1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Мојата за 2м ќе прави 2 години. Ја чекав сама да се одбие... аха сигурно.
    Така првата ќерка се одби сама на 18м, оваа абер нема. Ама таа ќе си поцицаше и ќе се тргнеше.
    А толку ми смета ова цицањето, од прв ден ми смета. Мислам не цица за млеко, спие со цице в уста цела ноќ и одвреме навреме си подпивнува.
    Се си викам што поголема, тоа потешко ќе и биде. Алергија има на млеко и затоа уште цица, така беше препораката. Ама не се издржува веќе. Не можам да спијам во иста положба странично повеќе.

    @V.N.
    И јас мислам најдобро решение е да ме нема на неколку дена, само мм ненаспан ќе треба да оди на работа, ама изгледа и тоа мора да се случи веројатно. Чекав некој споен викенд да им организирам заедничко спиење, ама се не сме дома. Ама нареден споен викенд ќе ги организирам.
     
    На nevermet18 и V.N. им се допаѓа ова.
  2. Katence123

    Katence123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    So mislite za malce luto mene mi go dadoja kako ptedlog ama nekako nemozam da stavaam luto da se odbie
     
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Подобро пробај прво со кисело со лимон, греотка е со луто устата ќе му гори.
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    А најдобро ишкрткај ги со моливче за очи/уста и кажи дека се расипани.
    Моето така се одби.
    Греота е да проба луто/кисело.
     
    На Mom's_life и mssuniquee им се допаѓа ова.
  5. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски

    Е баш позитивно си ме несмеала :sun:

    Инаку друго сега..

    Проблемот си мислам е кај мене што само првиот и вториот месец употребив шише со млеко, од тогаш не. Се научивме со цевка силиконска чашка кога беше 6 месеци - и сега проблем (или можеби не е проблем незнам?зошто па да е проблем нели)

    Мене не ми е тешко да го дојам, а и бидејќи јаде сѐ, различна е побарувачката за доење (некогаш почесто некогаш поретко)

    Целиот стрес е кога ќе е кај баба му и дедо му и неможеле да го заспијат за дремка без шише млеко, ме барал мене
    (А тоа е еднш неделно)
    и ние шише со цуцла не сме им носеле,
    ниедно сме немале да им однесеме.
    (сега почнавме да го носиме по малку за да поседува и со нив )

    Сега толку време не сме употребувале , а да се враќаме назад на цуцла стварно ми е...
    страв

    И незнам...

    Некој совет нешто дали имате
    Како би постапиле

    Поздрав
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    13.691
    Пол:
    Женски
    Мојава исто ко беше месец-два го цуцаше тоа шишето со чај со брзина на светлината. Како поминаа грчевите баталивме шишето. Сега еве ја скоро 15 месеци вода незнае да пие ни од шише, ни од чаша со клунче, ни од цевка, ни од обична чаша. НИ КА КО :@
    Така да ако толку сакаат да дадат баба и дедо млекце нека дадат од чашка со цевка.
    Инаку јас па ко ја оставам мојава и не ме гледа без проблем си заспива ни цице ни мице. Во градинка па ко ќе ми кажат дека само што ќе ја стават во креветче дека заспива без проблем ми иде да се фрлам од 10 спрат.
    Дома мора да ме исцица 15 пати, да ме исцеди па да заспие
     
    На Leonessa Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Не знам колкаво е детето, ама пробај како една членка што ти кажа со моливче да се ишкрташ.
    Јас моето го одбив пред скоро еден месец на скоро година и 11 месеци, со маркер нацртав како бубачки на брадавиците и му ги покажав и му кажав дека се буби и дека ќе го каснат. Не ни проба да цица само ми ја спушти маица, така неколку пати и не побара веќе.

    Другарка проба со сенф, луто, грозозо гел, лак за нокти ништо не и успеа и на крај проба вака со приказнава со бубите, детето проба да цица и тогаш го штипна за устата демек бубата го каснала, така неколку пати и толку, не побара веќе. Во иста вечер ги одбивавме а децата ни се месец дена разлика
     
  8. Katence123

    Katence123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    20meseci e
     
  9. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Епа можеш да пробаш вака, поголемко е и разбира веќе
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Далеку од проблем е. Уште поубаво, не мора да го одвикнуваш од шише после. Штом досега не пиело, јас не би ни почнувала сега.
    Мое мислење е дека ќе направиш грешка ако сега воведеш шише. Баба и дедо за еднаш неделно ќе се снајдат за заспивање.

    Моето никогаш не пиело од шише, не сакаше воопшто и додека не почнав на работа заспиваше само до мене со цицање. После го чуваше кој стигне ( :drunk: ) и се снаоѓааа како знаат и умеат за спиење. Кој со песнички, кој со нишање, кој со количка, со кола. На мајка ми па сам и заспивал. Го ставала во креветче кога ќе видела дека му се спие, вика се врткаше и ќе си заспиеше. Во градинка од прв ден сам заспива.
    Сега воопшто не бара ни да цица за да заспие, дури ни за вечерното заспивање.
    Мислев да не го одбивам барем до март/април, ама ми се чини дека сам ќе се одбие наскоро.
     
    Последна измена: 18 октомври 2023
    На Leonessa Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.940
    Сакам да ја одбијам бебе, има 14 месеци, која формула ја препорачувате?
     
  12. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира, тие што имате искуство како ви прифатиле формула при одбивањето и која?
     
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Јас не дадов никакво ад млеко после одбивањето. Го одбив на 20м. Педијатар кажа дека после 12 м детето треба да внесува млечни производи,а не да пие млеко како претходно.
     
    На nevermet18, Cloverrrr и Mom's_life им се допаѓа ова.
  14. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Мислев како рутина пред спиење да и давам млекце, наместо доење, знам дека не е задолжително секако си јадат, ама кој знае дали ќе прифати сега. Прашав аптека немаат мустри само големи паковања, што ќе му правам ако не го пие, многу глупо им е што немаат мали
     
    На Leonessa Moon и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  15. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Јас го одбив сега скоро на година и 11 месеци. Адаптирано никогаш не пиел па не ми беше ни на крај памет сега на 2 год адаптирано да му купувам, а битолското не го сака а не ни форсирам да пие. Ќе си вечера и после се успиваме без млеко со нишкање.
     
    На Leonessa Moon и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  16. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Колку убаво напишаново....
    Многу ти благодарам
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ena Mena

    Ena Mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Eve so takov problem.Kaj mene ne saka adaptirano nikako.11 meseci sme,sakam da ja odbijam i prvo probav so adaptirano bega od nego sto ne go saka.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    5.348
    Барам некој со слично искуство и како сте постапиле. Маливе наполнија 16 месеци, од прв ден се на адаптирано плус доење затоа што немав/немам многу млеко. Ко мали никад не биле некои цицољуби се до кај година некаде. Ако им понудев цицаа ама за барање не барале нешто посебно. Така за заспивање воглавном. Не знам што им стана преку ноќ почнаа да бараат сами почесто и тоа стануваше се поинтезивно. Прво едниот почна другиот ако видеше дека брат му цица и он ќе се нацрташе. Сега луѓе бараат нон стоп. Ден ноќ најадени напиени само што ќе седнам до нив ми ја тргаат маицата и нема не. Едноставно ќе ме грабнат и нема бегање. Абе јадат на хранилка и им текнува ме влечат за маица. На почетокот ми беше интересно а и ми пријаше зашто ко мали се мачевме со цицањето посебно во скок кога одбиваа ама веќе станува и тешко и болно. Сите нормални доенечки приказни завршуваат со кратење на подои ова моево не знам што ќе биде. Мислев период е и дека ќе им помине ама не бре, чинам со секој ден се полошо е:D Ај за будења навечер и не ми е тешко, сум се навикнала ама денски не можам да мрднам а и време е полека да намалуваме зашто уште немам добиено менструација после породувањето, можеби и не е до доењето ама не можам ни да знам додека не ги одбијам. Сте имале ли ваков период со малите? Поминува ли? Јас немав проблем да ги дојам и до 3 години ако сакаат, ама да биде тоа некој нормален број на подои а не 200 во денот. Брадавиците ме болат ко на почетокот, ланолин ставам како тазе родилка :D
     
    На Leonessa Moon и MikicaBt им се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.221
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    Колку време после одбивање ги снему скроз млекото?
    Година и кусур не дојам, уште на стискање тече.
    Неделава сум на ехо ако нервоза ме фаќа дека не е нормално толку долго.
     
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.900
    4 месеци доев, 1 година и месец скоро не дојам, кога ќе стиснам има капка, мислам дека е нормално.:?:
     
    На Leonessa Moon и Tea SK им се допаѓа ова.