Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.143
    Пол:
    Женски
    Прашај во аптека или педијатар. Сигурно ќе ти препорачат некој што е безбеден
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.439
    Допаѓања:
    17.082
    Мојата јаде сѐ, јогурт, кисело млеко, сирење, кашкавал. Јогурт битно со се и оди,со риба пример :|
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    Немам искуство, ама рандом тетка ми кажа мачкала чај од пелин за одбивање :wasntme:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.143
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не е толку страшно и да не пие млеко :)
     
    На pamelche и sani99 им се допаѓа ова.
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Со измешани емоции со плачки и јас и синко со олеснување ни заврши доенечката приказна. Еве скоро недела дена од последниот подој. 17 месеци исполнети со подеми и падови, со гушкање, смеење, гризење, галење, непроспиени ноќи, ама тоа чувство на блискост, на љубов не се опишува со зборови, незаменливо, уникатно!
     
    На Butterfly1212, Pham, Discovery и 10 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Најпрво ти мора да бидеш психички спремна за да го одбиеш ако е страсен цицач, тука пишуваа дека и кармин ставаат на гради да изгледа како крв, исто се шкртаат со моливче демек расипано, имаш многу можности како да го излажеш да му се згади, само ти биди јака, упорна и решителна, зошто верувај тоа одбивање на страсен цицач е најтешка работа.

    е сеа за јадењето колку е гаранција дека ќе јаде е веќе прашање :) моето не јадеше нешто да речиш ни кога го доев а ни кога го одбив, спасот го најдов в градинка
     
    Последна измена: 10 април 2023
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки денеска на син ми му правевме 1 годинка и ме изненади, вчера му дадов малку домашно млекце и многу му се свиѓаше, и од сабајле ми ја гризе градата.. Не ни пробува да цица одма а ја види ја гризе.. Неколку пати пробав ама џабе, јас секако планирав после роденден да го откажувам, но вака ме изненади неочекував пошто стварно мн сака цице и кога ќе види скроз се вознемирува додека не му дадам. Преку ден до 2 пати максимум, но навечер на секој еден саат се буди за цице, и заспива на цице. Ми треба совет за намалување на млекото, за да не фатам маститис, а веќе ми се полни градиве. Ви благодарам, поздрав :)
     
  8. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Да се запишеме и тука после први успешни 48 саати недоење. Очекував многу потрагично дека ќе биде одвикнување. Го виде неколку пати цицето со сенф намачкано и не ни проба. Се жалеше за заспивање, патеше по него ама прва вечер откако заспа не се разбуди 6 саати. :rock: Никогаш до сега не врзал толку сон. Следно е да се надевам дека конечно ќе преспиеме ноќ (fingers)

    Роден цицач, вљубен во цице и ниту еден болен момент при доење. Без гризење, без лош фат уживање и релаксација взаемна ни беше доењето. 21 месец цицање без ограничување. На здравје млекце и им посакувам на сите мајки и бебушки долг доенечки стаж. :inlove:
     
    На Butterfly1212, Leanne, nevermet18 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    И јас да го запишам нашето одбивање. Морам да ви признаам дека не бев спремна за овој чекор, али дојде и тој ден. Пробував прво неколку пати со сенф, него не му сметаше. :D После тоа се откажав, решив да почекам уште некој период да помине па пак да пробаме ама он ме изненади мене.
    Веројатно е чиста случајност, али морам да го споделам ова. Пред некој ден бевме на гости и во меѓувреме доаѓа една жена, а тој цицаше. Оваа кога почна: "Леле срамота, ти си голем, немој веќе да цицаш, дрн дрн". Леле мајки, си дојдовме дома, овој нејќе ни да ја погледне градата. Ја оваква :o, мислев дека ќе се предомисли, дека барем за заспивање ќе побара. Ма јок бре. И од тогаш ни дај ни придај. Ме заборави, како никогаш да не цицал. А беше страствен цицач, цели 20 месеци цицаше.
     
    На Coco31, IRBBB, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Супер што сте се одвикнале така лесно.
    Само уф, ме нервираат вакви коментари од рандом жентурачи, особено кога им набиваат чувство на срам на децата директно.
     
    На Luna91, nevermet18, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Леле да може моево само да се одбие ќе бидам најсреќна :)
    За недела дена прави година ипол, заљубен си е во цице, од прв ден е на доење(само 2 пати му имам дадено АД во првите три вечери дома кога си дојдовме), а тетрапак млеко има пробано и не го сака се стресува :D а јас...и сакам и не сакам да го одбијам.
    Сакам затоа што веќе ми е напорен со будењата ноќе по неколку пати, а не сакам затоа што се мислам како ќе се успиваме и презаспиваме, на страна тоа како си ужива, како се гали и гушка додека цица...

    Кажете како поминавте вие што ги одбивте а бебуши заспивале и презаспивале со цице...може ќе се решам да го одбијам пред лето, да не чекам есен (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  12. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Ете сме од збор до збор. Истата грижа ми беше како ќе се научи да заспива и презаспива без цице тоа од секогаш ни било единствена опција.
    Првиот ден кога се одбивме денски заспа возејќи се во кола, вечерта кај татко му во раце нишкајќи. Плачеше се жалеше зошто нема цице ама кога заспа не стана 6 саати, после тоа пак со нишкање презаспа до сабајле. И толку беа плачките. Сега си заспива во раце со нишкање не подолго од 5 мин и многу повеќе сон врзува од претходно. Некогаш еднаш некогаш ниту еднаш нема да стане. Поодморен и он и јас. Само да се спремиш ти кога ќе пресечеш и тоа е тоа. Стварно за неколку дена се прилагодуваат децава. Веќе не ни бара, ни тегне ни ништо. Ко да никогаш не цицал.
     
    На nevermet18, IRBBB, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Оф..дај Боже да биде така лесно, само уште да се решам.
    Би го доела уште ама стварно веќе ми ствара нервоза ноќното будење.
    Преку ден е во градинка и дома не спие после градинка(освен викенд), така да само ноќното успивање и презаспивање ме плаши.

    На колку го одби ?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    На 21 месец.
    Кога и да одлучиш дека е време, стисни заби и издржи неколку дена. И секако зелки на гради од сам старт ставај си, единствено со нив спас видов. Со лесно нека ви е(fingers)
     
    На sani99, nevermet18 и WhiteAngell им се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    И кај нас беше исто. Немаше шанси да заспие без цице. Константно ме влечеше за блузата, во било кое време од денот си бараше сам (а кога не сме биле заедно, тој во градинка, јас втора на раб, цел ден нема да се видиме и нема проблем за млеко). АД не прифати никогаш. Тетрапак исто не прифати (додуша и јас сум против него). Сега не пие никакво млеко, освен јогурт.
    Него не му беше никаков стрес одбивањето. Дали дека по сопствена воља беше, не знам.

    Инаку сакав да прашам после колку време ви сопре млекото? Една недела веќе, уште се одмолзувам (два пати дневно) и уште ми се преполнуваат градите и ме болат.
     
    На WhiteAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Совет од докторката кај што одам на ехо на гради е одмолзување да избегнувам. Или еднаш во 2 дена максимум. Вака само се стимулира лактација.
    Кај мене запре за околу 2 месеци целосно. Му треба време на организмот да се прилагоди. Исто како што на почеток треба време да се воспостави лактација, така и сега да се прекине.
    Стегај ги градите и пиј умрено чај од жалфија.
    Јас и двата пати поминав без апчиња, а имав доста млеко.
     
    На sani99 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    14.410
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Бебе ми е одбиено пред скоро година дена
    Последниве недели некако почна пак млеко да ми течи
    Дали е нормално ?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.004
    Допаѓања:
    40.314
    Пол:
    Женски
    Провери си ги хормоните. Висок пролактин знае да даде таква состојба.
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мами може совет,две години сме веќе без цицање не заспива и преку ноќ се буди сто пати...сакам да ја одбијам сме пробале друг да ја презаспива и нема шанси а навечер кога се буди додека не добие цицање плаче се корне.
    Прашањето ми е сакам да пробам со сенф се надевам дека ке е успешно,се мачкате па им зборувате нешто ?
    Навистина не ми е јасно како да ја одбијам на тој начин,а да ја оставам да се корне цели ноќи е последната опција :|
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дојде редот да го одбијам моето страсно цицалче на 2 години, веќе неколку дена не цицаме, не ми се полнат толку градите често но осеќам болка. Дали да почнам со достинекс и како ви делуваше вам? Има ли ефект, има ли некакви последици?
    Инаку кај нас со сенф и со оцет беше безуспешно, бидејки јаде кисело, но имаше ефект муабетот дека цицето се расипало и што беше измотано во листови зелка
    :D