Колку месеци има? Зашо не прифатиш дека ужива и не оставиш сам да се одбие? Јас покушав 2 саати највеќе да не и давам, а глеј голема беше 1 и пол година, а 2 саати без цицање беа многу. Немав проблеми нешто на вечер оти а пикниика цицката во уста, заспана беше и не ми беше тоа тешко. Епа кога не и дадоб да цица тогаш, главата од под ја маваше со сета сила и реков чекај, стисни заби Бубе и нека цица, нема вечно да трае. Ја остадов и дојде и тој ден, сама ми рече мама неќам појче, исто и со пелените беше, ништо на сила нњ правев, а и јас сакав апче како тебе, па кога читав дека има несакани последици, заебив. Пробај на вечер да јаде нешто што ќе го држи
Затоа што јас не уживам. Ме гризе ме боли, цело време сум со рани, немам преспиено ноќ 13 месеци, сабајле главата ми шантра и не гледам бела мачка пред мене. Не можам више да станувам сабајле и да се осеќам ко претепана. Ми страда и физичко и психичко здравје. Исцрпена сум и нервозна. Башка што тој е гладен цело време оти е само на цицка и време му е да пројаде цврста храна нормално. Да јаде и да има нормално по неколку подои немаше да ми е проблем.
Епа мајка види со доктор муабет направи да ти препише, види тие денови после апчето запознај се како ќе се осеќаш и носи бебе некаде да го чуваат ако имаш каде да го остајш со спиење 3-4 дена,
@Yowannty колку што јас знам со рецепт се, од гинеколог можеш да земеш рецепт. И мојата беше така само навечер цицаше преку ден ништо не јадеше и навечер надокнадуваше, беше по цела ноќ закачена за мене, многу убаво те разбирам како ти е! Јас пробав без апчиња и успеав. Навечер спиеше една недела со маж ми, јас одмолзував со рачна пумпа кога ептен ќе ми се преполнеа градите. Неколку дека чуствував притисок и болки. Потоа постепено почна да не ме боли толку многу и не морав толку често да измолзувам. Исто и ги држев стегнати градите.
Апчињава ми се повеќе од очај и во афект спомнати. Прво би пробала така, само многу се плашам дека имам многу млеко да не направам проблем. Со ќерка ми многу лесно поминав, кратев подои и на крај ни стегање ни облоги ни ништо не ми требаше. Сега се ми е многу покомплицирано. Не можам веќе да го издржам уморот ме убива. Ме прави нервозна, а со тоа и помала толеранција имам за децава.
Мајка, јас ти ја давам целата поддршка на светов ако за тебе тоа е измачување ,а се гледа дека е. Не се сеќавам колкав ти е бебушот, ама ако треба да почнете со храна и каши и ако тебе доењето почнува да те вознемирува, тогаш оди го тој пат. Битно е и твоето здравје и психички и физички.
Мајки здраво! Дали може да споделите искуство со одвикнување од доење. Малата ни е 13 месеци и супер си јаде преку ден и каши и сега веќе по цврста храна, но навечер станува многу фрекфентно за доење и се гледа дека е чисто од навика не од глад. А бидејки сум и на работа и сум исцрпена морам да ја одбијам. Моментално цица пред да одам на работа, откако ќе се вратам и ноќта. Лошо е што никогаш не засака шише (сега си пие вода од шишенце со цефка) па дури ни ноќта неможам да ја залажам со водичка/чајче без да ја расонам. Како сте го прошле овој процес? Како со најмалку стрес за неа да го поминеме ова?
Само оставање некаде. После пак ќе плаче и толку е. Јас така со синко бев и поминав без апчиња. Одмолзував по малку. Јас еве кратам подои. Ама навечер си сака. Синоќа заспа без, ама се нацица потоа. Жал ми, ама ќе пробам да кратам ептен и потоа ќе ја одбијам. Колку се поголеми, се потешко е.
Седам со цигара надвор, бебка дома пие млеко пред спиење. Ќе ја одбивам од вечерва. Цицаше ретко на сабајле, само навечер пред спиење. Не ми треба совет, само да си покукам
Пак ја Се спремам за одбивање конечно. Ако сака некоја да сподели искуство со премногу млеко. Многу, значи многу ми е страв да не си направам мастиси и чуда.. Од друга страна што со дете што ме мава дур не му дадам цицка. Плаче, урла ме тегне… моментално одбивањево ми изгледа невозможно, стварно не знам како ќе успеам да го одбијам.. огромен стрес ми е.
За градите од прв момент кога реков дека е крај ставав зелки листови и редовно мењав. Штом ги осетив тешки градите ги одмолзував колку да ми олесни и да нема грутки. Првите два три дена беа критични во однос на полнење на градите ама сами спласнаа веќе на 4 5 ден. Во однос на цицањето и мојот беше драма ако во истата секунда не му давав да цица кога ќе побараше. Работата е што е многу гадлив па покрај зелките ги намачкав брадавиците со сенф и кога и да побараше се откажуваше кога ќе ги видеше такви. Првата вечер најтешко заспа, тагуваше по цицето, единствено така заспиваше 21 месец. И од таа вечер намали со 345 станувања во текот на ноќта. Знаеше да се разбуди еднаш или ниеднаш што претходно беше невозможна мисија. Се надевам нешто ќе помогне од рефератов. Со лесно нека ви е и на двајцата.
И мене исто стрес ми е. И се чудам како ќе ја одбијам. Уште не сум се осмелила на овој чекор. Ама планирам наскоро. А од старт страствен цицач е мојава. И драма прави за цицање. Стварно не знам како ќе биде ...
Не се плашете, мојот страствен цицач го одбив во три минути. (Се немачкав црвен кармин и му реков боли ) Во три минути побара три пати и толку (2години). Дури почна и да си ја преспива ноќта. (10 саати)
Е мојава не разбира дотолку. Има 13месеци. Би ја доела уште ама не можам више.претера во последно време навечер нон стоп се буди. Преку ден почна и ни да јаде како што треба а течности никакви. И нон стоп да бара да цица.
Вчера набавив сенф и зелка и чај од жалфија. Ама еве го се разболе. Цела ноќ кашла. Пак ќе ми се оддолжи работава. Иначе вчера не знаев што и земав шлапнав мајонез на едната града да видам како ќе реагира. Се залета само првиот пат, после иако се измив не сакаше да дојде. Односно доаѓаше да си побара, ама кога ќе му понудев, ќе ја погледа градата иако измиена и немаше ништо, не сакаше да цица туку демонстративно ќе одеше да плаче во перница. Цел е драма значи. Евентуално му дадов пошо уште немав ништо купено. Иначе 14 ипол месеци е. Валда ќе биде подобар до викендот и конечно и ова поглавје да го завршиме.
Поголемото синче го доев 22 месеци,се разболев и го одбив на крај со маст за нокти грозозо, беше жално навечер ама издржавме. Сега имам бебе 13 месеци, замислував да го дојам додека не се одкаже сам ама не можам да го издржам темпото, по цела нок е залепен за мене, спие со цице во уста, како цуцла ме користи, плус одам на работа, се осеќам исцрпено, ослабнав 20 кг, веќе не личам на ништо од 75 кг по породување сега имам 57 и веќе изгледам страшно, висока сум многу.Цело време сум уморна и нервозна, сакам да го одбијам, он јаде преку ден ама јаде малку околу 100-150 г оброк му е а е турбо активен, и е многу слабичок, 9кг има а висок е доста, околу 85 цм, спрема алиштата.Од една страна ме гриже совест да го одбијам дека е слаб, бато беше многу покрупен, ама од друга страна ме загрижува мојата состојба, цело време сум преморена.Преку ден до 17.00 ч немам проблем со градите додека сум на раб, а кога ке дојдам се лепи до мене и цица 100 пати.Како да го одбијам, не прифаќа ни шише ни цуцла, многу ми е мака, и имам измешани чуства.Си викам викендов да го ставам да спие со мм да пробам.
Кај мене поголемиот некако фати цуцла со триста молења на 9м, и тогаш го одбив, малото не фати никогаш никаква цуцла, го одбив на 13 месеци, со тешки маки 3 дена беше урлање, ама веќе не можев да издржам, ме исцрпи премногу, јас не сум од тие мајки додека сака да цица, додека сака да моча во пелени и сл. Не може дете до 5 год да разграничи што и кога му е доволно, родителот е тој што треба да проба да го научи. Тоа е мое мислење нели.. јас пробав и со сенф, со кармин, со што све не, џабе беше.. на крај решив со плачки и тоа беше тоа, не попуштив за 3 дена се навикнаа. И двајцата беа страствени цицачи на ексклузивно доење, никогаш не пропија АД млеко.
@Yowannty @macalavica Ве молам споделете како поминувате или веќе сте поминале. Гледам најтазе мислења се вашите. Дојдов за совет ко да сте ми ги читале мислите. Првото со второто ми немаат врска. Големата како по книга со намалување подои, со давање вода навечер без проблем ја завршивме доеничката приказна на 13,5 месеци. Малово....аааааа малово има 14 месеци, веќе еден месец е во градинка адаптирана со доручек, ручек и спиење. Учителкиве ептен ја фалат, ама од кога тргна мислам дека ме исцица скроз. Да не ме види одма се закачува како лампион. Од бебе што на 9 месеци ја преспиваше цела вечер, се претвори во бебе што несака да го види креветчето и е само со мене на спална и закачена буквално цела ноќ. Од како ќе ја земам од градинка до заспивање на 2 саати бара да цица. Во меѓувреме си јаде цврста храна, ужинки се по ред. Се чудев ко ќе слушнев дека деца тегнат по блузи кај мајки, маваат, тепаат и се фрлаат на земја за цице. Едноставно не ми беше сватливо. Епа еве ме стигна