За жал, моето искуство е дека освен нагло одбивање поинаку не бива. Првото го одбив така, сега и со второво се канам 2 месеци да пресечам, ама уште цица. 19 м сме. Ќе морам кај и да е да прекинам од здраствени причини. За градите ќе стегам, ќе пијам чај од жалфија па здравје. Со првото немав проблем со градите.
И јас првото го одбив нагло на 2 години и немав никаков проблем ама изгледа и млеко немав тогаш. А сега на неколку саати градите ми се преполни со млеко и мислам дека тоа ќе биде проблем. Кога сака да цица покажува н ахрадите и плаче без престан додека не цица. Нема шанси да го прелажам со нешто и да заборави.
Ми треба совет и тоа многуу.. Синко е 15 месеци и цицаше само еднаш во денот т.е ноќеска кога ќе се разбудеше и толку, ама од пред некој ден скроз го одбив од цицање,плус сум бремена и веќе почнв да пијам Фемебион и мислам дека му е доста цицање.Сега само едната града ми се полни млеко другата ми е океј, па кажете ми како,што да правам за да престане да ми теле млеко, вчера и денес под туш се изнолзив ептен малку,бидејќи ми се појави грутка ама сега е добро. Синко од бебе си пие Ад по еднаш дневно ама сега му зголемив доза по 2 3 пати бидејќи плаче за цицање,не сака да заспие без, мака мачам.А не смеаж да го кревам тежок е ,ноќта ни е хаос. Додека да заспие со шише млеко 3 часа седиме будни.Совет некој што да оравам како да правам?
Ако имаш можност, дај му на сопругот да го успива 2 3 дена, да не те мириса тебе, на млекце му мирисаш, не спие чека да му дадеш да цица. За 3 дена мислам ќе се среди.
Мајки дајте совет. Синко е 12 месеци, цица како кит. Ај тоа туку веќе и ме гризе па мислам дека му е доста. Дополнително навечер многу често се буди за цицање жива неспана останав. Прво ајде намаливме подои додадов ужинка овошје и попладне. Ама се разболе и две недели дома не јадеше ништо само на цицка беше и се ми падна во вода. Тешко ми е многу некако не мислев дека вака емотивно ќе го преживувам моментот ама веќе не се издржува. Читам дека наеднаш е исто опција ама сега ќе се врати во градинка после 3 недели не одење и си викам да не му дојде многу промена. Не сум паметна веќе дајте некој ум.
Како да одбијам ексклузивно доено 7 месечно бебе кое ни за жива глава не прифаќа шише и чашка со ад? Поточно со ништо не прифаќа, пробав сок и вода, плука, месец дена веќе пробувам. Секој совет е добредојден. Имаме два оброка цврсти. Од здравствени причини морам побрзо да го одбијам. Навечер особено ми е проблем, цица по 3 пати. Некоја со слично искуство? Фала однапред!
Mom's Втора вечер не станува за цицање и не бара. Скоро 13 месеци е. Цицаше само за заспивање и презаспивање од 9,10 месеци. Јас психички се спремав да ја одбивам по нова година. Преку ден има една дремка и заспива со цицање ама цицањето и њ минута и после заспива или бара цуцла. Да се радувам дека се ближи крајот и дека мирно ќе поминеме низ процесот? Да пробам деновиве без цицка заспивање или да чекам да видам дали она ќе се откаже?
Здраво мајки. Успешно намалив на два подои, сабајле накај 8 и навечер пред спиење исто накај 8. Сакам са тргнам уште еден па за макс 1 месец да го одбијам скроз. Дали има некое правило кој подој се остава за последен или сеедно?
Подојот за успивање последен се трга, ми кажа консултантка за лактација. Прво замени го утринскиот подој и на крај како последен се исклучува ноќниот. И јас по овој редослед го одбив.
Здраво мамички. Малечката ми наполни годинка, па сакам полека да почнам со одбивање, но се плашам да не биде многу стресно како со син ми (на иста возраст го одбив), го одбив наеднаш, во исто време вадеше горни кецови, тргна во градинка и сето тоа беше стрес и за него и за мене. Е сега малава и таа ќе вади горе заби, често сака да цица и бара утеха, би го одложила одбивањево за на пролет од причина што ќе е потопло и ќе шеткаме надвор па нема да мисли само на цице, постепено сакам да укинувам подои, но се плашам поголемка да не е потешко за одбивање.... Инаку спие буквално на цице цела ноќ. А во врска со мачкањето на брадавиците или лепење фластери на која возраст ви успеа дека јас со син ми на годинка со се пробав и упорно си цицаше.
Здраво мајки, Да ве прашам за совет, детето го одбив од доење одеднаш без намалување подои бидејќи беше невозможно да намалувам подои сакаше да цица често и прекина да јаде се друго инаку е 16 месеци. Денес 5ти ден, правев се да намалам природно во смисла , измолзував по малце колку да не ми е тешко, редам листови зелка, топол туш истотака и повремено чај од жалфија. Последните 2 дена не измолзувам ,градите не се така тврди, омекнаа но не целосно а јас повремемно чувствувам пецкање во телото не знам дали е нормално и дали ќе се намали лактацијата сама по себе или ќе има потреба за апчиња сепак. Каде да се обратам за терапија со апчиња, кој треба да ги препише и да ми ги прегледа градите евентуално да не направам понатамошен проблем? Благодарам за секој одговор.
Кај матичен гинеколог. Јас и реков дека сакам да ја одбијам и ми рече доколку не успеам природно да земам достинекс.
Мајки одбивањево некако многу тешко оди и за двајцата. 14++ месеци, цица само навечер за заспивање и кога ќе стане за презаспивање, ама станува често некогаш на пола саат не се издржува. Денски не бара наутро не давам иако сака. Навечер еве неколку ноќи само еднаш успеав да го презаспијам без цицање. Значи се корне се треска со саати и веќе и жал ме фаќа и нервоза, а и не можеме да го додржиме со мм. Од шише не пие, водата ја турка цуцлата ја треска од земја. Значи зарипна од плачење. Не палам светло го шетам низ цел стан по темница, му пееме му шушкаме ништо не успева. Дајте совет.
Тргни се ти од спална, значи да не те мириса, да не те гледа. Ако имаш можност не спиј дома две три вечери, ова е за тебе, за да не попуштиш и да му дадеш кога ќе плаче. Сопругот или некој друг нека го заспива тие вечери. После 3тата вечер не би требало да бара веќе.
Мене една мајка ми кажа дека нејзиниот 2 недели како не цица, и уште знае да си побара... Мислам никогаш нема да го одбијам.
Дете што сака да цица повеќе од моево мислам не постоеше. Мислев никогаш нема да го одбијам. И за чудо го одбив за 1 ноќ, на 21 месец. Првата вечер го заспа татко му, ама беше преуморен. Стана после 2 часа побара цице со плачење. Му го понудив премачкано со сенф и му кажав дека се расипало. Само кажа бљак и си заспа. Стануваше уште 2 пати, пак истиот муабет дека е расипано. Од утредента веќе не побара, почна да преспива цела ноќ. Ептен ми падна товар од грб, очекував да има плачки и траскање ко што е упорен. Јас си поплакав малку зошто ми заврши една преубава фаза во животот. После 3 мастити и неспиење навечер, горда сум на себе што успеав да го дојам 21 месец. Со лесно на сите
Зависи дали сакаш и колку си решителна да одбиеш. Психичкиот момент е најтежок мислам. Сама себе да си кажеш крај. Инаку не дека нема да побара после тие 3 ноќи. Мене ми бараше преку ден ама јас решив дека е доволно. До ден денес кога ќе ме види гола се смее и ми вика титеее, а пола година не цица. Мене мака ми беше доењето и од сам старт бев решена дека нема шанси повеќе од година да ја дојам. Среќа ми се погоди јадачка прва класа, па одбивањето уште полесно пројде. Ако не е мајката психички спремна да го одбие детето нема да има успех. Секој кога ќе си се чувствува спремен. И да грижата на совест е огромна на почетокот ама проаѓа.
И јас да се одјавам, една недела откако последен пат цицаше ќерка ми. Вчера за прв пат откако е родена преспа цела ноќ. Првите 4 дена спиеше со маж ми, потоа со мене.Мене градите почнаа да ми се празнат, првите два дена ми беше ужасно болно па кога ептен ќе ме болеа измолзував, освен тоа ништо друго не правев.
Неколку вечери се обидуваме да се одбиеме, вришти како прасе на колење кога не и давам или сум намачкана, на крај попуштам зошто ја буди цела куќа и цело маало. Нејсе, сакав да кажам мое мислење, доење на големо дете (мојава скоро две год) хорор филм. Кај и да одиме ме влече, ме тегне за блуза, сегде сум со цицката надвор, не можеме да излеземе асално, немам спиено последнава година скоро ич,нервозна сум ептен. Единствен бенефит е тоа што сите нестинки полесно ги поминува, ама ова више не се трпи па се трудиме да откажеме. До 1 година доење да, поборник сум, повеќе не, не е нормално!!! Со лесно на сите во процесот на одбивање
И јас се одјавувам после 23 месеци. Не цица две недели, денес и текна пак да бара тите . Хаххах Ама се разбравме одма, голема си, јадеш, пиеш веќе не цицаш и си тргна да си се напие вода. Душа е