Мајки, вие кои ги имате одбиено бебињата од доење после наполнета една година дали и какво млеко воведовте во замена за доењето? Прашав кај педијатар, нејзиниот совет беше да давам кисело млеко и јогурт. Препораките за над година се околу 500 мл. млеко и млечни производи на ден, но проблемот е во тоа што бебе не сака да јаде многу ферментирани млечни производи (а јадач е инаку на се' друго). Млечно единствено може да пројде ако му смешам во некој оброк, ама па не можам во секој оброк да додавам јогурт затоа што смета на апсорпцијата на железото. И како да стигнеме сега до тие 500 мл на ден? Да воведам адаптирано? Кој број? Да почнам со 1 како најслично на мајчиното млеко?
Штом си пие јогурт, немате проблем вие. Моето не сака многу ферментирани млечни производи и затоа ќе морам да воведам адаптирано млеко. Мал ми уште за да го оставам единствено млеко во денот да му бидат 50 или 100 мл јогурт или кисело млеко кои ќе му ги додадам во појадокот или вечерата.
Девојки здраво, Мојата девојка е веќе 18 месеци цицалка невидена. Оди во градинка до 15ч, до скоро не бараше кога ќе дојде од градинка неделава пак бара, нови заби на повидок нема ама сака да се лигави. Кога не оди во градинка заспива денски и навечер со цицање и секако се буди 2-3 пати за по некоја кратка доза. Прашањето ми е за заспивање. Луге ако се запне дека сака никако не се лаже, ни куче, маче кризира буквално. Кога ќе се спремиме за заспивање на кревет ќе легнеме и не застанува секунда се тртка вртка не ми слуша ни приказни ни бутур и само ми вика ајде мама за да и дадам да цица. Некоја техника за инат, упорни до даска цицалчиња ? Да се спремам пополека веќе мислам дека е доволно. I did my best
На план сум да пробам ја одбивам викендов. Планот ми е да спијам во дневна, татко и да ја презаспива. Пробавме прошли петок ама неуспешно. Никако нејќеше да презаспие од 9 ипол до 3, па се предадов на крај и дадов цицка. Инаку нема проблем вака татко и да ја успива. Цуцла цуца за заспивање ама преку ноќ е маката. Само цицка. Кажувајте совети се што имате, решена сум да ја одбивам. И дали за 3 вечери би ми успеало да ја одвикнам од цицање навечер?
Posle 3 veceri ke se namali placenjeto ama deka veke nema da ti bara ne veruvam. Moeto placese intenzivno prvite nekolku noki ama sekoja vecer se pomalku. A sega me drzi za cicka koa zaspiva. Ne fati cucla i samo jas ja zaspivam i dur se odbivavme jas ja zaspivav se guskavme i ona placese kenkase se zalese. Vidi probaj mada moe mislenje e deka podobro e ti da si ja zaspivas. Vaka kaj nema cice nema ni mama odednas se i snemuva mene mi izgleda postresno taka za bebeto
Мајки на бивши страствени цицачи, а нејадачи, откако ги одбивте дали почнаа да јадат вашите деца или да не се надевам? Не се трпи веќе, по цел ден ме влече, а ништо не сака да јаде. Цица барем 5 пати...
Она кај мене во раце не заспива ни вака тоа ми е мене. Кај татко и да ама јас ако ја фатам во раце да ја успивам ми се тегне да ја легнам во кревет. Затоа мислев он да ја презаспива, зашто не верувам дека со лежење ќе ја презаспијам ако врисне за цицка
Probajte togas videte kako ke odgovara za vas. Inaku i jas mislam deka bebe sto bara cicka lezejki ne prezaspiva
Моето да. Си пие и навечер млеко, некогаш и пред денска дремка, по малку давам, ама јаде повеќе откако престана да цица, и вода пие повеќе. Не наеднаш да се разбереме, ама малку по малку и ќе се нормализираат оброците. Битно е да не се стресираш и да не го притискаш за да не створиш контраефект.
А како да го одбијам не ми е јасно? Пробав да не му давам кога ме влече, вришти додека не е по негово.
Секоја мајка прави како чувствува јас мислам. Според мене најважно беше јас да сум 100% спремна и убедена дека сакам да престанам. А и доста е важно да си смирена и да не чувствуваш стрес. Другарка чувствуваше стрес дека ќе тргнува на раб. и мора да го одбие и тоа одбивање траеше 4,5м. Де она не е спремна, де маж и не, ајде од пон. и се одолговече. Знам многу мајки ги оставаат татковците да ги заспијат, ама јас сметав (а и мм) дека кај нас тоа нема да функционира и дека ќе направам полошо - зошто легнувањето навечер секогаш, без исклучок, било со мене. Преку ден (може цел месец) мн. шетавме, па спиеше исклучиво во количка. Навечер со млеко, во раце и галење. Заспивањето најверојатно ќе трае на почеток мн. подолго од претходно, ама со тек на време и тоа се средува. Се плашев дека ќе биде пострашно ама лесно поминавме. Првите 2 вечери само плачеше и не мн. После тоа си чекаше млекце и после некое време галење се успиваше. Месец дена пред тоа преку ден еднаш не дадов и плачеше доста (а и јас) и ме гледаше жално, тогаш сватив дека не сум спремна. Е после тоа кога се осигурав дека сакам да престанам со доењето дефинитивно, се среди како само од себе.
Ние сега во септември ќе направи 18 месеци, и е страствен цицач. Мислам и ради тоа пролонгирам за одбивање и се наоѓам изговори од страв како ќе биде. До 15:30 е во градинка, јас си доаѓам околу 16:30 17 часот зависи од гужви по пат. И обавезно прво што прави цица, и тоа пола саат може да трае. Ако не и дадам одам почнува да плаче. Кога ја чуваат други без проблем им заспива а со мене е само со цицање успивањето и ноќе се буди обавезно по 2 3 пати а некогаш и повеќе. Уште од бебе беше таква и буквално ниту една вечер ја немаме преспиено без најмалку 2 будења. Кога ќе се разбуди само 2 пати мама е пресреќна и пренаспана. Ама за ова и се навикнав некако и не ми смета до толку. Само имам огромен страв од ова одбивање и осеќам ќе тераме до 2 години како ништо од што нема да можам да пресечам.
Мајка мојата цицаше 2 години и некој месец и беше страствен цицач. Значи цицање кога ќе стане од спање сабајле, после јадење, на пладне кога спие па цицање, ако одиме некаде со кола подалеку пак цицање, после бањање цицање, ако виде непозната личност и почне да плаче пак сака цице, за заспивање и во текот на ноќта пак цицање. Од 24 саата во денот она 15 ги поминуваше на цицка. Е веќе ми беше дошло преку глава и кога стана сабајлето и почна да плаче за цице јас се намачкав ќечап. Она виде дека има нешто првин нејќеше, па после фана избриша и пак продолжи да цица. За 15 мин станав и се нашарав со маскара и сенф ставив. Дојде до мене и вика цице јас и велам кака е види, и она пак почна ама одма се тргна и вика кака. Кога дојде ред за попладневна дремка јас се спремав пак да мачкам нешто ама она дојде до мене ме гушна и ми вика нишкај ме и така заспа. После тоа никако не побара цицка, и се успивавме со нишкање, песнички, ударање по газето. Мене доењето ми беше многу убав период, никаква мака не осетив никогаш На толку плашење дека ќе плачи, нема да сака ништо друго освен цице супер поминавме.
Моево за брзо ќе полни годинка ама снемав нерви искрено... Не сакам да го дојам 150 пати во денот. Не сакам да ме влече по цел ден за маица. Непријатно ми е кога ме влече во јавност. Прслукот за доење не ми изгледа убаво, се познава под маица и грдо се чувствувам. Ноќеска се буди штом почувствува дека не му е цицката во уста. Немам спиено раат една ноќ. Денес цел ден се трудам да го избегнувам кога ме влече за маица, и до сега цицаше веќе три пати, што за него е премалку. Се надевам дека вечер за заспивање ќе цица и нема да ме тормози до тогаш. Па ќе видиме до каде ќе стигнеме, ама си ветив дека ќе бидам упорна барем денските подои да се сведам на макс 1.
Дали давате шише млеко пред спиење откако ќе си одбиете? Сакав така да го почнам одбивањето, би било ло полесно така? Завчера правевме роденден. Значи на сред роденден во кафана почна да ме тегне да ми ја влече маицата. Многу непријатно. Јас искрено не знам како се дојат деца на 2, 3 години, кога мојава на 1 вака прави.
Среќен роденден, голема да расне и шо побрзо да заборави на цице. Јас искрено до сега не сум му давала кравјо, ад имам пробувано да му давам, никако не го прифати и истата мисла ме мачи. Дали да му давам шише, и какво? Да не му е тешко на желудникот од тетрапак?