати на ден, па после ќе му ја мислам за ноќните. Ако му ги тргнам дневните, не треба плус АД млеко да давам, така? Има три оброка + 1 ужинка, обично ручекот и вечерата си ги јаде цели, а од доручекот и ужинката многу малку јаде.
Леле мила што да ти кажам.Навечер заспива со галење ретко сака нишање.Денски сака нишање ама не легната исправена.Заспива брзу ама пак спие 1ч.Инаку навечер кога ми се буди и давам ад.Се буди на 3ч и не сака без млекце да продолжи. Денски ако не сака да заспие пак и давам ад.Млекото ја потсеќа на спиење.Мојата има 3 со 2ужинки0 ама по цел ден нешто јаде ,ама малку количински. Полека крати подои за да ти се навикнат градите. Инаку денес ни е 3ти ден.Вчера имав грутки па со туширање и масажа ги снема.Утрово се разбуди и бараше цице ми ја теглеше блузата.Вчера ме виде на мајца и почна да вика да да така викаше кога ќе и го дадам цицето.Јас ја игнорирам ,ќе свикне за некој ден.
До пред 2 месеци некој да ми кажеше дека ќе заврши нашата доенечка приказна на 15 месеци, немаше да му поверувам. Мислев дека ќе биде со плачки, мачкање со сенф и мамење со нешто друго, ама не. Постепено сама се одбиваше и веќе месец и пол бевме само на еден подој, наутро. Сама си бараше и не ѝ скратував. Пред 3 дена брзав да излезам од дома кога се разбуди и не ѝ дадов. Се замами со баба ѝ која дојде да ја чува и не плачеше. Вториот ден ме потегна еднаш за блузата ама ја гушнав и ме гушна и она и не побара веќе. Утрово, трет ден, ме гушкаше сабајле што до сега не се случувало, и не побара веќе. Се пресоблакав пред неа, ме виде гола, ми се изнасмеа и не побара. Ја земав во раце и се гушкавме и така си се изнаплакав, иако веќе бев психички спремна дека се гледа крајот, а и ме гризеше во последно и ми беше и непријатно. Си се сетив кога во скоковите во 3 и 4 месец не сакаше за жива глава да цица, цицаше само заспана, па се молевме да издржи некако барем до 6 месеци. Издржавме 15. Точно 15 месеци и 1 ден. И сега солзи ми надоаѓаат како го пишувам ова. Бебето ми порасна, девојче е веќе Извинете на долгиов и емотивен пост, морав некаде да си ги искажам скриените емоции. Пробав да ги стиснам градите, меки се, ни капка не потече. Се надевам дека ако ми даде Бог уште едно дете, ќе го дојам барем минимум волку.
20 месеци сме, си сака и бара "не не" пред заспивање или кога ќе се разбуди во утринските часови. Некогаш знае доста време да виси на града, цица, прекинува па пак цица по малку и така во круг. Знам дека за неа цице е повеќе од млеко но јас почувам да го чувствувам тоа веќе како терет. Мислам дека е веќе време за крај но со самата помисла на одбивање и плачките што ќе следат јас имам чувство на вина...
Мамички здраво , дали има некоја која дои и е бремена ? Каков совет ви дале педијатрите/гинеколозите да продолжете со доење или да прекинете ? Мојот педијатар ме советуваше полека да го одбивам , инаку имам 10 месечно бебе , а јас сум на почеток од бременост , не од причина дека е штетно туку дека резервите на мајката многу повеќе се исцрпувале .Си цицкаме само на сабалје, навечер и ноќни подои . Инаку и самата помисла на одбивање ме растажува премногу кога ве читам ди плачам …
Да, така е, бебето ми беше 4 месеци кога дознав дека сум бремена. Не сум осеќала потреба да се консултирам со педијатар, гинеколог ми рече да прекинам најбрзо можно т.е 2ца гинеколози. Јас не можев да го одбијам, мислев ќе се смени млекото и сам нема да сака но ништо од тоа. Со болки го доев и отидов на пород. И кога се створи колострум и тоа го цицаше и немаше никаква реакција. Воопшто не ми се намали млеко, уште ги дојдам и двајцата година и пол и 5 месеци е бебе. Дури имав проблем со превише млеко...а ништо немам пиено за млеко ни па нешто екстра течности. Тоа е толку природно и убаво, самото тело знае што прави и треба да му веруваш. Еве сум ао двајцата, едно сликиче за мотивација
2 г и 7 м ама уште 10тина дена ке е 8 м. Што ке се прави, како ке се прави немам памет. Само за заспивање бара ама нема шанси без тоа. Сега е во период во огромен напредок во говорот, па се случува и ноќе да бара титема, да потврди дека сум до него.