Даваат некакви апчиња/инекции? И како полека да се одбие? Млекото ми е 40Мл на 3 часа и не е хранливо...
Најпрво живо и здраво да е бебето. Те прочитав и во другата тема. Бебето е сеуште мало и таа количина од 40мл е сосема ок. Ако сакаш да доиш тогаш повеќе течности, земи чај за лактација, капсули Лактил, јади овес и јогурт. Често ставање на бебето на града за да стимулира повеќе. Може да вметнеш и стимулација со power pumping Ако си решена да не доиш, тогаш постепено би требало да се намали млекото, но сепак консултација со гинеколог.
Искуство со достинекс таблети. После пораѓај сум со екстремно висок притисок и морам да примам класична терапија и да не го дојам малото. Само неколку дена цицавме и веќе една недела се мачам со терапии и не му давам да цица.
Бременоста не е пречка за да доиш. Можеш да продолжиш ако сакаш да го доиш. Многу мајки дојат две дечиња истовремено.
Доколку сакаш да продолжиш да доиш и бременоста е уредна, во консултација со гинеколог ќе ти посочи дали можеш да продолжиш со доење. Честитки
А со метилдопа да пробаш? Јас го доев и тие и пиев мојот 160/170 беше притисок и по 2 таблети пиев во комбинација со магнезиум.
Пробав прошла недела максимум доза на метилдопа + ми дадоа апчиња за мокрење за преку еден ден магнезиум 3х на ден ама не спаѓаше, мене 190/200 ми беше притисокот и кога ќе потспаднеше беше 160/170 Млекото што го имав и одбивањето го изнаплакав.
Нормална реакција е тоа на секоја мајка. Тебе ептен плафон ти е. За сопирање млеко само ќе сопре само по малце одмолзувај се мастит да не фатиш и ќе секне за брзо. И чај од жалфија помага.
Мајки мислам дека сме на добар пат да ја завршиме нашата доеничка приказна со мојата принцеза. Од една страна ми е жал, ама па веќе мислам дека е голема и не и е тоа толку неопходно колку што и е за мазење Веќе две недели немаме дневни подои ама последниве неколку вечери нон стоп беше закачена за мене и си цицаше. Ноќеска ја оставив сама со мм да ја заспие и да преспие со неа. Душа мала се откорна од плачење ама заспа. Се разбуди кај 3 часот ноќеска и едно пола саат те плачеше, те не и презаспа. Издржавме и двете. Е сега еднава града од која што нема цицано од завчера ми е потешка и малце ми има протечено млекце. Не ми се тврди градите, меки ама се осеќа дека се полни. Дали малце да измолзам колку да олеснат или да чекам ако се стврднат? Убав празничен ден посакувам на сите
По малце ќе се одмолзуваш само кога ќе се наполнат да не ги празниш скроз туку да ти олесни на тебе само и ќе се намали млекото.
Листови зелка стави си на гради и слободно малку одмолзи да ти олесни. Првите 2-4 дена се полнат поинтензивно градите после веќе прекинуваат.
Фала ти, ставам листови, се одмолзувам по малце ама бре боли. Како цигли да имам во нив ме тежат и ме болат Со големата немав ваква мака, ама оваа ѕверка и за неа ми наплаќа
моето ме цица 3 дена сам ми се одби сакав барем до година да го дојам но ете така требало да биде. намалив течности,одмолзувам по малку. друго што да правам?
Чај од жалфија го наналува млекото. Брзо ќе ти се намали не одмолзувај многу по малце само да ти олесни и толку за неколку дена ќе се намали ептен.
Малата има 20 месеци и уште е на доење. Јас не знам како да намалам со доењето. Ко ке сум дома нон стоп ме трга во блузата за доење и плачи ако не и дадам. Навечер станува по сто пати а слабо јади преку ден и мислам дека од глад толку станува. Ретки се вечерите да стани 2 до 3 пати. Се мислам да воведам адаптирано млеко за пред заспивање. Не знам дали е во ред или грешка. Некако немам компас во ситуацијава. До 2 год планирам да дојам ама и одбивањето не знам како ќе го изведам. Секое станување е со плачки за комшиите да ги разбуди. Хаос
Се е тоа во ред и те сфаќам дека сакаш да доиш но размисли на детето колку му треба сон за да е здраво и сама викаш дека слабо јаде ем не е спиена ем не е јадена цел имунитет хаос ќе биде на тоа дете му треба асална и нормална храна и цревата да функционираат. Башка и за тебе важи истото мачкај со сенф на гради, лимон пробувај некако за да се одбие.
Истото ќе го кажев како @Brpbrp Јас на 15 месеци ја одбив. Се јадеше само вода не пиеше а кога ќе и се пријадеше не беше стрплива да и направам и дадам туку одма се фрлаше на цицање со викање до немај каде и мавање од земја и се по ред. Се мачкав со сенф прво неколку пати преку ден и престана да бара, ама вечерното цицање остана. Е тоа беше хорор од 22.00 часот кога ќе се обесеше на мене до 6 сабајле. За секунда ако се тргнев тоа беше викање како да ја колат! Една недела издржав така и побудалев. Неспособна за ништо, на работа како зомби бев. Ја оставив со мм една недела да спие јас во друга соба. Се будеше по еднаш навечер и тоа он ќе ја залулаше и ќе презаспие и толку. Еве веќе 3 недели како не цица, а не ни бара, ама вода почна да си пие