Пред да пробаш со апчиња,пробај под туш со масажи со кружни движења и топла вода. По малку одмолзувај колку да ти олесни. Јас ниту апчиња пиев,ниту се стегав, вака успеав да запрам лактација. Пиев и некоја чаша чај од жалфија.
Планирам и јас да го одбијам , дали може уште сега да почнам со чај од жалфија или откако се одбиеме скроз ?
11 месеци сакам да ја одбијам. Преку ден веќе не цица , само пред спиење. И во текот на вечерта 4 пати. Веќе сум хронично не наспана значи таа ќе заспие јас неможам и кога ќе заспијам таа повторно станува. Знам дека и ако ја одбијам ќе станува по навика но јас веќе не сакам да дојам. Има денови и кога цица и неможе да заспие значи плаче се тегне па морам во сред ноќ цел саат да ја презаспивам. Ве молам за искуства совети. Преку ден немам никакви проблеми со градите. Како да ги намалам подоите во текот на ноќта?
Девојки, совет. Веќе два месеца како не дојам, градиве ми се тешки. Се одмолзував првите неколку денови малку колку да ми олесни, сега ги осеќам полни. Колку време, од прилика, ви требаше за да запре млекото и да ви се олесни?
3 недели. Првата недела по 2 пати на ден со пумпа одмолзување, втората еднаш рачно, третата минимално рачно. Имав премногу млеко. Викаш дека ги осеќаш тешки, не пробуваш да се измолзиш? Чудно ми е 2 месеци да се полни. Јас имав грутки кои ги разбивав рачно, ама сепак постепено одмолзував за да дојдам до празни гради.
Невозможно беше за мене да намалам подои. Наеднаш прекинав, дупло поголемо дете, доење и дење и ноќе, со малку плачки и објаснување, од 10 будења, сега по еднаш се буди и брзо презаспива.
Денес со ќерка ми (18месеци) бевме во парк и почна да ме тегне за блуза да вика додека не и дадов да цица не се смируваше. Последниов месец цица ко новороденче навечер по 100 пати се буди. Решив дека е доста цицање. Прв пат вечерва заспа до мене без цице. Ги залепив брадавиците и и кажав дека нема веќе оти е голема. Поплака малце стануваше неколку пати и ми покажуваше дека е голема со раката(значи ме разбра) и заспа. Душа ми плаче. Многу ми е жал...уште се предомислувам дали избрзав како ќе не биде вечерва .. плус никакво шише не фаќа никогаш не пиела адаптирано ...со господ напред . Си поплакавме и јас и маж ми.
Тешко е многу,но ако си цврсто решена ќе издржиш. Не попуштај, за 3 дена ќе те заборави (односно цицето)
Првата недела да, дури мислев и да почнам со достинекс, ама во рок од 3 недели успеав да се одмолзувам како што пишав погоре, мора да излезе тоа млеко само да не се стимулира повеќе, туку баш така малку по малку, прво со пумпа па после рачно под туш топол, за да се дојде до нула. Со лесно.
Трети ден без доење. Ќерка ми скоро и да се навикна иако беше дење ноќе на гради и на 18месеци уште млекото и беше основата. Ги залепив брадавиците и кажував првиот ден дека е голема и ги нема повеќе. Одма и влезе тоа во глава и кога ќе и текне за цице не бара туку покажува со раката дека е голема, рандом на луѓе по улица на сите покажува како е голема. Тоа што ми беше најважно почна многу повеќе да јаде уште од одма. Пред тоа никако да се убедиме сега сама оди да го отвара фрижидерот не можам да поверувам. Она е супер,весела си игра...ко ништо да не било. Јас сум крш. Гради преполни иако денес е подобро за разлика од претходните два дена, психа лом иако си велам паметно направи еве детето ти јаде повеќе не можам да се помирам. Само си велам можеше уште некој месец не е толку голема ..башка цицаше многу брзо никако не се лигавеше на цице за 5мин нацицана од бебе,никогаш не ме каснала... Ептен беше душа...ама навистина скоро ич не јадеше стално кога ќе и се пријадеше право на цицање немаше шанса да и дадам друга храна плаче пишти да цица... Едино заради ова се радувам дека сега јаде. Навечер ми се буди по неколку пати малце ќе се пожали и одма презаспива. Ние од прв ден спиеме заедно и сега решив да продолжиме па кога ќе се разбуди ќе ја гушнам ќе и пеам и ќе си презаспие. Постов крш како и мене ама се тешам за нејзино добро е ...
Здраво. Имам пишано и претходно но никако да се одлучиме на одбивање. Малата (17м) цица само преку ноќ, значи денски воопшто не бара. Е сега, ние за месец дена се селиме во друг стан каде ќе имаат своја децка соба заедно со брат и, до сега спиеше со мене на спална со пуштени white noise и секако цела ноќ да цице. Прашањето ми е дали да почнам со одбивање уште првата вечер во новиот стан со воведување нови навики, гасење white noise и спиење сама во креветче дека по секако ќе и е промена, или пак да не и дојде се наеднаш да ја обијам овде во старата дома? Според мене мислам дека во новиот стан ќе е подобро дека таму нема навики стекнато како тука што спалната кога ќе ја види ја потсеќа на цице, но сепак сакам да чујам ваше мислење да не и биде многу шок наеднаш. Ивинете на долгиот пост.
Здраво. Поради одредени причини морав да ја одбијам малата(14м). Последниот месец имавме само по два подои на ден , наутро и пред заспивање. Докторката ми препиша Достинекс и почнав да го пијам по шемата како што ми кажа. Но еве денес од како ги испив градите ми се наполнија , и од едната млеко ми потрче. Што да правам понатаму? Дали некој има искуство?
Со два подои на ден, по мене не ни требало апчиња да пиеш, само ќе го снемало млекото. Кога нема стимулација, нема млеко. Ако ти се полнат и те болат одмолзи колку да ти олесни и ставај зелка. Ако не те боли, не одмолзувај за да не стимулираш, само зелка ставај. Скроз не знам кога би го снемало, јас не дојам 9 месеци, уште капнува по нешто ако стиснам.
Вчера официјално се одбивме со тешка мака на 21 и пол месеци , морав да ја донесам одлуката за негово добро. Страствен цицач беше 24/7 , ништо не сакаше да јаде кога сум јас на видик ( сакаше попрво да цица цело време ) .. Вчера вечерта ставив сенф и веднаш побара да избришам ама му рековме дека е расипано млекото и веднаш проба , и одма плуќаше и заплака малку. После кога требаше да спие веќе му нудев неколку пати и викаше не не ... од бебе е таков , не се гушка ич додека спие и заспа , после околу 1 часот вечерта хорор беше, со ништо не се смируваше ( ме тепаше, ме буткаше ) го земав да го прошетам низ стан, не сакаше ич ама после се смири едвај и од умор заспа па во 5 и пол сабајле истото се случи , ми побара и му реков дека е расипано млекото и му покажувам и ми вика не не, со плачење, тепање итн... Буквално ич не сака да го гушнам ни да го галам за да го смирам Вас ли истото ви се случува? Ич не ми е сеедно што ме брка, што не сака да го гушнам.... се надевам дека веќе е официјално одбивањето.