сум пробала со зборување, преку дента еднаш ќе се убедиме, ам апосле има вриштење, намалува на храна ради тоа цице , а осеќам дека немам и дека тоа не е храна веќе за 15 месечно дете, ако не сме на лулашки да вечера, дома нема шанси одма седнува ме соблекува и толку, после е кенкава и се спие и не сака да јаде... стресот е голем, но навечер не успева нту зборување ниту нишкање, неутешно плачи и бара, мислам дека кога нема да ме гледа полесно ќе биде...
Знам дека стресот е голем сум го поминала знам како е Пробај оддели го мајка ама мора да бидеш поупорна
Мајки ај да не барам, а сакам да прашам Вие што сте користеле скоро достинекс од која аптека го имате купено. Фала
Na 2 uma sum da se odbivamw ili ne...veke 14 mes e. Od edna strana znam deka ne i e hrana tuku mazenje i ponekogas zed ama pa cicajki nekako uste.mi e mene bebe. Nema problem so jadenje/pienje mlecni proizvodi tuka sme ok. Cel den vo gradinka super si tera jade spie se druzi ama stom e so mene si se buta si bara cicka. Ne znam kako se resavate ete gotovo od denes nema veke? Dali da ja prekinam odednas ili del po del? Taa cica posle gradinka, mozda doma malce uste ednas i za zaspivanje i vo nokta nekolku pati se budi i prezaspiva so cice. Od druga strana sakam da ja odbijam da.moze letovo i so baba dedo da sedi na more da ne se pece vo skopjevo jas kojznae odmor dali ke imam...davajte soveti ic ne sum pametna
Неколку дена пред втор роденден како да се одби. Веќе една недела не побара цице, ама еве синоќа пак му текна, но не му дадов да цица... Дали ова е најдобро време целосно да го одбијам?
Ве молам за совет. Го одбив син ми од доење пред точно една недела претходната сабота цицаше последно. Имаше 2-3 подои во текот на ноќта тие ги скратив наеднаш. Градите ми се поднаполнаа ама беше ок се трпеше немав болки само потврди ми беа и како со грутки. Бев и на гинеколог ми рече штом нема болка црвенило не треба ништо. Меѓутоа денес, вчера имам болка на допир на градите и баш се осеќаат грутки. Дали треба нешто да преземам да не се направи проблем? Не ми се нешто ептен тешки само болката ме мачи. Пробав малку масажа ми протече некоја капка. Не знам дали да одмолзам малку да разбијам грутки?
Ноќва прв пат не му дадов да цица, решив да го одбијам. Утрово градиве ми се камен тврди, болни.... На работа сум, што може да направам?? Да одмолзувам или не?? Ми рекоа зелка, ама тоа тек дома кога ќе дојдам во 15:00. На почеток на доење развив мастит, ми е страв сега пак да не ме снајде...
Да се пријавам дека нашата доенечка приказна заврши. Прекрасна, ме исполнуваше секое гушкање, секој поглед и насмевка за цице. Многу, навистина многу убави моменти. Заедно. Мајка и син. Никогаш не ми беше тешко да го надојам, почетокот беше прелесен, роден научен да цица. За помалку од еден месец ке полни 3 години. Веќе долг период цицаше само за заспивање. Се решавав денес, утре, ама никако да пресечам. Цицањето веќе се сведе на ритуал за спиење. Денес си бараше редовно цице, ама го зедов во раце и кажав дека е голем. Плачеше 15 секунди, почна татко му да раскажува приказни, ние гушнати, ме држи за врат и заспа. Не траеше долго, околу половина час. Посакувам сите да имаат убава и долга доенечка приказна како мојата и на син ми.
здраво мамички, дојде денот и ние да се одвикнеме, може ќе беше подобро во септември или октомври со оглед на тоа дека е 16месеци па има фора уште некој месец да си поцица, но одбиваше храна посебно овошје и зеленчук (ужинки) секогаш беше на титееее... со маж ми спијат се чуваат по цел ден, не ме гледа и ќе видиме како ќе биде, денес втор ден.. но, што да правам јас со моите гради, одмолзувам рачно по малку но тие постојано се тешки, болки имам само на допир, нема грутчиња но се преполни со млеко, некој совет освен бромергон, за колку време се намали,,тежината,, во градите?
Eve i jas da se prijavam deka pocnavme so odbivanje. 15 mes e veke, posledniot period pocna mnogu da si igra da grize i barase samo za zaspivanje i vo nokta. Resiv dosta e. Jade solidno pie voda konzumira mlecni proizvodi, nie moze da se guskame i bez toa. Vaka ke ima sansa i so baba dedo na more da odi(mozebi). Vcera cel den bevme izlezeni so tatko i ona.kaj baba i ne pravese problem. Si dojdovme na rucek gledam ne bara, ja fati za dremka so rekov da.probam bez cice da zaspie uspea. Nokta isto, se razbudi ednas poplaka malku koa vide nema cice ama si prezaspa. Prvo mislev da gi ostaam so maz sami da spijat u spalna ama koa se razbudi vide me nema pocna da vristi stom ja zemav se smiri si se namesti so glavata kaj mene na ramo i prodolzi da spie. Mislam deka ne treba da se ostavaat decava so drugi pri odbivanje eve ja mojava placese deka me nema zaso naucena e se so mene da zaspiva i prezaspiva...ke vidime denes kako ke odi. Sabajle stana barase vikam nema mama gotovo pak poplace malce ama.minuta dve niso strasno otide da si igra. E sea jas so gradi kamen i mleko za izvoz ke mora da pumpam malce ama toa e
9 месеци за одбивање ми е таман , 2години ми се ту мач ,се извинувам на сите кои дојат толку долго,без навреда ама да дојам дете кое трча по улици и да ми бара цицка пред луѓе НЕ. Имав у маало една комшивка. Го доеше до 2 години и 3 месеци. Детето кога ке го земеше било која друга жена или девојка во раце им ги тегнеше цицките и не можеш да го одвоиш.
Има деца и деца. Не се сите исти, па така и во овој случај. Првото мое дете цицаше до 2ипол год и никој во околината не дозна за тоа. Ниту еднаш се немаше случено да прави драми надвор, пред луѓе и сл.а секаде го носев со мене, никогаш не е оставен на некој. Ама беше многу разбран,навреме му беа кратени подоите, и бевме останати на цицање само за заспивање. И одбивањето беше прелесно, му кажав дека нема веќе млеко, ама и беше доволно голем да разбере.
Дали и даваш замена некоја дали кравјо или адаптирано, моето е 18 месеци цица премногу и не знам од каде да почнам. Навечер исто вришти дури јас не го смирам со цицка. Има 3 оброци и ужина, тоа секако ќе гледам да појачам количина и да јаде неблендирано, дека така само јаде освен лепче што знае да џвака едвај.
Epa mojata odamna jade parcinja i veke jade se sto i nie so toa sto normalno jadenjata se praveni so min sol. Vo gradinka samo im davaat blendirano. Ne i davam niso zamena poso konzumira jogurt, mlecni namazi,kiselo mleko i sl. Tetrapak ne go saka ic ni taka ni so biskviti,a sea ad da i voveduvam na 15mes mi nema poenta. Taa ima solidni 3 obroka i 2 uzinki i vo gradinka sekkj den jogurt im davaat bar taka stoi vo menitp
Воопшто не е така. Моето дете никогаш не побарало надвор да цица, или да седиме во дневна и да бара. Секогаш го дојам на исто место во спална и кога јас ќе сакам, никогаш не ме влече или слично.
Летен период не е баш најпогоден за одбивање, прежешко е, стомачни вируси има, и докторите советуваат кој може да почека подобро на есен.