Jas so sosema drugo doenecko iskustvo. Malata e 9++, nikogas i ne bese nekoj strastven cicac, no otkako ima tri obroka cica samo zatoa sto jas uporno nudam, sekako koga spie zasto inaku sansa nema da cica. Znaci navecer zaspiva bez cicanje, vo tek na nok ne se budi, preku den ne bara. Ednostavno ne e po cicanjeto. Pa sega se mislam da prestanam so doenje zasto iskreno macno mi stana mnogu moevo molenje za da cica, ve molam ne me razbirajte pogresno, presrekna bi bila da se tepa za grada ama… Prasanjevo mi e poveke da kazete od iskustvo kako posle prestanok na doenje prifatile Ad i sise?
Има ли некоја шта редовно пиела Бромергон пред забременување? Со микроаденом на хипофиза, константно висок пролактин... Како одеше одбивањето? Ќе мора ли веднаш со Бромергон или Достинекс? И препорачајте ендокринолог на приватно/државно во Охрид/Струга или околина. Стварно не знам каде да се обратам
Јас би те советувала да не нудиш шише, штом си јаде каши и си напредува нема потреба, веќе е голема, а и од шишето само зијан, ќе се научи на млеко, сок и послабо ќе јади, јас ден денес имам проблем со син ми 3г. но сепак може да е индивидуално. Инаку ќеркичката моја е 10++ и е зависна од цице меѓутоа верувај дека мака мачиме со храна, едвај и пикам и тоа со лажење 2-3 лажички, ни оброк ни се знае ни ништо, хемоглобинот 95, значи анемија како резултат на ниско железо. Немораш повеќе да ја доеш нека си внесува разновидна храна нема поубаво од тоа. Камо да не сака мојава да цица како лепенка е за мене 24/7
Offf, ne sum pametna sto da pravam, jas pak se si mislam deka e mala i mora mleko da pie. Skoro sum na kontrola pa ke se konsultiram i so pedijatarov.
Ќерка ми АД никако не прифати. Сите можни ги пробав. Ама затоа кравјо без проблем пие после одбивање. Со шише немав проблем, вода секако од шише пиеше.
На 1 година, поголема беше. Во принцип кравјо не е замена за доење. АД е. Пробај со АД, може ќе прифати. По мене мала е на 9 мес да не пие млеко. Јас ради тоа ја доев до годинка, дека нејќеше АД, иначе порано ќе ја одбиев.
Mala e znam, poradi toa i nastojuvam Top ke bide da isteram do godima ama… Ke probam so AD, moze ke imam sreka. Ona voda ne pie od sise, od Twistshake caska pa prvo cucla da prifati
Јас достинекс 2 години, па бромергон во бременост. Во процес на одбивање, почнав со чај од жалфија, па за апчињава ќе видам, ама од одма не би ги почнала.
Здраво мајки. Ми треба совет или да споделите искуство. Бебето ми е точно 6 ипол месеци. Од раѓање на ексклузивно доење. За шише и ад не знае. Јас нажалост, поради здравствен проблем, мора да почнам терапија и да го одбијам. Немам многу време. Не прифаќа ни ад ни шише (сменив 3) ни чашка со клунче. Пробав да го хранам јас, проба татко му, баба му... ја гризе цуцлата, не голта, се расплакува. Пред две недели почнавме да пробуваме цврста храна. Очајна сум. Мислам дека никогаш нема да го одбијам, а морам. Имам грижа на совест, имам млеко... но ете мора да мислам на здравјето. Имал ли некој слично искуство? Да го оставам да прегладне и да рика од глад срце не ми дава. Поздрав
Пробај со шише со цевка со тег има на dr browns или munchkin. Мојата тој период убаво веќе фаќаше цевка. Додуша немам искуство со одбивање, јас давав вода. Ама мислам дека полесно ќе ја научев да пие млеко од тоа него ли од цуцла, не ни знае што треба да и прави. Или отворена чаша ама тоа не ми личи како решение за секој момент искрено. Немај грижа на совест, здравјето е најважно. Малку повеќе трпение и посветете се максимално овој период на решавање на проблемот дур не почнеш терапија. Сигурна сум дека ќе успеете. На децата им треба баш краток период да сменат навика ама со упорност и трпение.
Дали мислиш на шише со цевче како првото или со клунче за влечење како другата слика? И каде се продаваат овие брендови, не ми се познати? Фала ти!
Како првото, затоа што како и да пие тегчето ќе оди по гравитација, а ова второто е обично мислам, тоа мора да се навали за да тече. Инаку некапечко е, мора да шмукне за да повлече, не може да се истури.
А во врска со адаптираното млеко, некоја мајка да не имала искуство со бебе што не сака АД? Сепак има само 6 месеци, мора да пие млеко а рано е за кравјо. Имам пробано Хип 2 и Аптамил 2, плука се мршти... Не знам дали некогаш ќе пропие. Кое сте го користеле вие?
Колку количински и временски треба да се пие чај од жалфија? Имам намалено на 4 подои од 7 ама уште ми се преполнуваат понекогаш градите, а сакам за некое време скроз да го одбијам. 5 дена пијам по 150-200 мл чај од жалфија со мала лажичка, но не гледам некои огромни промени. Не знам колку тррба да се пие да не претерам.
Бебево го "одбивам" уште од 9 месеци, а уште малку ќе наполни 17 месеци. Како уствари да започнам? Деновиве многу често цица, почесто од претходно. Мислев дека ќе го одбијам најкасно до 1ви декември. Кога имаше коксаки немаше цицано 24 часа и градите ми беа преполни со млеко, тешки и тврди како камен, што значи нагло одбивање не оди во предвид. Не знам како да започнам и како да се сконцентрирам и да го одбијам...