@V.N. Исто како со ќерка ми. Со неа намалував подои, а и таа никогаш не ми бараше, секогаш јас бев таа што нудев. На полни 15 месеци престанав да ја дојам и без проблем прифати ниту пак јас стегав гради или мачкав нешто. Сега со син ми поминувам се што не сакав да поминам. Тоа тегнење блузи, мавање по мене, акање од земја, плачки за цице. Еве веќе некој период по цела ноќ е на цице и стварно немам енергија денот до крај да го протуркам некогаш. Иначе се опремив со се што ми треба за да престанам со доење и еве ме уште дојам, веројатно сега веќе до мене е, некој психолошки момен ме кочи. За неколку дена ќе биде полни 15 месеци и тој и навистина се надевам деновиве конечно да пресечам.
Леле скроз скроз исто Од што ми ствара нервоза веќе мислам дека и јас имам блокада за да ја одбијам. Стравот ми е за навечер, денот ќе го протуркаме некако, ама вечерта ми е оффф
Ја пресеков. Само што го пратив претходното мислење. Станав се ишлакав со црвен кармин и се наредив со листови зелка. 11 ипол за дневната дремка последен подој беше. Заспа мали во раце вечерва со 2-3 минути плачки. Ќе биде хорор деновиве знам. И мене за ноќе ми е. Не знам што ќе се прави оти тој нон стоп се буди и бара цице за да продолжи да спие. Ама почнав веќе и тоа е тоа. Ајде почнувај и ти, што да плачеме, што да се бодриме деновиве.
Оффф ајде ќе кажеш и за навечер како проаѓате. Обично не сум коркаџика за вакви работи и викаат со второ полесно е, ама кај мене обратно изгледа
Женски кажувајте што да правам со градиве? Претешки ми се и ме болат. Морам да се измолзам, нема шанси да ги оставам така готови се грутки да се направат цели. Дома имам антибиотик уште некое апче, кога е време за него? Здравствено не сум добра за да пијам било какви јаки хормони за престанок на лактација, страв ми е од нив. Се осеќам очајно. Од вчера менувам листови зелка, и се стегам. Сега се измолзев и само се стегнав. Ми се чини се што правам е џабе…
Не земај антибиотик ако нема потреба, јас мастит поминав без антибиотици. По малку одмолзувај колку да ти олесни ко ќе осетиш дека се преполни и по некое време штом не дои повеќе ќе се намали самото. Мојата само од десна цица, од левата сум преполна уште, еднаш мастит направив, неколку пати бев блиску ама само така практикувам, зелка, малку одмолзување и ако има грутки ставам облоги и под туш масирам. Ако те фатат трески земај парацетамол или ибупрофен. Се надевам ќе немаш поголеми проблеми.
Измолзувај слободно, не оставај да се направат грутки. Колку и да одмолзиш сигурно не може да е колку што ќе исцица бебе во еден ден. Првите денови се најтешки мислам дека градите како да ќе експлодираат во секој момент. Полека ќе се стабилизираат. Зелки редовно и ладни облоги. Мене лично ми пречеше да ми се стегнати градите, во најлабав беби дол бев првите денови колку да има како листовите да стојат. Со лесно нека ви е и на двајцата, па да частиш мама за проспиена ноќ.
И јас маститиси и трески поминав без антибиотик и со првото и со второво на почеток, ама денеска ја расчитав темава и сите совети каде градите се тешки и болни беа трчај на доктор по антибиотик и нешто за прекинување лактација. Па ме фати страв да не направам поголема беља… Ама ко така, ќе почекам некој ден да видам како ќе биде.. Дефинитивно нема шанси да одмолзам како кога е исцицано. Па мене градиве цело време ми беа спласнати и меки, малиов мој не дозволи вака да се наполнат. Сега одмолзувам колку да ги разлабавам оти се многу тврди иначе. За спиење немам ја таа среќа дете да ми преспива ноќ. Уште 3 да родам мислам исто ќе биде. Вчера се на се спиев само 1 саат, се будеше на 20 минути, а од 23 до 3 ипол беше скроз буден. Со господ напред вечерва, паники на најјако ми се.
Како јас да се читам само мене прво ми е и од бебе што цицаше јас кога ќе и давам само, тргна градинка, се разболе тоа мислам беше уште повеќе тригер и сега истото како што имаш баш опишано. 13 месеци сме и незнам како да ја залажувам навечер посебно, цуцлата ептен ја сака ама сега ја фрла и бара цице. Дали давате вода навечер кога ќе бара да цица па да се залажува или не е добро да ја учам така да пие само нешто? Да се вратиме убаво у градинка и планирам одбивање ова не е работа да бидам како фикус преку ден и на работа. хелп
Големата од ноќно цицање ја одвикнав со вода. Три пати и дадов во текот на неделата и повеќе не се будеше навечер. Ама маловооооо, оффффф не вода црево да пуштам исто ми се фаќа вришти и пишти. Еве ноќеска незнам што и беше ама немам склопено очи 15 мин. Цела вечер да се кенкало и само цице да се бара
Исто, фаќа цица и као заспала се врти и ете а за 15-30 мин пак истото, што ќе се праи вака незнам, ич не беше ваква ич.
До кога планирате да доите? И јас како @macalavica многу сум ослабена не личам на ништо. Навечер нон-стоп бара да цица, преку ден исто пошто вода не пие ни сок. Жедна е нормално. Сакам да ја одбијам зошто многу сум заморна. Ми треба веќе сон. Ова трае точно 14 месеци, колку што има она. А и сакам да се здебелам слаба сум по природа ама олку никогаш не сум била слаба. Од друга страна пак жал ми е да ја одбијам многу страствен цицач е од раѓање. И знам тешко многу ќе биде кога ќе ми бара душава ќе ме боли. Па и ништо друго не пие, шише не прифаќа. Како ќе ја залажувам во спиење. Стварно не знам што да правам. И само одолговлекувам. Еден ден ќе мора да ја одбијам само не знам на кој начин.
Zdravo majki 19 meseci sme kako da go odbijam ic nezznam I preku denta cim.me gleda bara samo da cica I nejadi mnogu raboti
Сакам да почнам да го одвикнувам од дневните подои. За ноќните уште ми е јасно дека нема шанса, оти се буди и бара. Како почнавте вие? *13 месеци
Јас почнав да се помирувам со фактот дека мојава ќе цица до 6 одддление. Значи нема смисла веќе, она место да намалува се треска од земја за цицање. Кај се буди 2-3 пати навечер и цица по 20 минути најмалце, преку ден има 2 дремки кога заспива со цице, а ако и се сони и измеѓу во текот на денот пак цица. Ако не и дадам тоа е плачење до заоѓање, фрлање...а од друга страна во градинка викаат само што ќе ја стават во креветче заспива. Мајка ми кога ја чува вика ќе ја однесам во спална ќе погледа цртани и заспива. Затоа мене кога ќе ме види се повампирува. Се мислам и 3-4 дена да одам некаде кога ќе се вратам пак иста песна ќе биде кога ќе ме види.
Јас ќе ја одбивав, ама тргна на градинка и ај за имунитет да цица. Па и маж ми вели синко до 2 години сум го доела, оваа на пато ли е најдено. Она цица наутро и навечер. Сега гледам дека престана и да се буди. Презаспива и заспива без доење. Ама јас изгледа не можам да пресечам и да престанам да дојам. Се мислам дека не сум фер спрема нејзе