Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    На рецепт идат?
     
  2. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Некаде ги даваат и така, ама препорачливо е да имаш, иако не се под фондот.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Прво прашање: Какво млеко дававте како замена за мајчино?
    Ја не знам како да го одбивам, или барем неколку подои да му скратам во денот. Откако почна го градинка да оди сѐ повеќе цица. Дури ми попладне се преполнуваат градите затоа што кога си дојде цица премногу. Не ме испушта. Не знам како да се поставам. Второ прашање: Дали е добро да оставам некој друг да го зема од адаптација и тој саат два до прва дремка да не ги минуваме заедно, за да не бара?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    За какво млеко да даваш не знам што да те советувам, јас до 22м го доев после му давав битолско лилаво.

    за одбивање, мое мислење да не го даваш детето на никој туку сама да се справиш, в градинка не те гледа плус и остатокот од денот одвоено, кога ќе почне да те дрпа и да бара не давај, одвлечи му внимание, седни го и заиграј го со играчки или однеси го на прошетка некаде, неколку дена се во прашање ќе се прилагоди.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Јас добив совет од педијатар доколку го одбијам ако јаде млечни производи (јогурт, кисело млеко, сирење...) воопшто да не давам млеко како замена за мајчино. Тетрапак кравјо препорачуваат до година да не се дава.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Јас кога ќе го земам од градинка му давам да цица и пред спиење. Измеѓу периодот ако ми бара, а бара ме тегне за маица го заигрувам со нешто што знам дека го смее. И шетаме обавезно попладне па му се одзема вниманието. Не го дели толку од тебе, мислам дека така полошо ќе направиш, ај кај не те гледа во градинка уште после тоа да не те гледа. Градинката сама по себе му е голема промена и сега си бара и близина и сигурност. Мое мислење ова.
     
    На marta993 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Не бива бе мајки, ме влече за маица и вришти доколку не му дадам одма да цица. Никакво заигрување, не ова, не она, не шетање, ништо не функционира. Пр вчера бевме излезени и него му текна дека му се цица. 20 мин вриштеше додека не му дадов да цица. Му нудев и водичка и смоки и шмукалка, ништо не сакаше. Мора да е на цицка.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Od gradinka ti zimaj si go. Pogotovo na adaptacija. Adaptacijata r i da nauci deka mama ke dojde da go zeme i da bide siguren deka ke dojde. Moeto odi od mart, pred 2 nedeli moite prvpat trebase da ja zemat od gradinka obicno toa tatko i go pravi. Dvajcata bile nejkela da trgne, ne deka ne gi znae ama zbunka.

    Inaku za cicanjeto jas uste vo kola vadev cicka odma. Maz ja zima, me zima mene od rab i odma cjcka se vadi. Koa ja odbivav ne me zimase doma ja zamajavavme i posle gradinka da jade j pavec nadvor ama ne so mene. Mlzes taka nacicaj go posle gradinka neka jade i na setnja so nekogo
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Почнување во градинка за мало дете е огромна промена, не му го ускратувај доењето додека трае адаптацијата. Утеха му е тоа.
     
    На Oneo, MilaSs12, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Јас почнав Битолско со витамини да и давам.
    За одбивањето и јас исто би те советувала, дур не се адаптира не го одбивај. Мојава кога се адаптираше и додека цицаше, а седеше по цел ден во градинка, кога ја земавме, морав јас да возам зашто заоѓаше за цицка во кола.
    Кога маж беше втора смена јас буквално сум рипала со нејзе по цело попладне на песни да не и текне на цицка, или сме шетале надвор по 2 саати.
    Кога ќе се адаптира, земај го ти, и кога ќе си дојдете дома дај му одма да јаде и после тоа нека го занимава некој до спиење.
    Кај нас најтешки беа ноќните подои за одвикнување. Ама како се одвикна од ноќни, не и текна на цицка преку ден.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Мајка, јас од воспитувачките во градинка за првото кога требаше да појде, добив совет никако одбивање и намалување подои во исто време со адаптација. Премногу голем шок е за нив тоа. А и нормално е што после повеќе ти бара цице зошто му фали мама и си бара сигурност.
    Во однос на намалувањето на подои следи си детето и ќе видиш како ќе биде. Да најдобро е да се намалат но има упорни деца, кои не можеш да им оттргнеш мисла од цице кога сакаат. Што се не пробував, и освен што двете се мачевме не успеав да намалам. И теравме така со цицање нон стоп освен на работа додека бев. На крај реков готово е и не дадов повеќе. Тешки беа првите 3 дена, третата ноќ плаче она плачам јас. Ама толку беше.
    Млеко не пие од тогаш ама ја одбив на скоро 2г. И конзумира мн млечни производи.
     
    На lovely91 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  12. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Здраво мајки,
    синчето ми е 10 месеци и сакам да прашам во врска со одбивање. Почнав на работа (секогаш втора смена) од неодамна. Од сабајле обично цица кога ќе стане околу 7. Цицањето буквално ни стана само за утеха и заспивање. Многу ме малтретита ноќе, се буди на секој саат. Не би го одбила но забележувам дека млеко слабо имам а тоа се нервира и ме гриза. Еве денес бев во ситуација да не дојам цели 12 часа и кога дојдов дома градите полни ама онака, не како да ќе пукнат. Немам никаква потреба за измолзување.
    Бебушот има три оброка и ужинка.
    Ме интересира дали според ова треба да го одбијам или да чекам уште?
     
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Самата си знаеш дали сакаш да го одбиеш или не.
    Ќерка ми беше исто ама ја оставив да цица до 12 мес(поише џвакаше цицка навечер него што цицаше), зашто педијатарот ме советуваше барем до годинка е општа препорака.
    На 12 месеци и 1 недела ја одбив.
    Како си се осеќаш ти, така прај си.
     
    На Dioora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    2 недели со само ноќни подои, една недела пак почна да бара и за заспивање навечер и денски.
    И денес реков доста е!:@
    Спиена сум три саати синоќа и тоа од 3 до 6,цицаше 4 пати во тие 3 саати, мртва уморна сум. Бремена сум 8 недели и ми ствара контракции доењето и уште толку сум исцрпена.
    20 месеци е девојката,се спремам за ноќно урлање од вечер. Пуштете среќа :D
     
    На Zumbulche, Tea SK, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Мајки сакам да го прекинам доењето(односно ексклузивното молзење). Две пумпи амортизирав, не сакам да купувам трета. За месец дена тргнувам на работа, бебе ќе биде 10м. Туку никаде нема бромергон, дефицитарен е, достинекс само по нарачка, ама пак треба да чекам. Викендот рачно измолзував, потепана сум. Има ли шанси да го прекинам млекото без лекови. Имам претходно пиено и достинекс и бромергон. Но прашањето ми е можам ли да го прекинам без нив и без да си направам мастит? Давајте совети.
     
  16. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Bromergonot go trgnaa od lista na lekovi pred 2 meseci. Jas piev do 12ta nedela i ko go zedov poslednoto pakovanje vo 8ma nedela edvaj go najdov vo edna apteka samo ostanato na zaliha. Od cel grad samo vo edna apteka i edno pakovanje! Sreka mi go prekinaa inace neznam sto ke pravev, dostinex e zabranet vo bremenost
    Dostinex e poefikasen od bromergon, mozes da go najdes po aptekive, samo konsultiraj se za dozata, toj se pie po sema i e specificen lek.
     
  17. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mozes...pocni da namaluvas prvo...ako molzis na pr 5 sisinja u denot namali na 3 edna nedela taka pa slednata na 1 i posle prekini. Koa ke prekines zelki navecer i malce pod tus molzenje ako tezat samo i ke splasnat.
    Mojata cicase poveke pati pa se zeznav odednas probav da i prekinam kamen bev 4-5 dena pa i davav vo narednite nekolku dena po 1-2 pati vo denot i posle prekina skroz. Malce bea polni ama za nedela dve splasnaa...ako se izdisank sea da stisnes pak ke spricne ama ne gi cepkam
     
    На nevermet18 и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    И мене ми прекина без апчиња. Исто правев како што пишала @Pacient srna. Мојава цицаше само навечер, одеднаш и прекинав. Првот ден камен ми беа ама одмолзував рачно под туш, зелки во прслук по цел ден, и за некои 10тина, 12 дена ми спласнаа.
    Инаку лоша работа, што сега помали ми се градите од пред да дојам, не знам дали е кај сите така :?:
     
    На Knizhevnik11 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    9.545
    Пол:
    Женски
    Ние веќе две ноќи заспиваме без цицее,а денеска цел ден цице не е ни видела.
    Кучето ја гризна мама и сега ја боли,нема млекце во цицетооо,така се лажиме.(facepalm)
    Се радувам за овој напредок во одбивање,20 месеци нон стоп цицавме.Се надевам брзо и лесно ќе се навикне.:inlove:
    Инаку уживав додека се доевме,ама мислам дека е доволно.:clap:
    Морав да споделам.:l:
     
    На IRBBB, mKdevojce, i13dk и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    I mene taka.mi se cini ama se tesam deka dolgo vreme bea naduvani sum gi zaboraila kakvi se u normala ko se:D
    Ama se stuzeni nekako i pred dobivanje nema vise se naduvala cicka ko porano
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.