Ве молам совет за запушен канал. Малата не дои веќе недела ипол. До сега, еве 16 месеци сум немала проблем со градиве, преполнување, болни гради, запушени канали итн, и оваа една недела супер помина се. Но од вчера на десната града напипав топче кое е болно на допир па претпоставувам е запушен канал. Како да го оправам? Со масажа? Топли облоги? Или да не пипам? Не знам ова до сеа сум немала па ми е страв да не се влоши работава...
Можам да ти кажам јас што правам па може ќе ти помогне. Мене ми се има случено неколку пати обично навечер кога бебето ќе спие неколку сати. Прво доста топол туш и масажа на самото место и масажа од надворешниот дел на градата кон брадавицата. Потоа со мало шише полно со топла вода континуирано го повторував истото па давав на бебе да цица. Со цицањето најмногу се разбиват грутките јас упорно го ставам на таа града се додека се среди. Во твојот случај можеби ќе треба малку да се одмолзиш колку да пушти.
Ја оставив кај мајка ми малата и со план сум во недела да ја земам или понеделник-ако издржиме. На секое цицање почна да ме гризе силнп и не се трпи, фластери залепив ми ги скина, ако не и дадев да цица се треска од земја. Ај да видиме како ќе биде, држете среќа
Леле случајно отворив тука и кога те прочитав си викам пак ли се врати Цицоооо Ама тоа второто цицо било Многу ми беше забавно тогаш кога те читав.
За малото не сум цицо, мњам мњам сум Мамаа мњам мњам и со исплазено јазиче ми ја трга маицата И двете се погодија пијавички
Мојава лапачка само преку ноќ кога ќе се разбуди ја дојам, преку ден си јаде зготвено, млеко во шише.. Почна многу да ме гризе, боли ептен.. Како си ја гриза цуцлата од шише така и мене.. Па и приметувам градиве не ми се полни.. Btw цица само од едната
Бебе има 2 ноќни подои, сакам да ги скратам. Значи цица накај 8, заспива, првиот и е накај 1, па накај 4. Од искуство, подобро е да почнам со кратење на првиот во 1или вториот во 4? Или двата одеднаш да ги скратам? План ми е татко и со цуцла да ја презаспива.
Јас мислам подобро еден по еден, би го скратила тој во 1 зашто во 4 веќе има полесен сон. Може да се разбуди и да не презаспие. Можеш да пробаш и без цуцла за да не ја откажувате после и неа, тоа може да е уште потешко. Јас давав вода кога ќе се разбудеше ама после се навикна за вода да се буди. Тоа не беше страшно, за брзо почна да ја преспива цела ноќ, па ни за вода не се будеше.
Некој да сподели искуство за прекинување на млеко со апчиња? Пробуваме разно разни начини, ама многу тешко ни оди..
Нормално дека е за тоа, не прашувам за апче за прекинување на плачење кај бебе Не се изјаснив убаво, пробуваме разно разни начини да намалиме подои, ама или навечер многу ќе се буди и цица или па викендот надокнадува и од понеделник пак имам проблем, градите преполни, два пати со мастит завршив. Сега последно она е со кандида во во устето јас на брадавиците. Ме интересираше чисто искуството на мајките што пиеле од апчињата, дали имале нус појави мачнини, после колку време им секна млекото, дали во меѓувреме нешто посебно правеа.. да се измолзува малку да олеснат или да не се чепка подобро.
После 2 недели секна по шема се пијат мене гинекологот ми кажа како. Има 2 типа едните се на приватно и немаат нус ефекти. Првата недела малку молзев колку да ми олесни веќе втората недела немаше потреба. Само кај мене не цицаше бебето, ова ако земеш апчиња завршуваш со ставање на града. Треба и бебето да е спремно да не се доведеш до ситуација да плаче да одбива и вода и храна не знам за колкаво бебе станува збор и дали друго јаде/пие
Дали кога ги одбивте бебињата продолживте млеко да даваате? Што ако бебе нејќе АД или тетрапак млеко? Се појачува на млечни производи или?
Се одби сам и не прифати ни ад, ни тетрапак ама затоа јогурт пие литар на 3 дена. Давај други млечни производи, млеко нема потреба.
После 1 година треба околу 500мл млечно, не мора да е ад или тетрапак, еве еден скриншот на што е еднакво тоа.
Недела дена цицаше дамо за заспивање и во текот на вечерта ако се разбудеше. Вечерта на 23ти заспа без цицање, два пати се разбуди и презаспа. Сабајлето многу бев уморна не успеав да ја презаспијам, ме болеше и градата и и дадов да цица од десната града. Тоа ни беше подледниот подој. Од 24ти навака заспива без цицање. Почнав со Бромергон, се измолзив колкј можев највеќе и се стегнав со марама. Денес ми е 3ден, но како станав многу ме боли левата града. Цела ми е мека, немам грутка на допир. Земав се измолзував, ја масирав под топол туш. Но кога ќе легнам, од средина на градниот кош накај брадавицата како да се осеќа отечено како жила. Незнам како да опишам убаво.. И брадавицата ме боли на допир. Некој да имал слично искуство?
Пробувам ама не успевам. Без мене заспива гајле нема ама ко ќе сум јас тука ако не дадам да цица за да заспие тоа дрецкање и тантруми на најјако. Не можам веќе
девојкава моја 15 месеци, цел ден е во градинка спие без цице, после работа во 17.30 има подој и после ме гњави постојано да цица и навечер се буди 5 6 пати лежи на града а веќе и да нема млеко откако ќе исцица во 17.30. не пие млеко ни јогурт ни чај од шише, освен вода и нема шанси да и потпикнеш во сон, ни цуцла ни шише, само цице... во план сум да ја оставам со татко и дома сама неколку дена, па кажете совет колку долгом 3-4 ноќи? и што потоа кога ќе ме види, ќе бара да цица и како да се однесувам, или да намачкам нешто (сенф, оцет... што сум читала тука) па да се одвикнуваме така?
Многу е лошо што ги оставате на други дечињата и така ги одвикнувате, навечер кај нема цице па и уште мама ја нема за утеха …. Дупли стрес Само зборување и милување, нема веќе цице, болно е, какано е, расипано е …. Ако е веќе ептен алармантно сенф или кармин на градата ќе се згади Повеќе е до психата на мајката него ли до детето, дете ко дете за три дена ќе заборави