Малата има 14 месеци,сакам да ја одбијам од цицање.Денските подои ги скративме целосно останаа само навечер пред спиење и во текот на ноќта доколку се разбуди.Има ноќи кога се буди неколку пати,некогаш еднаш или ниеднаш.Сега мислам дека следно треба целосно да ги прекинам ноќните подои,и имам како некој страв,немир дали правилно подтапувам,можеби сеуште не е време.Дали и некој друг се мачи со вакви мисли,кога станува збор за прекинување на подоите.
Од кога ќе ја одбиеш можеш да се чуствуваш и дека имаш грижа на совест и да плачеш но сосем нормално е што за неколку дена ќе се стабилизираш. Она не се буди од што е гладна туку само ради блискост.
Здраво . Малово ми е 15 месеци, уште се доиме, меѓутоа имам проблем со здрвјето слаба крвна слика, вртоглавици и редно е да се одбијаме но незнам како, ме фаќаат паники ми иди да плачам цело време немам храброст да го сторам тоа . Ве молам за совет, мислам дека нема да бидиме толку блиски, дека нема да ме гледа како сега, секакви мисли ми идат.
Исто сме и ние 16+ само што јас имам добра кс ама сум болна нон стоп откако тргна во градинка, ептен ми е паднат имунитетот и дека нон стоп со гола половина. мојава наместо да намали уште повеќе е обесена и преку ден, значи јаде во уста и е парчето јадење она ми ја дига блузата за цице. Веќе и многу напорно ми стана и навечер на саат два се буди, на работа зомби, а јас неможам да се осудам никако да ја одбијам мајки искуство кога се будеа навечер што им правевте, не сакам да ја нишкам па да не ја научам така да презаспива, тешки се веќе, вода гледам не пали, давајте совет
И јас не знам како ќе ја одбијам. Навечер станува на два сата некогаш и помалку. Напорно. Ноќеска баш реков ајде ако не и дадам да видам дали ќе успее да презаспие некако, многу плачеше никако не се смируваше. Не знам на кој начин ќе ја презаспивам, зошто таа без цицање не знае да заспие.
Исто и ние ноќеска, кај мајка ми сум, и викаме ајде да ја пробаме да спие со неа, и кога стана ноќта никако не се смируваше, ја земав ама морам од цел ден да почнам да не и давам или да се намачкам со нешто. Толку стрес ми е ова другарка така сок и даде и после за сок стануваше, уште полошо, вода гледам не и мења на мојата и немам идеа како е најдобро. Цуцлата ја одби кога тргна градинка не ми се враќа пак
Да не ве тагнувам сите ќе прочитате па на кој му се најде му се најде Јас имав исто мака со мојава ѕверка. Ако ја оставев кај моите можеше и цел ден да не цица, ама ко ќе ме видеше се повампируваше. Со фрлање на земја, со вриштење, со мавање глава кај ќе стигне...значи страшно стварно. Навечер знаеше еднаш или два пати да се разбуди. Ама мене ме мавна многу на дневни обврски и функционирање. Зомби бев, а и сметав дека 15 месецие повеќе од доволно за да цица толку интензивно. Значи кај неа не важеше правилото воведи оброк тргни подој. Она бре и оброк и подој и све. Само вода никако не пиеше. Се заинатив и прво почнав да ја одбивам преку ден за да не си направам јас проблем со градите. На два пати се намачкав со сенф кога бараше да цица. Ќе и дададм она фати-пушти неколку пати, плаче се нервира ама од што и горчи ќе стане и ќе си продолжи со играње. Така успеав преку ден да ја одбијам за неколку дена, ама на сметка на тоа како ќе и дадев навечер за заспивање да цица несмеев да се мрднам од неа. До сабајле и бев како цуцла лажалка. Верувале или не 2 недели така она си виси обесена на мене и си дреме јас жива гола и ненаспана. Дојде викенд и ја оставив сама со мм. Првите 2-3 вечери се разбуди по 2 пати он ја занишка малце и ја презаспа. После тоа не се ни будеше веќе. За секој случај ги оставив сами да спијат една недела, а јас во дневна. Од тогаш ми нема побарано да цица. Знае навечер кога се врти во спиење да неможе да се намести па да закенка и да ја земам кај мене ама не бара више цице. Ќе и пуштиме од оние песничките за успивање на ју тјуб и презаспива буквално за 3 секунди. А да и вода пие сега повеќе од мене. Неможам да ја донаточам
Ама дали ќерка ти заспиваше со некој друг освен со тебе? Мојава со никого не заспива, без мене не спие. А маж ми оди и ноќни смени така да тоа не доаѓа во предвид. Ќе треба да најдам начин да ја одбијам ама сепак јас да бидам тука присутна. Ама стварно не знам како, се осеќам немоќно.
Мајки искрено денес решив дека е крај и што ќе биде нека биде. Многу ми е тешко, претешко искрено не очекував дека толку емотивно ќе ми делува цел ден плачам, цел ден. Денес ставив лист од зелка на града и кога ќе дојдеше му викав мама боле , и цело време така цел ден на секој 5 минути проверуваше и јас цело време така му викав , душава ми се кинеше бидејќи е страствен цицач. Денов го истуркавме, ноќеска ќе видиме како ќе поминиме во план сум чај да му давам кога ќе се разбуди друго чаре незнам како изгубена сум ... ќе ви кажам сабајле како сме поминале
Jas mislev deka ke bidi mnogu tesko.da go.odbijam ama mnogu lesno.se odbi.se mackav pasta nekolku.dena ic ne pobara ni placejne mnogu lesno.pominavme
Не чај, полн е шеќери ќе му се израсипат забите. Само вода ако веќе даваш нешто иначе мој совет ништо да не го учиш оти ќе ти станва ноќе.. Јас вода му давав ко го одбив и 3 пати за вода стануваше од 14 месеци до 2 и пол години така со водата.
Мајка искрено супер мислев дека ќе биди драми, бидејќи претходно беше научен само на цице да виси. Стануваше три четири пати бараше цице го добиваше истиот одговор или му давав чај за пиење, и продолжуваше или ќе го занишкам и продолжуваше. Деновиве уште нема заборавено пак бара ама гледам да најдам друга занимација. Мораше искрено не се издржуваше, настина малку па затоа малку гледам течности навечер колку што може да внеси да не дехидрира ама нека помине некој ден па ќе го пробам во креветче сам и да не му давам ништо па ќе видиме како ќе биди. Мора храброст, првиот ден ми беше најтешко, вчера така така, денес веќе малку чуствувам олеснување . И мене ми е тешко бидејќи за што и да беше најлесно крени ја блузата лек за се ни беше цицето ама сега не е така , ама тоа е што е мора еднаш да се прекини, дали сега ќе беше дали по три, четири месеци сеедно еднаш морав да се решам. За заспивање исто со цице бевме навикнати, сега со цуцла и со шише дали млеко, сокче, чај , со што било да имам до мене се нишкаме, пееме, приказни и заспиваме. Мислам дека е сега баш добар период што го одбив, бидејќи поголем уште потешко дека ќе беше..
So niskajne nekos ama I ko ke mu se spija sam.zaapiva I nojke cajce mu davaam ama ne go pija odma si prezaspiva
Леле бе зашто не сум од оние среќници што децата сами им се одбиле? Значи не можам, толку ми е тешко и не знам кој пат да го фатам, ланолин мачкам како тазе доилка зашто ме болат брадавици од тегнење, штипење, гризење. Денски обесени двајцата по цел ден, те едниот те другиот или најчесто двајцата. Навечер се будат поише него бебиња, ако речам нема цице, цице спие кога ќе се пуштат на најјако вриштење ко да ги колам. Пелена да сменам не можам, да ги пресоблечам, ај што спомнавте погоре со полна уста јадење ме влечат за маица ама и кога ги бањам бе бараат да цицаат. Сенф не би сакала да мачкам зашто рани имам па уште тоа ми фали. Единствена опција е да одам некаде на шетање три четири дена па да се надевам дека нема да бараат кога ќе се вратам. Има шанси да не заборават па џабе да се мачам да не ги видам со денови за џабе? Што се случува после одбивање? Како ги смирувате кога се болни, вадат заби, се будат од сон со плачење? За тоа лек е цице, што се случува кога ќе го нема?
Ти не си спремна, а децата се повеќе од тебе спремни, ние мајките се си праиме. Колку години се не знам, ама ако вака размислуваш ни на 5 нема да ги одбиеш, и тогаш ќе де болни, и тогаш ќе плачат и сл. Ако си решена да сравиш крај ќе ставиш, ќе издржиш една недела, ама тоа е, не вреди да намалуваш подои ако децата се над 12 месеци, нема лигавење и попуштање, ниту да паѓаш на нивниот плач, едноставно кога ќе бидеш спремна речи си и готово, впрочем сите сме мајки нели, тешко ни било и сл. Ама ти си родителот, ти размислуваш, ти поставуваш граници...
Ќе ги смириш со галење не е се цицката за смирување тебе те користат како цуцла. Има и други начини како да бидете блиски со оглед на тоа дека има деца што се на адаптирано како би се смирувале они?