Не мислам дека постои такво нешто зошто нели нема слабо и тешко млеко. Жалфијата ќе го намали во количина. Млекото секако не ги држи/најадува доволно како што растат. Немам совет за нејадењето.. скратив и подои не запали.
Јасно ми е за слабо, јако млеко, мислев количински дали ќе ми помогни да се намали додека цица господинот и на тој начин прави стимулација. И дали воопшто може да се пие за време на доење или е контраиндициран? Луѓе 17м има, мене уште ми се преполнуваат градите ако не цица, ко пред 2 месеци породена да сум.
Па мислам дека ако скратиш подои ќе се регулира брзо, ако можеш нели. Мене оваа жалфијата ми ја кажуваше Јасна за на почетокот кога мислев дека нема спас за мене со преполнување, така да контраиндициран не мислам дека е. Ако си продолжи да цица нон стоп не мислам дека жалфија е спас. Сега знаат да ми се преполнат ако виси на града 2-3 дена од икс причини, после ако се врати во нормала се враќаат и они.
Искрено во последно време катастрофа сум со исхраната, маж ми вика џабе сум се нервирала за детето, бетер сум била. Наутро пред да одам на работа каснувам нешто од нога, обично едно тостче или лепче намачкано со нешто (крем сир, павлака и кашкавалче, путер од јатки), ужинка од овошка или некое благце, ручек стандард готвено нешто, вечера зависи од време и расположение-некогаш само салата, некогаш само супа, некогаш пица и литар сладолед вода и течности (Освен кафе) ми се на минимум, никогаш не сум била некој пијач. Во викенди ми се пообилни и поздрави оброците. Ова е тоа. Фала ти многу мама во секој случај.
Не ама за скоро сигурно ќе то одбијам. Почнав на работа, на втора смена нема како да го дојам, освен можда ноќните подои... Освен ако не оставам дома молзено.
И мене ми се преполнуваат, 21 месеци е, тоа е затоа што премногу цица и уште повеќе стимулира. Не знам од каде да почнам, нема да функционира кај нас кратење подој хаха до сега требаше да се скрати барем еден. И дење и ноќе се цица многу. Друго млеко не сака. Претпоставувам дека треба да се одбие некако наеднаш ама страв ми е да не му дојде голема промена/траума. И јас сум помислила дали да се пие чај, достинекс итн ама не сум се консултирала уште.
Исто мама, потполно. Да си има нормални оброци, не би му кратела ни подои, ни би го одбивала дури сака да цица. Ни јас не сум за нагло одбивање, шок за двајцата ќе ни биде, не сакам ни да помислам на тоа. Кратење подои не знам како би изведила кога нема некој ред. Некои денови цица само за заспивање, некои денови не можам да го тргнам од цицка и апсолутно ништо не може да му одвлечи внимание. Не дека цица цело време, ама се гали и ме гушка. Ако откриеш начин за природно намалување на млекото, сподели инфо.
Мајки кои сте во процес на одбивање, дали пиете чаеви од жалфија и магдонос за прекин на млекото? Освен редовни масажи и празнење на градата, што друго можам да направам? Забележувам дека имам мали грутки, со масажи се обидувам да ги разбијам и додека масирам тече млеко но не чувствувам целосно разбивање на грутките при допир. Минатата вечер спиев со облоги од зелка и врзана тетрапелена, да бидам поупорна со стегањето? Исто ме интересира после колку време се гледа разлика во продукција на млеко?
А дали се одмолзуваше бар малку со пумпа или рачно при масирање? Јас уплав имам од тоа како ќе намалам/прекинам иако имам уште време. Сакам да скратам 1-2 подои ама ми се полнат многу.
Само рачно. Пумпа јас само на почетокот користев. За преполнувањето не знам да ти кажам никогаш не ми се преполнувале. Ќерка ми не цицаше на крај многу. До душа не ни висела никогаш на цицка, освен навечер. Јас кога ја одбив немаше денски подои, само навечер ми се будеше на саат и џвакаше .
Јас одамна одбивав од доење ама со првото имав баш мака. Цицаше до 13-14 месеци, јадеше веќе се а ноќе цицаше преку десет пати. Млеко имав доста, нормално зошто и многу цицаше. Тоа страшно ме исцрпуваше и пробав да намалам број на подои. Не успеав зошто не фати шише и цуцли, не сакаше ништо друго, се уплакуваше ако не добие подој. На крај решив нагло да прекинам. Плачеше доста првите две ноќи и не знаеше како да се успие. Заспиваше од премаленост. Се навикна за неколку дена, малку со нишкање, малку со возење во кола. Потоа спиеше по цела ноќ, само еднаш стануваше за вода. Ја пиеше седната и замижана, од чашка со капаче, и си продолжуваше да спие. Млекото кое доста го имав без проблем го секнав. Само одмолзував рачно кога ептен ќе се морав. Ама и тоа гледав да е се поретко. Едноставно без стимулација нема ни лачење. Чаеви не знам дали е паметно да се пијат воопшто, не заради состојките туку заради тоа што имаат диуретични својства. Мене сите течности во принцип ми зголемувале доток на млеко. Пијте си нормално течности кога сте жедни и тоа е тоа. Стегање исто не правев, не гледам зошто да се прави. Подобро е да се има нормална циркулација и удобен градник...
Ние завршивме со доење пред 2 недели,на многу убав начин. 21 месец е речиси. Месец и пол само ноќни подои имаше,многу ретко преку ден и давав, ептен ако беше нешто вознемирена. За заспивање тој подој никако не прифаќаше да го тргнеме, па ќе цицаше 5мин и сама легнуваше на перница да ја нишкам на нозе. Првите денови стануваше во 2,3,4 ноќта и не може да заспие, ама ниту секунда не ја оставив со друг да заспива. Гушкања многу,пеење нишкање, така се успиваме сега, па ниту плачки ниту заоѓања има, а јас за тоа се спремав Со млекото проблем немав,само си престана,ниту во еден момент не ми се преполнија градите или грутки да имам, се си е океј. Девојчето супер си ја поднесе промената, сега некој месец пауза па за уште една последна доеничка приказна да се спремам
Скроз исто и моево, само да е конектиран на цицка, поише се гали и размазува. Многу е смешен, ко некој ној се крие и пика, мисли дека ако е на цицка никој ништо не му може . Ја детево мое не знам како ќе го одбијам. Скоро 15м. е, сеуште цица како новороденче. И тоа јаде по 3 убави оброци и пак цица по цел ден. На 5-10 мин., ќе се заигра нешто, доаѓа крева мајца, ќе цицне 2-3 пати, па пак си брка работа и така во круг. Ако не му дадеш ќе ти се изнасмее во фаца и упорен си продолжува да си бара. Не плаче, него се бори со мене . Мислам и да го оставам кај мајка ми за викенд, во истиот момент ко ќе ме види ќе бара цицка, многу памти шанса нема да го излажеш. Еден месец му го криевме успешно даљинското од телевизорот, па ко го најде го пушти и бараше цртани, а не па цицка. Ваљда ќе чекам да порасне и да се договориме дека тоа е тоа, друго чаре не гледам .
И јас за мојата ѕверка така мислев, но еве веќе 6 дена не цица, ќе побара, јас ќе и кажам нема веќе, Вера е голема и таа самата ми кажува не не, дури ми е чудно Инаку, многу ми помогна мајка ми, две вечери со неа заспиваше и кога ќе се разбудеше во текот на ноќта таа ја презаспиваше. Јас кога ја успивав за дневна дремка, многу ми беше жал, плачеше и не сакаше ниту да ја допрам. Кога се смири си ја земав, главата си ја намести на рамо и така си заспа. 2 вечери има како ја заспивам на овој начин и кога се буди сред ноќ ја земам и ја гушкам. Мислам дека ѝ стана јасно. Има и моменти кога е тажна и знам дека ѝ недостига цицањето и таа близина и тогаш си се гушкаме, мене ми се полнат очите со солзи И кога мислев дека тоа ќе ми биде тешка мисија, одбивањето, од вчера почна да се плаши од темница и од сопствената сенка, па еве си гуглам лампи Не постои невозможна мисија, многу е важна решителноста и поддршката од околу, да има кој да помогне во тие моменти. Јас сакав да продолжам, но вечерите почнаа да бидат многу тешки, будење на секој саат, не можеше да спие без да е закачена за цице, а јас не можев да функционирам преку ден.. Не дека сега не се буди навечер, но барем сврзувам 3-4 часа, што претходно беше многу ретко и луксуз
Ние конечно завршивме со доење Пресреќна сум дека веќе долг период ми беше огромно измачување и имав болки. Денските подои ги скративме многу лесно. Штом бараше доење, нудев вода и го заигрував дома или надвор. Ако забележев дека во одредено време од денот бара да цица, тоа време го носев надвор и повеќето пати забораваше. Ноќе бараше за заспивање и 1-2 пати во текот на ноќта. Ова одвикнување го помина потешко. Не го оставив на никој, само со мене беше цела ноќ, како и претходно. Штом бараше да цица, гледа дека не добива, почнуваше да плачи и да ме турка. Јас го галев, во раце го земав, пеев песнички... Плачеше 3 ноќи со ред. Спиеше 2сати, еден сат плачеше. Ама бев цврсто решена дека стварно е крај. Заборави на цицање (барем така си мислам) ама ептен се врза за мене. Сака на мене легнат да спие, на рака ми лежи, да се гушкаме. Ако вака можи барем спиеме цела ноќ без висење на цицка Ако во иднина би имала друго дете, дефинитивно би била поупорна да сака шише или цуцла оти вака ноќе немав што да понудам во сон да се залажи. Можи полесно ќе беше одбивањето ако сакаше цуцла
Јас ги прекинав денските подои. Прво му давав само за денска дремка и навечер, сега полека и денеката дремка ја укинувам. Претешко ми беше и мене и него, ама колку и да не сакав, морав, ништо не јадеше. Откако престанав да му давам да цица преку ден, почна да јади. За навечер за успивање и во текот на ноќта ако се разбуди (многу ретко) му давам да цица и ќе го одбијам целосно или кога ќе разбира и ќе можеме да се договориме или кога сам ќе се одбие.
Zdravo, moeto bebe pred nekoj den napolni 8 meseci e sega sakam da go odbijam od cicanje ke trgnam uste malku na rabota, e sega da mu davam po 3 pati da jade i izmegu cicanje a sega cicanjeto da go zamenam so ad samo nokeska cicanje pa postoa skroz da go odbijam ili skroz od ednas do sega mu namam davano ad .. i uste edno prasanje kako da mi prestane mleko osven so apcinja ?