Јас ги имам користено и едните и другите, пред да забременам Достинекс 2 години и повеќе, а Бромергон за време на бременост до 13та недела. Јас немав никакви side ефекти. Достинекс се поскапи ама и не се пијат секој ден. Треба и јас полека да го одвикнувам, 18 месеци е абер нема, немам уште план и програма
Матичната ми рече со мн нус појави биле. Ако имаш некој да се враќа од грција може таму да ти ги најде тие другите. И дали имаш прашано во АНИ Фарм таму ги купив јас лани Дијагностички центар работат приватно не се чека многу за термин за 2 дена ми закажаа доаѓаат доктори од државна. Доста поевтино од приватниве центри и докторот беше супер само не му го памтам името... специфично беше постар доктор.
Испив веќе пола таблета пола др недела така ми е шемата по матичната но засега ништо, цела сум вкочена сила немам ни да се туширам а за еден час сум кај неа на контрола. Ги стегнав со зелка, пијам чај од жалфија таблетка уште како да си помогнам? Шо убаво со син само ми секна дали дека бев бремена кога го одбив..
И јас мака видов. Ми рекоа џабе чајот и стегнување. По малку да одмолзуваш мораш, тек 3ти ден почна ефектот исто по шема ги пиев
А што после 9 месеци? Барем до првата година замена мора да се најде. Кравјо, козјо или друго млеко или формула? Way better than доење?
Jas odmolzuvav po malku i na 3 den veke ne bea bas kamen. I zelki navecer. Se nadevsm bez tableti ke projdam
Мене докторката пред малце ми рече на ова млеко зошто ја одби, уште можеше да ја доиш Ми падна жал искрено, може требаше уште но не се поднесував веќе ни себе ни неа по цела вечер закачена на цицка.. Башка 18м е..
Добро како ги одбивте бебињава. Од бебе што нејќеше цицка, се претвори во бебе што виси на цицка. Значи до 10 мес беше со еден денски подој и два ноќни. Значи како почна да вади 2 заба на 10 мес, месец дена буквално е обесена на цицка. Забите искочија инаку. Значи а ме види ми се пика. Цела ноќ е закачена плус. Почна во јавност да ме влече, нешто што стварно не ми се свиѓа. За неполн месец ќе прави година, да се привикне сега во градинка месецов и сакам да ја одбијам. Совети како да ја вратам сега за сега барем на тие три подои, па после како да прекратиме???
Jas ja zamajavav ke i dadam voda ke i pustam pesni ke ja setam nadvor. I ednas resiv op nema vise...traese toa 5 dena pa me fati zal mi se zalese sekoj den se guska i kenka, a gradive kamen polni prepolni. Pa i dadov 2 noki pred spienje i pocna pak da stanuva noke. Inace koa zaspivase bez cicka cela nok spiese ama ke stane kaj 5 i nema prezaspivanje. Pak ja prekinav i eve ja sea 5 dena bez cicka e i ne bara vise tolku a i mi se razbole denovive cel den sme zaedno. Inaku nepodnoslivo bese cela vecer ja dzvaka pa zabi koa iskacaa grizese rani se pravea. Ne mozev veke i glean ne i treba. Barase za spienje i koa e zedna.
Малава од кога прекина да дои, станува накај 6, па ја презаспиваме во раце, па после плаче се буди.. Како и кога почнаа вашите да ја преспиваат цела ноќ?
8 ипол заспива некогаш 9, сабајле 6 ипол најкасно 7 е станат Цела нок врти во креветче и си бара млеко два можи и три пати Неможам да се сетам кога последно големиве презаспале цела нок Чек што беше спиење цеела нок ?
Sto raat bev dur cıcase,bas cela vecer ı nautro do 11 spıese Denovıve maz mı ja prezaspıva jas sum uste vkocaneta od gradıte.. haos Vecer kje ı nudam mleko od sıse da probam,vaka od casa pıe po 200ml ke probam ı vo spıenje
Пробај мојт ке бара и пак ке презаспива Ама и растат и помалку им се спие Еве гледам моево и денски веке одвај спие два пати по еден сат Ке се префрли изгледа на еднаш
На мисла сум дали да го одбијам. Од една страна сметам дека е мал (11 мес) , барем зимата да ја прокараме. Ама од друга страна, почна да се однесува како новороденче ноќно време. Денски не бара, али секако со града го успивам (една дремка). Не ми е проблем додека сум дома да го успивам вака. Ама ноќеска, на секои 15 мин се буди ако не му е цицката во уста. Не ми е убаво, не можам да спијам на раат, сакам и во креветче да го научам да спие, ама не знам како. Сите совети се добредојдени.
Јас сум за да се дои што подолго. Заби или скок можеби? Стрпи се и ке помине. Не го одбивај само заради тоа. Нема ништо поубаво од мајчино. И мене ми се случувало да има периоди кога сакам да го одбијам ама поминувале за неколку дена.
Па забите ги искара горе сите, сега изгледа доле ќе вади. Веројатно е од нив, и онака ме гриза, за нога, рака, шо му е најблиску.
Месец дена истово. Не цица, џвака цицка. Јас се решив ќе ја одбивам. Година ипол неспиена сум. Да е жива и здрава се јаде, до септември планирам да ја одбијам. Овие 3 дена ја одвикнав од цицање пред спиење, денски цица само од работа кога ќе дојдам ама затоа навечер.... муко моја се треска од земја ако и ја извадам цицката од уста, цуцлата ја зема ја треска од земја буквално.