Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Фала мама :hug:.
    Јас и воведов кравјо, во градинка секој ден им даваат, немало проблем до сега.
    За пиење и понудив шише неколку пати не ми го одбила. АД не сакаше ни да мирисне, сите ги пробав.
    Мојава и вода пие од шише, Томи типи има, знае да пие од шише.
    Инаку се дави во млечни, јогурт, кис млеко, па затоа му ја мислам дали и млеко да и давам.
     
    На sani99 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Пробај па кажи како ќе поминете. Мене ми е многу страв, не знам што да направам за да не му дадам да цица... Сега заспа прва дремка, му понудив шишенце кравјо, проба две голтки и се закачи пак на цицка...
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Што пие кафана, прв пат после една година, не цицаше 24ч :party::party::party:.
    Се надевам и вечерва ќе е така. Сабајле и дадов да цица, ќе ми пукнеше градава. Ама на толку ми е план да останеме само сабајлечки подој и да го тргам и тој после.
    Со градиве што правите? Нешто да намали млеко? Камен ми беше сабајле. Да ја мотам со зелка или нема врска тоа?
     
    На Mom's_life, Pacient srna, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  4. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.266
    Пол:
    Женски
    Како направивте за на вечер или си преспива не бара навечер? Мене ноќните подои ми се проблем мн се буди навечер за преку ден нема проблем :?:
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Ааа како не преспивала :D.
    Се решив да ја одвикнам па што сака нека биде. Завчера запишував колку се буди, 6 пати се разбуди да џвака цицка.
    И синоќа си легнав јас во дневна, она со татко и во спална. А се разбуди за цицка, ја земаше во раце ја презаспиваше. Вака планираме да тераме дур не прекине да се буди. Не плачеше нешто многу, закенкуваше повеќе.
     
    На Jordanovska-K, nevermet18 и lovely91 им се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е за издржливоста.
    Овој од сабајле до сега цицаше еднаш, али и тоа го сметам за напредок оти иначе си е по цел ден на цицка. :rofl: Дури и првата дремка ја заспа во количка, а не на цицка.
     
    На Jordanovska-K и Tea SK им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Значи кафаната ја оптеретивме овие денови :rofl::party:
     
    На Jordanovska-K, Mucika, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Тоа ти се вика "Нек се угоде!" :party:
     
    На Mom's_life и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Molzi racno kolku da olesnis malce i zelka.motaj navecer. Mene dobro mi doagase. Navecer zelka sabajle.pod tus malce praznenje i za 4-5 dena ke se sredi
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Ти намали така или со апчиња сепак мораше на крај?
     
  11. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Taka si se namali. Se izdisaa posle toa bez apcinja. Sea mi se za greotka nigde gi nema koa ke gi vidam si vikam sti ne doev use malce sto ubavi bea...nesrazmerni ama sepak bolje
     
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    @nevermet18 што направивте? Намаливте некој подој?
    Ѕверкава заборави дека цицала една година за 3 дена.
    Само сега повеќе мама ја сака, само да се гушкаме, само да се галиме, мама мама цело време брбља, мама во раце да ја држи цело време :$
     
    На sani99 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Хахха немој не ме погодувај таму кај што највеќе боли. Два дена беше ок, цицаше по 3 пати во денот, сега пак по старо... Избегнува храна, само на цицка виси. Ама се гледа дека го мачат запчињата. Решив дека е подобро да помине барем таа мака, да избијат забите па има време за одбивање. Сега сум му највеќе потребна.
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    После колку време секнува скроз млекото ако не се пијат апчиња? И после колку време се оди на мамографија од одбивање?
     
  15. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Поради два апцеси во левата града, принудена сум да ја одбијам ќеркичката иако е доста малечка. Досега стегав заби и инаетливо туркав, ама се убедив дека здрава мајка значи и здраво дете. Е сега, ќе пијам половина апче достинекс, ме интересира дали млекото секнува веднаш или сепак ќе треба да измолзувам и да ги стегам градите денес? Матичниот лекар рече дека до утре веќе ќе нема млеко, ама проблемот е што да правам денес? Поради деликатната ситуација се плашам да не направам поголем проблем со апцесите.
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.169
    Допаѓања:
    18.275
    Зошто мамографија?
    Јас правев ехо после 2 месеци(имав некое пецкање под пазуви,неповрзано со млекото). Тогаш се беше уредно,млеко имав уште а ми рече може и 1 год да имам но никако да не се стискам.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mislam deka po 2-3 nedeli izdisaa. Ako stisnes use ina ama vise cicka neam
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    После колку време земавте апчиња ако не го снема млекото? Бебе не цица 10 дена уште грутки ми се прават на едната града и ме боли многу. Зелка и масажа моментално помагаат.
    И дали мора гинеколог да ги препише, на рецепт ли одат?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    1.347
    Хахаха буквално исти се нашите (facepalm) Се плашам како да го одбијам и јас... мислев после мрп да го одбијам ама тешко искрено кога е страствен цицач...
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Еве уште не прекина и после 2 испиени половинки достинекс. И мене во едната уште грутки ми се прават.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.