Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    15 месеци сме. Цицање кога сака, малку јаде, така и заспива. Не можев да намалам подои ќе мора наеднаш да се одбиеме. Уште немам добиено имам некоја циста итн. Многу ми е тешко но ќе мора да се решам.. Планирам да носам тесен градник, листови зелка, да пијам чај од жалфија и да намалам внес на течности. Ќе успее ли ? Страв ми е да не ми се направат грутки, што со млекото во градите и дали ќе мора да се одмолзувам? Ви благодарам.
     
    На Ceci16 и BambyLove им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    П
    Да одмолзуваш сосема малку да ти олесне кога ќе ги осеќаш тапан подуени. Инаку не.
    Малку само под туш за да не бидат напнати.
    Јас и со завој бев замотана плус првиот пат, без чаеви ми сопре. Немав грутки. За второво само од себе прекина.
     
    На Butterfly1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Листови зелка од прв момент кога ќе решиш да се одбиете ставај, уште додека се меки градите. Тесен градник не носев не можев да трпам ништо тесно. Одмолзував по 10 - 15 мл само кога многу тврди ги осеќав градите, пред да почнат грутки да се прават колку да ми олесни. Од ден во ден ќе се навикнат градите ќе омекнуваат. Со лесно! (fingers)
     
    На sani99 и Butterfly1212 им се допаѓа ова.
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Вчера официјално се одбивме со тешка мака на 21 и пол месеци , морав да ја донесам одлуката за негово добро.
    Страствен цицач беше 24/7 , ништо не сакаше да јаде кога сум јас на видик ( сакаше попрво да цица цело време ) .. Вчера вечерта ставив сенф и веднаш побара да избришам ама му рековме дека е расипано млекото и веднаш проба , и одма плуќаше и заплака малку. После кога требаше да спие веќе му нудев неколку пати и викаше не не ... од бебе е таков , не се гушка ич додека спие :( и заспа , после околу 1 часот вечерта хорор беше, со ништо не се смируваше ( ме тепаше, ме буткаше ) го земав да го прошетам низ стан, не сакаше ич ама после се смири едвај и од умор заспа па во 5 и пол сабајле истото се случи , ми побара и му реков дека е расипано млекото и му покажувам и ми вика не не, со плачење, тепање итн... Буквално ич не сака да го гушнам ни да го галам за да го смирам :(
    Вас ли истото ви се случува? Ич не ми е сеедно што ме брка, што не сака да го гушнам....
    се надевам дека веќе е официјално одбивањето. ;(;(
    П.с ве молам како да го презаспивам без плачки и да шетаме низ стан ? Кога би престанало тоа, веќе 38 часа без цицање е...
     
    На Ceci16 и BambyLove им се допаѓа ова.
  5. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно си болува по цицето, ќе најдете нов начин за заспивање, нормално е првите денови плачки да има ама ќе навикне и он и вие. (fingers)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Сакам само да споделам дека конечно кажавме чао на цицето по цели 3 години и 1 месец.
    Пробував неколку пати кога беше помала но не успеав или јас така сакав некако.
    На моето девојче и е тешко за цицето но мене уште повеќе . Можам да кажам дека доењето е повеќе од храна за нашите малечки . Тоа е нешто незаменливо. Уживајте мајки со вашите ангелчиња бидејќи верувајте дека еден ден ќе ви фали и тоа многу...
     
    На Ceci16, Autumn Love, mKdevojce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички.
    Се одбиваме, градите ми се полни.
    Топол туш на градите помага ли, ќе ми олесни ли?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    И јас ја одбив пред 3 месеци. Сеуште ми е лошо, јас полошо поминав од неа си плачев на секое барање, многу пати пробав и пишував овде и пак попуштав накрај, секако си имав замисла до 2 години и доста е ама некако многу брзо одлучив.

    Пред да ја одбијам некако ја навикнав со бели звуци помалку да бара преку ноќ инаку беше како новороденче навечер само седеше на цице. Страствен цицач 24/7 закачени бевме. Ама беше болна и ајде да и дадам еднаш два пати и си почна исто на некое време стани и плачи, како што вика @sani99 ме туркаше, не сакаше ни да ја гушнам, ни да ја прегрнам и реков готово доста е. И кажав мачето го зема цицето нема цице. И како да си знаеше, ако побараше сама ќе и текнеше мачето го зема цицето и толку.
    Ми побара после некое време од кога ја одбив и кажав мама повеќе нема млеко во цицињата и сега знае веќе.

    До ден денешен ако ме види да се облекувам иде и ги гушка, цици мои мили. Вика ги гушнав и готово сега да ги скриеме.
     
    На mjay.yyy и sani99 им се допаѓа ова.
  9. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Искрено потешко е веќе откако се одбивме... Ме турка , не сака ни да го гушкам наутро кога станува и навечер исто.. Премногу ми е тешко, ни на ручек не сака да заспива ич кога сме дома :( се изнамачи скроз
    премногу е нервозен се почесто.. Хорор, се надевам дека ќе помине периодов
     
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    15.336
    Мајки, имате ли забележано промени со циклусот поради престанок на доење? Последниве три месеци добивам со по една недела каснење. Си мислам да не е до тоа што се средуваат хормоните... :?:
     
  11. Bankiche

    Bankiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
     
  12. Bremena

    Bremena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki
    Sakam da prekinam so doenje pa citam poveketo pisuvate odbivanjeto da e dodeka ne pocnalo Leto.Moze da mi kazite koja e pricinata da ne se odbiva na leto?
     
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас сред август ја одбив.
    Врска немам која е причината ваљда да не дехидрира ако не пие други течности. Мојава си пиеше вода доста.
     
    На Bremena и sani99 им се допаѓа ова.
  14. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мајки, какво искуство имате со одбивање на цицање .... полека сакам да ја спремам
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    Одлично, зато што ја остадов сама да се одбие.. она беше спремна и си кажа
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да го споделам крајот на моето доенечко искуство.

    Доев две години. Од една година и некој месец, скроз ги намалив доењата, односно доев само од сабајле и навечер пред легнување.
    Пред два месеци го прекинав утринското доење. Имаше малку бунење, лутење, но на крај прифати и продолжи повеќе да спие од сабајле :)
    Пред една недела прекинав и со вечерното доење, и покрај тоа што 99% од времето, заспиваше со цицање.
    Страв ми беше како ќе заспива, дали ќе има протест, ама за чудо, поминавме супер. Без никакви отпори од страна на ќерка ми, без плачење и без проблем за заспивање. Новиот метод на заспивање ни е да се гушкаме и да пееме неколку песнички.

    Најмногу ми беше страв како ќе поминам јас со намалување на млекото, затоа што во целиот процес на доење, 7-8 пати ми се затнуваше канал, и ми беше доста болно.

    Арно ама, се си помина во најдобар ред. Првата вечер кога не и дадов да цица, немав некои болки, ниту ми беа полни градите. Следниот ден веќе осеќав некој притисок, и почна да ми капе млеко, па земав малку се одмолзив рачно, колку да ми олесни. Од тогаш па до сега, не се молзев пак, ниту пак имав потреба. Веќе и градите ми се вратија во нормала.

    Може ќе ви се најде корисен мојот метод на одбивање и прекинување на доење.
    Самиот процес е толку природен, што ниту пиев чаеви, ниту намалив внез на течности, ниту ништо. Едноставно одлучив да си го "слушам телото", и да следам што се случува. Верувам дека со малку трпение и со рачно одмолзување, ќе си се намали млекото и се ќе се среди.
     
    На Viveki, BambyLove, sweetgirl92 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.576
    Пол:
    Женски
    Да си го забележам и мојот доенички стаж со ќерка ми ,2 год и 5 месеци,доколку се смета за одбивање ,4 дена е без доење.

    Ми надоаѓаат солзи кога ми текнува на првите денови,тежок пораѓај ,па со итен царски и млеко ми надојде после 4-5 дена,тука не даваат дохрана,од хранење со шприц,до многу пролеани солзи на мајка која сака да дои незнаејќи ништо а само едно ,да има нахрането и среќно бебе,стигнавме до долга доеничка приказна ,приказна во која уживавме во секој заеднички миг, таа и јас ,гледајќи се очи во очи ,знаејќи дека сме си целиот свет.:inlove:

    Успеав да ги дојам тандем со бебе 2 месеци,но хормоните не дозволуваа,уживањето со нејзе стана измачување и за двете,ако до пред бебе цицаше само за заспивање ,со бебе почна по цел ден и цела ноќ.Решив дека е доста.Првата ноќ си плачевме и двете,дел од мене сакаше да попушти ,но издржав.Секој нареден ден беше со се помалку плачки.

    Ако некој досега ви рекол(што мене ми се десило многу пати и тоа од блиски),те бара постојано и не седи со никој дека ја доиш(иако јас како мајка знам дека не е така,доено или растено со адаптирано,мајка е мајка и никој неможе да ја замени!),слободно нека си зборуваат,ќерка ми сега ми покажува уште поголема љубов,по цел ден ме гушка,постојано ме бара да сум и на вид:hug:
    Продолжувам понатаму,се надевам дека и со синко ќе имам можност за уште една успешна долга доеничка приказна. (fingers)
     
    На Viveki, Leanne, Ceci16 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Мајки треба да почнам на работа а детево 17месеци 90% е на доење и многу малку прифаќа храна, вода скоро ич. Многу сакам да престанеме со доење, сакам да почне и да јаде и да пие, барем после пладне да може да се најаде и да заспие без цицање.
    Мислам дека ќе се преродам кога ќе престане е до толку ми е смачено ова не јадење и пиење а само цицање да се барало.
    Ама страв ми е ќе дехидрира и знам нема ни да јаде ни да пие кога ќе не сум тука. Дајте ми некој совет како да намалиме, цуцла, шише, адаптирано никогаш не прифати. Немам идеа како да ја заспијам без доење, секој ден нудам ручек, сок, млеко, одбива и се убива од плачење за да цица.
    Инаку и доручек одбива и до ручек е обично скроз гладна :sweat:
    Ноќе често цица 2-3-4 пати ама баш кратки подои, колку да ме сети дека сум тука и призаспива за неколку секунди така да не верувам дека и држи ситост до ручек другиот ден.
    Дајте ми некој совет како да намалиме подои, вака веќе не ја бива.
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Детето ти е веќе големо и баш треба да те загрижува тоа што не јаде. Мотив плус да завршиш со доење.
    Совет од педијатар беше до 12 месеци е неопходно доење,после може да се почне со одбивање дури не е задолжително ни друго млеко да пие,под услов да конзумира млечни производи(кисело млеко, јогурт, павлака, сирење).
    Дали детето оди во градинка?
    Кај мене олеснително беше што до кај 13ч беше во градинка,потоа дома цицаше еднаш-два пати до вечерта,потоа за заспивање и по 3-4 пати ноќе се занимаваше со градава.
    Почнав со одбивање така што му ги кратев денските подои,го занимавав,му пеев,раскажував приказни,нишкав и така заспиваше. Следно беше подојот пред спиење,исто со читање приказни,а сам си ги скрати ноќните,односно не се будеше.

    Првиот пат за краење денски подој ги ишкртав градите со моливче за уста и му кажав дека се расипани,на што поверува.
    Имаше негодување нормално,но јас не попуштив зошто бев цврсто решена да го одбијам.
    Тогаш имаше 20м.
     
  20. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Ај и овде да прашам, на кој начин успеавте да го натерате бебчето да пие вода?
    Треба женами да прекине со доењето.. малата има +10 месеци, до сега капка вода не се има напиено. Цуцла/шише воопшто не ни сака да фати.
    Пробуваме со чаша, пие едвај по една голтка, другото го плука.
    Инаку сокче и слично си пие од чаша без проблем, ама вода никако и никако и никако :@