Уф не сум била сама Кај мене не заспива цицајќи ама преку ден си бара,знае во сон да си побара исто.За зборување си зборува супер ,се срами пред други па ме носи во друга соба за рака Јас уште не сум ни пробувала со одбивање,ама доста е веќе.Ме фаќа и мене паника ,со големи деца сите со потешкотии поминале при одбивање . Имаш идеиДа пробам со сенф
Потешко ти е тебе не на детето Чим е на таа возраст ќе му зборуваш какано е, болно е, никој од другарчињата не цица, пробај и со сенф да му се згади или кармин нешто црвено намачкај …
во тек ми е разгледување на коментари на темава. Не знам имало да го одвикнам од цицање сериозно. Цица кога заспива а кога сум на работа си заспива без проблем и без цицање
Малава е 2 год.и 2 месеци. Сакав да почекам барем додека и излезат петките ама по цел ден и ноќ цицанапорно е веќе. Тешко ќе биде одвикнувањето.
Незнам како ќе се одвикнеме од цицање.. Кога не е во градинка за заспивање дома мора да цица, ама она спие и уште држи.. пробувам да се тргнам, ќе осети и одма почнува да влече. И додека спие и јас врзана за неа. Башка како што е цел ден дома, на секое доаѓа да цицне па се лути ако не давам. Навачер се буди, али веќе се навикнав да спијам она додека цица 21месец има, немам памет што да правам..
ќерками е веќе две години.цицаше една година. од како ја одбив млекото ми се намали не ми секна наеднаш и еве веќе една година ако ги стиснам градите уште капе некоја жолтеникава течност не е млеко а ако продолжам да се одмолзувам мислам ќе ми се врати млекото пак. ова со стискањево го имам два три пати пробано од како престана да цица од мисла дали ми е секнато млекото . ми е чудно дали така треба да биде нели не треба ништо да тече од градите ? сепак една година помина како не дојам веќе.
Заврши и мојот доенечки стаж од 21 месец. Многу стресно и со плачки, ама доволно беше. Синче беше многу страсен цицач. Но, веќе со месеци се доевме само за заспивање и презаспивање. Со ноќните подои беше лудило минатава недела, затоа што пробав да ги скратам еден по еден, за да завршиме со последно доење на 28.03.2022, негде околу 2 по полноќ. Датумов го запишувам за да си се навратам некогаш и носталгично да си поплачам. Му дадов и ми се разбуди за неполни 5мин. а обично се зацврстува. Тука сфатив дека веќе нема поента и доста е. Сега се заспиваме со читање приказни, песнички и нишкање. Има многу негодување, меѓутоа се надевам дека со текот на времето ќе се навикне и подобри. Имам пречувствително дете, ќе биде напорно заспивањево, ама навистина сметам дека доволно доев. Веќе долг период ми влијае и здравствено, а и доењето од почеток ми почна со пред-маститис состојба, па затоа сега ќе пијам Бромергон за прекинување на млекото, по препорака на гинеколог. Без соодветна терапија млекото ќе биде присутно со години, па можеби е најдобро на овој начин да ставам крај. Ми паѓа жал ептен, на моменти си велам зошто не продолжив уште малку барем до вториот роденден, можеби ќе се одбиеше сам, ама искрено не ми изгледаше така, можам да речам дека ќе беше невозможно. Камо да знаев дека ќе беше последен пат па да поуживам гледајќи го како цица, а не полу-заспана, да не знам каде се наоѓам. Сепак благодарна сум што толкав период уживав во тој посебен момент со него. Кога се породив не можев да дојам три дена и бев загрижена дали воопшто ќе можам да го дојам, бидејќи и куп работи ми се случуваа во позадина кои ми влијаеа негативно на психолошката состојба. Меѓутоа, сето ова беше една преубава успешна приказна, полна со емоции, која ќе остане како еден убав спомен на соединување со моето единствено .
Мислењето ми е старо од пред некој месец и тоа се среди, го легнувам до мене, ќе се разврти, малце ќе го нишнам и заспан е
Супер. Јас ја листав темата бидејќи сега ние сме во фаза на офбивање па читав некои искуства и совети. Засега добро ни оди 16часа сме без цице од синока од 01:00h.Доста е 19месеца е синчето, а и 3ти месец сум бремена со друго бебче.
а јас па се чудам зошто СИТЕ викаат како мајчиното млеко не е здраво после година ипол па и 2 години да доиш дете. Може да не е хранливо ама мајчино млеко никогаш од стручна особа не сум чула да рече дека не е здраво после одредена година. Инаку, јас ја "чешлам" темава за да видам искуства за одбивање и запрепастена сум како мајки на деца под 1 година дискутираат да ги одбиваат децата од доење СО НАМЕРА. Од наше искуство сестра ми е доена до 3 години а јас до 6 месеци бидејќи (како што реков нестручни лица кажуваат едно а медицинскиот персонал друго) една вечер пред спиење татко ми ми давал млеко во шише па јас цела ноќ сум ја преспала и мајка ми веќе не ми дала да цицам као демек не чинело веќе млекото штом толку време не си дала да цица. Од друга страна братучеда на маж ми го доеше девојчето една година па мораше да замине на операција и после два дена кога се врати си продолжи со доење. Ја одби на 2 години. Сметам дека за одбивање на дете од цицање треба да е и детето спремно а не така одеднаш да му го скратиш тоа чувство на сигурност. Ние сме 2ипол години, цица кога сум дома и само за заспивање. Сакам постепено психички да го спремам детето и конечно со договор да се откаже. Инаку не знам. Може и да не сум во право ама греота е одеднаш да му го прекинеш па после 3-4 дена да не знаете кај се наоѓате од плачки и нервоза.
Извини вака што ти улетувам на пост. Јас ја дојам ќерка ми 7 ипол месеци. Никогаш не беше и уште не е бебе зависно од цицка, не ужива во цицање, а како што расте и јас не уживам, зашто мава, кубе, ме клоца константно во раната од царски. Еве јас ќе ја одбијам на година точно, со намера. Сега има 4 големи подои и навече 2 цицнувања.Кога ќе тргнам за месец дена на работа ќе има 2 големи подои, до 10, 11 мес ќе ја намалам на 1 подој. И јас многу повеќе сум запрепастена и ми е тоо мач дете кое збори и јаде хамбургер на 3 год да трча по мене и да ми вика дај ми цицеееееее, него да ме шокира што сака некој да го одбие бебето на година или 9 месеци.
Dobro utro majki Dali nekoja od vas goo ima odbieno vasheto malo na 9-10 meseci i kako? Fala ubav den
Доенечки стаж 15 месеци, последен пат на 7/4... имаше останато уште 2 подои, еден за заспивање и навечер еден. Склоп на околности, се случи да преспие една вечер без будење, наредната вечер мм успеа да ја заспие, па реков еве ми шанса и вечерва ќе биде 3та вечер како не цица. Цел доенечки стаж, не уживав во доењето и не ми беше омилен чин, го правев највеќе за неа, но еве ме со измешани чувства, дури и заплакав малку сношти кога всушност сфатив дека ова поглавје заврши... Пишувам инаку за совет, што понатаму со градиве? 3 дена нема доено и меки се, ги осеќам малку натежнати но не се стврднати. Како да продолжам? Да се измолзувам малку или? Треба нешто да правам, да јадам/пијам?
Јас ништо не пиев зошто останавме со еден подој и млекото беше намалено кај мене и само си секна, не би требало ниту ти да имаш мака пошто сте останала на два подои, веќе три дена не цица ако немаше мака до сега не би тебало ни во иднина.
Не е битно мајка возраста. Битна е твојата одлука и решителност. Најдобро е да ја одбиеш со намалување подои.Така нема да имаш проблеми со градите.
Мами едно прашање... Малово престанав да го дојам пред 2 месеци. Вчера од градата од едно место кога ја потстиснав многу нежно ми излезе течност како млеко ама погусто. Денес пробав повторно, но само малку водичка како со крв ама ептен малку една точка, после тоа само како водичка. На ехо бев во јануари беше уредно. Од што може да е? Застојано млеко или загноен канал?
Мајки ве молам за совет.... Бебе е 9м. На почеток не сакаше да цица, немаше сила, но јас упорно ја ставав на града со плачки и некако задржав малку лактација. После 4иот месец ноќе кога се будеше си презаспиваше на града. Од тогаш многу често се буди ноќе т е. после 4иот скок ни се поремети ноќното спиење. Значи цица само за заспивање и презаспивање ноќе.мноооогу често се буди. Од здравствени причини треба да прекинам. Ве молам за совет како да се одвикнеме?