Јас непланирано го одбив син ми пред три дена.15+ месеци е. Цицаше само ноќе и немав веќе млеко, буквално се осеќав како цуцла. Сакав да пробам како ќе реагира ако ги намацкам со сенф. Кога ќе ги види со сенф бега, несака. Но кога се облечам ме тегне по блузата, бара. Многу лош период се погоди, но сите ми рекоа кога веќе сум престанала да не почнувам пак. Бактерија има изгоре од температура следниот ден. Таман тоа помина се изгоре на дланката прилично доста. Се се собра во рок од 4 дена. Претешко ми е искрено. Со градите немам ама баш никаков проблем, меки и празни но емоционално ме исцрпи. Ме интересира од поискусните колку време треба да помине за да ги заборави. Јас си мислев ден/два.
Bebe 8++, veke 20 dena cicame od edna grada, drugata namerno ne ja nudev posto resiv deka e dosta doenje, ima tri obroka preku den pie dva pati domasno kravjo, cica samo navecer okolu 22h za zaspivanje i 1 ili dva pati u tekot na nokjta, koga kako ke se razbudi. Gradata od sto cica mi se prai kamen ako ne mu dadam da cica navecer i boli, so drugata grada mislam imav maka dva tri dena isto bese cvrsta ama ne bolese volku. E sea prasanjeto mi e, sakam skroz da go odbijam, toj nema da prai problem poso super pie mleko kravjo, tuku so da praam so gradata, ne mi se pijat tableti, so zelka probav denes na 3,4 pati menuvav listovi, ama a dojde 22h mislis ke pukne….
Odmolzi malku koa ke e epten neizdrzlivo polna, za nedela dena ke se sredi sama i navecer motaj si zelka
Мајки, поради недоразбирање, наместо 4 таблети ми донесоа 4 пакувања од по 2 таблети - Достинекс. Ако на некоја од вас и се потребни пишете ми во лп.
Веќе месец дена откако цицаме само ноќе, меѓутоа цела ноќ е на цицка, заспива на неа и си ја држи така, кога ќе ја пушти поспива кратко и пак иста песна, од 20ч до 08ч сабајле. Е сега ова со сенфот дали ќе делува? Да не се разлути среде ноќ да не крене во ваздух сите дома и дали уште на заспивање да понудам (незнам како би ја заспала) или во текот на ноќта кога ке се буди? Инаку 14м сме
Нормално дека нема да и е сеедно,ќе покаже емоција и реакција Некако ми е нефер во сред спиење тоа да го направиш. Подобро дење намачкај ги градите со кармин или моливче за очи/уста и претстави ги како расипани. За да знае ноќта што да очекува. Ноќта ако побара пак покажи и ги и држи се до приказната за расипани,и млекото е расипано Заспиј ја со сликовница или песнички.
Девојката моја наредна недела полни годинка. Денски е во градинка, после градинка си има ручек, вечера не цица. Ја заспивам цицајќи и ноќе се буди пре пре често. Значи до 6 месеци се будеше по еднаш, последниов период на секој саат. Ајде запчињата горе раснеа, ама пробија не ја болат веќе. Значи цица иако не верувам ни колку млеко имам, порано до вечер ќе ми се наполнеше градата, сега ми е онака мека иако цел ден не цицала. Мислам дека за будењето единствено решение ми е одбивање иако многу тешко ми паѓа помислата,сакав многу поголго да ја дојам, ама ни треба и спиење дефинитивно. Како да пробам, дали да ја успивам само со доење па ноќе да не и давам, или да пресечам наеднаш се? Ми се плаче
Не ти е единствено решение одбивање, исто бев ко тебе. Иако и јас не знам колку цица, ама си викам колку е толку е, нека има нешто, да не е без ич. Ако не сакаш да ја одбиеш не ја одбивај, пробај прво да не и даваш преку ноќ, давај и само пред легнување и толку. Навечер милувајте се, можеш вода да и понудиш, ќе плаче ама ако е неколку дена ќе издржите. Накај 13-14 месеци решив дека сакам да спијам, а не да ми виси на града цела ноќ и да станува па преку 5 пати сигурно. Тогаш од еднаш реков дека нема веќе да и давам да цица ако стане преку ноќ, 3 ноќи беше помачно и сега ем ја префрлив во креветче, ем се буди максимум 2 пати и тоа 2 пати во неделата, најчесто си преспива, а си цица само пред спиење. Ако се разбуди сега и нудам вода, некогаш сака, некогаш само ќе прокенка и ќе презаспие. Ама спиеме, што е најважно. Се надевам ќе успееш.
Дојде време за темава, 2 години е ќерка ми, цица ко новороденче, кога ќе и текне цицко мицко, цице мице е тука за неа. Цицето има нос, му збори како да и е другарче. Цела ноќ како цуцла сум и, се решив да престанеме веќе. Навечер и кажувам дека одам на работа и се кријам во вц, мм ја заспива со приказни во спална, заедно спијат, му ги бара рацете и така си спијат. Накај 4 сабајле знае да стане и да ме бара ама ќе и каже дека сум на работа и продолжува со спиење. 100 пати подобро спие отколку со мене. Од друга страна јас сум хаос со психата, лежам во дневна, листам слики и видеа од неа како цица и си плачам. Ми фали стварно доењето. Капак на се' не пиеше други течности и доби запек и потклекнав и дадов цице пак после 3 дена. Решив дека не сум спремна, не е крај на нашата приказна... Арно ама, денес цел ден како да ми ја џвака брадавицата, како новороденче кога не знае како убаво да цица. Што и се случува не знам ама мене ме болат градите, измачување ми е, пак не ме пушта кога спие, ме држи како цуцла и еве овој пат решена сум дека е стварно крај. Мислењево каша попара е ама сакам да го обележам ова мое патешествие.
Мојата утре полни година и пол.И вчера за прв пат заспа до мене но без доење.Сосем непланирано.Ја чешкав и галев и гледам заспала.Не знам дали тоа значи дека е спремна за одвикнување?Според мене доволно и е цицање.
Ако си решена да ја одбиеш ова ви е совршен тајминг, не ја навраќај повторно, продолжи да ја заспиваш на ист начин
Zdravo majki. Moevo e 7m polni a koga ke mi tekne deka za ne celi 2 meseci ke pocnam na rabota mi se place. Na doenje sme a i vekje so ishrana od pred 1 mesec. Prasanjeto mi e kako se snajdovte vie majki sto pocnavte na rabota, kako izdrzuvase vaseto malecko bez doenje? Dali davavte kravjo mleko ? Kakvi kombinacii pravevte ?
Кравјо млеко мислам дека после 1ипол год се дава. Инаку за 2 месеци имаш таман време да воведеш повеќе оброци, а бебуш да цица сабајле и од кога ќе се вратиш од работа. Јас лично го одбив моето и си премина на хип. И тоа е опција, но ако сакаш да е на мајчино или ќе молзиш и ќе оставаш или ќе си јаде друга храна додека не си ти со него/неа. Ако оди во градинка можно е да треба порано да воведеш кравјо млеко.
Синоќа непланирано го одбив. Се надевам дека го одбив. 20 месеци има. Не знам кога цицаше последно околу 17-18 часот мислам. Намачкав кармин и му покажав реков крв и плачеше ама не нешто многу. Го галкав, се гушна до мене, пуштив едно мече со музика, пуштив бели звуци, го прашував за вода и дури во 2ипол рече дека сака вода ама само малку пивна па во 4ипол. Денес ми е многу лошо. Не знам дали дека наспана или дека го одбив. Градиве ги немам погледнато страв ми е да не се преполни. Ако се треба да се измолзам? Како ќе исчезне млекото во градите? Во градинка ќе е до 14-15 не знам. Ми треба храброст да продолжам вака и денес и ќе е одбиен така? Како да почнува да ме боли десната града. Не знам што да правам. Сакам да го одбијам и конечно да е ова. Што друго да правам? Што да правам кога ќе се преполни грдата? Иако има 20 месеци имам млеко. Целата сум во паника. Дури и премногу лесно се одби за дете што цицаше многу често дење ноќе. Ептен лесно, не очекував вака. Само да издржам до утре и конечно да си кажам дека дефинитивно го одбив.
Мама штом си решила не се враќај назад. Сигурно штом бил стравсвен цицач, пак ќе побара, ама ќе издржиш. Ако ти се полнат градите, одмолзувај колку да олеснат оти можеш мастит да направиш. Носи тесен градник и ставај облоги од зелка. Нема да ти исчезне млекото преку ноќ, внимавај, многу често настанува мастит на одбивање.
Фала ти Пробав сега да измолзам за прв пат во животот и шприца на сите страни. Што значи тоа? Колку да измолзам?
Шприца оти ти се преполни градите. Молзи колку да ти олесни, да не ти се тешки и напнати градите, не молзи до крај да не стимулираш повеќе млеко. Најдобро рачно под топол туш. Ако случајно има некоја грутка масирај за да ја разбиеш.
И јас првиот ден реков дека лесно го одбив Откако се договоривме дека нема веќе млеко, направивме и приказна и се', прифати син ми и веќе воопшто не побара. Вечерта му беше тешко ама не бараше. Тоа беше во саботата, еве веќе неколку дена страда детево. Не бара да цица, ама му фали и плаче, не остава никој да го чепне, само легнува и плаче и шутира со нозе. Навечер е ужас, си шетаме по цели ноќи и кажуваме приказни, претешко презаспива кога ќе се разбуди. Баш пред некој пола сат не издржа и ми вика - млекцето убо е. Кое млекце, му велам, она од фрижидер? - Не, мајката. - Мајката диносаурус? (си ја држеше играчката мајка диносаурус) - Не, оваја мајка (покажува на мене). Точно 2 години има мојот. Исто премногу цицаше. Не забораваат веќе, тешко им е, ама ќе се издржи. Не попуштај, потешко ќе е за двајцата ако попуштиш. Градите по малку одмолзувај ги, ептен малку. Ставај зелки и тесен спортски градник. Јас во зелки ич не верував ама се изненадив колку ми олесна од нив. Еве денес направив ехо на гради, има уште малку млеко во нив ама веќе нема никакви грутки. Првите денови ми беа претешки и болни, имав и црвенило ама помина.
@gjoker4e измолзи малку колку да ти олесни и ставај ладни облоги од малку подзгмечени листови од зелка. Пиј чај од жалфија