Дали при кратење еден подој е нормално да се преполниваат градите и колку време треба за да се стабилизираат? Му кратам едно ноќно цицање, пие формула, ама еве за второво цицање станав и огромни и тешки ми се.
Ако немаш екстремна тежина, би ти кажала да не ги дираш. Колку месеци има бебето? За 7-10 дена макс треба да се стабилизираат.
Zdravo, moeto bebe pred nekoj den napolni 8 meseci e sega sakam da go odbijam od cicanje ke trgnam uste malku na rabota, e sega da mu davam po 3 pati da jade i izmegu cicanje a sega cicanjeto da go zamenam so ad samo nokeska cicanje pa postoa skroz da go odbijam ili skroz od ednas do sega mu namam davano ad .. i uste edno prasanjekako da mi prestane mleko osven so apcinja ?
Еден по еден подој постепено крати ги пример на недела две. Кога ќе дојде време за подојот што си тргнала ако ти тежат малце ќе одмолзиш да си олесниш. Ако не ја бива со апчиња тогш
Како го преживеавте одбивањето? Многу ми е тешко мене, не бев спремна сакав да ја дојам уште ама пак во последно ептен не се трпи.. Не и дадов од кога стана и сега заспа без цицање, а јас си плачам, од една страна сакам да ја одбијам од друга не, ве читам од вчера и малку добив храброст ама мислам не сум спремна.. А ако продолжам ќе полудам со ноќното доење, цица ја ставам на двете страни и ако ја легнам се дери и плаче по цел ноќ за да цица пак и пак и пак.. до бесконечност… Сама не знам што сакам ама сакав малку да си олеснам..
Искажи си се, тешко е за сите мајки. И мене ми беше многу тешко,ми се плачеше од мака,дури па после кога ќе се одвикне и нема да бара уште потешко. Ама ќе се надмине,со лесно.
Ne moras da go odbivaa deka trgas na rab. Jas ostavav sise molzeno i go davaa denta i cicase koa se vrakav i vecerta
Lele ista bev duri i na 4-5 den vise popustiv pa i dadov pak. Si rekov aj use malce samo pred spienje ama posle 2 dena pocna pak da stanuva cesto noke i veke jasno bese dosta e...tesko e ama jas si ja guskav i i zborev celo vreme ne ja ostaiv na drug i taka se navikna. Posle use mesec i neso ke se fatese za bluzata ke dzirne i vikase ash demek nema cice isto i na plaza deka letno vreme....posle samo ke si se guskate uste.poveke
Па не мора да го одбиваш одма. Јас кога трнав на работа кога имаше 8 мес, си јадеше 2 оброци и ужинка и цицаше кога ќе дојдев и навечер. Ако јаде немаш потреба од ад измеѓу. За да не пиеш апчиња се намалува постепено цицањето.
Ти после 4-5 дена, јас уште првиот ден попуштив Таа не бараше толку како пред тоа и реков го гризна кучето цицето, ам и кажуваше таа ама многу ми беше жал и неможев да издржам.
Мајки хелп. Синко ќе полни година за 2 недели, зимово не сакам да го одбијам скроз ама навечер барем да скратиме некој подој жива неспана сум. Значи цица сабајле кога станува, па кога ќе го земам од градинка и пред спиење. Арно ама навечер се буди некогаш на два часа, а не е гладен убаво јаде денски. Ајде заби растат ок ама не се издржува физички. Пробува татко му да го презаспие не бре се корне додека не му дадам да цица. Дури почна и да ме тегне за маица. Не сакам замена да дадам, а пак и цуцла не сакам допрва да му стварам зависност. Користи цуцла ама ретко кога е кемкав и некогаш за заспивање ама зависен не е. И, чаре?
Според мое искуство нема чаре. Тешко само ноќни да можеш да укинеш. Јас пробував ама се будеше на секој саат, се дур не ја пдбив скроз. Укинување ноќни можда помали кога се, на годинка тешко.
Претпоставив ама ајде реков да прашам да не случајно има некоја магија што не ја знам. Порано 2 пати стануваше накај 12 и накај 3 тоа беше издржливо, сега на 2 часа и почесто. Ништо уште зимава ќе се издржи освен ако не ми откорне некоја брадавица како тргнат се почесто ме гризе. И се смее мене ми се плаче од болка тој насмеан
Јас само да се одјавам, скоро сме 11 месеци и тука завршуваме со доење, среќна многу лесно ја одбив, постепено намалував подои мислев дека ќе ми биде многу тешко ама добро пројдовме и ја и она
Zavrsivme I nie so doenje Posle 3godini I 4meseci Mleko imam za uste tolku,zelka navecer I steganje.Posle kolku vreme se vratija gradite vo normala?