Здрааво мајки, поминаа скоро 24 часо од последно цицање но мене градиве ќе ми прснат. Пробав да се истуширам и да се измолзам малку ама џабе. Ни можам да спијам ни ништо. Чаре? Ми е страв да се измлзувам често ама па и вака да не направам беља.
Stavi listovi od zelka I stegni gi gradite, pijaj caj od zalfija, Ako te bolat napijaj se I paracetamol I po malce treba da se izmolzuvas.
Девојки, може прашањево не е за овде, али сепак ќе пишам.Десната града многу ме чеша веќе еден месец н ја дојам малата. Нема грутки нема осип, само ме чеша...Да не знае некој што може да е?
Здраво, да ја споделам мојата приказна за одбивање, се надевам не некого ќе му помогне. Се одбивме на скоро 13 месеци. Доволно внесуваше јадење преку ден, скоро и да не цицаше преку ден, но затоа навчер се будеше многу за цицање. И наместо да намалува, се повеќе и повеќе се будеше и цицаше. - Престанав да давам цице нагло. Само првиот пат ставив сенф, после цело време бев со зелки. Пробуваше да цица, но кога ќе видеше, се тргаше. - Првите 48 часа беа најтешки и за мене и за неа. Она не знаеше како да заспие, што да прави кога ќе се разбуди ноќеска. Се гушкавме, думкавме, плакавме. Јас од друга страна, имав премногу млеко. Се измолзував по малку на скоро секој 3 часа под топол туш. Чај од жалфија и зелка на гради цело време. Препорака од консултант за доење да не ги стегам. Исто и блокмакс пиев пред спиење бидејќи не можев да спијам од болка. - После првите 48 часа се стана полесно. Бебе си најде начин да си заспива само до мене на спална. Кога ќе се разбудеше навечер, и нудев вода и си продолжуваше да спие. Претходната вечер не се разбуди ни еднаш. Јас се уште се измолзувам но само еднаш пред спиење. Може ќе потрае ова но трпение. Исто да кажам дека и син ми го одбив на 13 месеци од истата причина дека се будеше ноќе, но кај него не помогна одбивањето. Продолжи да се буди до кај 2 години. Секое дете своја приказна.
Ти благодарам многу за споделеното искуство. И ние сме скоро така. Денски скоро па ич, а ноќе со додатните проблеми (вакцини, заби итн) цицање како новороденче-на секои два саати. Да напоменам до сега никаква употреба на шише со цуцла сме немалез и можеби тоа е причината што тешко ми оди одбивањето- или се лажам. Одбива да пие млеко (тетрапак) Сега нарачав некои шишенца со клун, со силикон со незнам уште што и ќе му дадам вода -бидејќи стварно денски добро се храниме. Само уште за внес на млеко како да се кандисаме
Јас и давам преку кашички. На пример сака гриз со млеко. Исто така многу сака кисело млеко. Така да мислам дека е доволно.
Помнавме цел ден без доење , без цицање Успешно (во 7ч наутро и дури во 21ч пред спиење) Дали сум на добар пат од кратење на дневните подои... Т.е дали сум на добар пат кон "одбивањњ од доење" ?
Здраво, дали треба да ги намалам ноќните подои пред откажување или може едноставно да прекинам нагло? Се плашам како ќе биде зашто не се одбива сам и активно бара и плаче. Навечер така заспива и се буди на некое време, а преку ден не цица
За жал навечер висиме ...тоа и ми е проблем малку Заби никнуваат, скокови во развој, несоници..и само ја плука лажливката.А од шише никако...и сега ќе видиме До овде стигнавме, без денски ич Сеа си викам некој период мал вака, па следен чекор после
Здраво мајки, една недела го дојам бебето само еднаш на вечер. Како да го прекинам млекото на природен начин? Само да престанам да го дојам или?
Ај да прашам и јас нешто на 1 година и 2 месеци малата ја одбив од цицање но еве сега после 7 месеци од кога не цица имам уште млеко денеска пак ми течеше а и ме болат градите му се има ли на некој вакво нешто случено ?
Не Таман почнав еден ден со сенф да се мачкам, она нервозна и лута ама не цица, наредниот ден се разболе и ни јадеше ни ништо и само на цице висеше. Викендов планирам пак да почнам па ќе видиме Ти до кај си?
Не сум ни почнала. Страв ме фаќа. Многу често бара ме фаќа за рака и ме носи да и дадам си задзема позиција се по ред. Ако не и дадам вришти. Навечер често станува и не ја прифаќа цуцлата ако не и дадам прави драми. Се мислам како ќе ја презаспивам Навечер? Без цицка не знае да презаспие. Друго ништо не пие. Шише не прифаќа.
Исто и кај мене. За навечер ми е повеќе, ма да педијатарот ни рече спремете се 3 дена да не спиете па сега чекам следната недела среда четврток кога нема да се работи, пансо викенд да спојам со надеж дека ќе успеам
Па лесно можам да кажам сега. Иначе мислев којзнае што ќе биде. Без шише е и за заспивање беше само и само на цицка. Првата ноќ беше најтешка, многу плачеше и не знаеше како да призаспие сам, па ја помина кај мене во раце. Од втората ноќ веќе си спиеше повеќе, дури и сам си заспа на кревет. Тој учен беше да дои ноќе ама не во раце туку лежејќи до мене и во раце не му беше комфортно си го сакаше креветот. Спиеше меѓу мене и маж ми, сега веќе си е и во неговото креветче, се препородивме и двајцата. Првиот ден мачкав црвен кармин и кога ќе видеше не сакаше ни да ми се приближи. После веќе почнав да се стегам со тетра и ладни листови зелка менував често. Нешто посебно не намалив течности оти јас си пијам вода и не можам без. Зедов чај од жалфија, ама толку ми беше одвратен што ни една чаша не испив, овде советуваат и чај од нане па тоа пиев. Топол туш и масажи најмногу ми помогна и по малку измолзување кога градите ќе беа претешки. Една недела ме болеа и после веќе помина. И јас од страв како ќе биде одложував ама едно утро откако го надоив ми кликна во глава дека е толку и толку беше. Морав еднаш да пресечам, мачење ми беше. Не чекај. Колку повеќе одложуваш потешко ќе ти биде да пресечеш. Имај во предвид повеќе начини да ја заспиваш без цицка и еден ќе кликне. Со првото маж ми ја заспиваше ноќе, ќе ја прошета низ соба она со глава кај него на рамо, па ќе ја стави во креветче. Сега и со второво исто така. И си се научи брзо.