Па баш и ме загрижува, и затоа од педијатар до форумов барам идеа и совет како да сменуваме нешто. Оди во градинка од пред месец дена, со плачење нон-стоп, одбива и храна и пијалоци и седи само по 2 ипол сати (од 9 до 11:30) повеќе не е возможно во моментов тоа и е максимум.
Многу слична доенечка приказна имав. Исто цицето му беше се, воопшто не беше заинтересиран за храна (уште е маанџија). И сакав постепено да кратам подои за да не ми биде нагло ама не успевав. На секој обид да прескокнеме цицање драма се случуваше. Затоа и нагло прекинавме. Неколку дена имаше тажење по цицето ама одма почна повеќе и да јаде и да пие течности. Дури и ноќта почна да ја преспива без да се разбуди 68 пати. Нека ви е со лесно кога и да решиш мама.
И ние имавме слична доенечка приказна до 21 месеци, јас нагло го одбив со сенф.. Беше тажен, емотивен една недела или па повеќе ама сега ми прави огромен проблем со храната.. Ништо не сака да јаде дома , а во градинка не прави проблем. па збудалев искрено ама се држам до тоа дека ќе пројаде еден ден и да ужива во храната
Епа водата не е сок, затоа нејќе да пие. Намалете со сок и нудете вода постојано. Нека има своја чаша со вода која ќе ја гледа нон стоп и ќе му биде на дофат.
Здраво девојки, моето бебе е 2 месеци и од почеток беше на доење но со ад во комбинација затоа што немав многу млеко. Еве веќе втор ден пробувам да измолзам за да видам колку млеко имам но само по една капка капнува кажете ми дали знае некоја дали нешто треба да пијам или потребно е да се јавам кај гинеколог?
После колку време без цицање се смета за одбиено? Веќе некој период не цица ден-два-три, па бара пак. Некогаш не му давам и пробувам да му одвлечам внимание, успешно, некогаш толку драматично го доживува тоа, а ептен тежок период му е со тантруми и ноќни терори, па попуштам. И тогаш ќе цицни два-три пати и се трга сам и вика 'доволно е'. Немам ич млеко, само брадавиците ме болат ужасно дека бремена сум.
Мамички, после одбивањето тие дечиња што се будеа за цице по цела ноќ кога почнаа да ја преспиваат ноќта? Ние веќе една недела не цицаме, но сеуште се буди и ми кенка, и давам водичка (од чаша, шише не прифаќа) и презаспива, некогаш и лепче ми бара (најадена си е пред спиење) ама едно залче го јаде и заспива...
Различни се сите, некои едноставно не спијат и нема врска дали цицаат или не. Син ми е од тие. Веќе пола година не го дојам, тој навечер не спие нормално, таков си е. Единствена промена е што веќе си презаспива сам и не бара ништо, не кенка, ама немирно ја минува цела ноќ. Така што не знам колку ќе ти значат искуства од други, ќе си чекаш и ќе видиш кога и дали ќе почне да спие по цела ноќ. Јас веќе изгубив надеж за моево дете
Не губи надеж, мојот поголемиот е 4год и почна да си спие нормално после 2,5 иако го одбив точно на 1година, но тој пиеше од шишенце и така презаспиваше, па сметам дека тоа ми беше грешка што му нудев шише, сега ќерками не пие од шише па потајно се надевам дека ќе си презаспива самата и нема да има плачки освен не дај боже да има ноќни терори како брат и` еден период.
Откако не го дојам не нудам ништо, ни вода ни млеко, ништо. Никогаш и не побарал. Само приказни и гушкање бараше на почеток, сега не ама пак не ја преспива ноќта. Никогаш не се случило, ни еднаш. Едноставно се буди и тешко спие, па веќе стварно не знам кај му е грешката
Нема грешка, период е ќе видиш ќе си спие по цела ноќ без да се буди само треба време, јас не верував дека син ми ќе спие како топ и ништо нема да го буди и да му смета
После колку време скроз ви запре млекото? Јас во мај престанав да дојам, еве сега ако се стиснам, ептен малце имам како бело, мала капка, а само од себе не тече, само ако јас пробам да стиснам.
Јас се одкажав искрено од одкажување на сила. Пробав 2 саати и не можев, ок реков ќерко терај додека то одлучив и не зажалив. Цицањето и беше се, не јадеше количински многу, нити па нешто различно, едно те исто. Ме убедуваше една Др дека кога ќе престане, ќе пројаде ама не ја послушав, терав до крај. Прелесно се одкажа кога таа сакаше, иако мене живци ме фаќаа секој подој ама истрпев. И знаеш што? Нит пројаде, нит се здебели, нит смена нешто во врска со исхраната од ко ја одбив. Си тера женската исто како и тогаш. Може да живее на една банана цел ден или една манџа, се што е плус е охоо за нас се прејала, за ништо не правам притисок, нит па имам намера да и отварам уста со сила или да ја убедувам со саати. Нема да дихидрира не се секирај, нешто ќе мора да пие, нешто ќе мора да касне-колку, толку. А може и ќе пројаде вистина. Наше искуство е тоа, одкажувањето апсолутно ништо не ни смена. @Mumoftwo30 после 6-7 месеци ми запре скроз млекото.
Девојки, апчињата за престанок на млеко може да се купат без рецепт? Очајна сум. Малиов е страшен цицкољубец, ама ноќе 10 пати во саат бара цицка. Шанса нема да кратам подои, кога сака нешто вреска, ме мава мене, се мава сам со глава, тегне по мене, дефокус не помага значи морам наеднаш да скратам. Страв ми е како ќе биде, осеќам ќе биде хорор неколку денови. Споделете искуство како сте поминале со страсни цицачи и како најбрзо да се намали млекото, премногу имам.