1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Постов како јас да се читам. Со тоа што мојот ништо не ни јадеше па тоа ми беше утеха дека не е гладен барем. Кога останав бремена морав да го одбијам ради терапија. Цело чудо на одбивање ни два дена не траеше. Првиот ден со зелки ми беа покриени градите и пошто е гадлив кога и да побараше му ги покажував и му викав дека е расипано цицето. Првата вечер заспа со тажење кај татко му во раце и тоа беше прва вечер што врза саати сон. И следниот ден иста шема. Третиот не ни побара, научи со малку нишкање да заспива и почна да ја преспива ноќта.
    Во однос на болестите и ти ќе се навикнеш дека нема цице за утеха па ќе нудиш течности и се што треба.
    Потполно те сфаќам пошто да не морав мислам дека никогаш немаше да имам храброст да го одбијам.
    Со среќа и со лесно (fingers)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    5.343
    Фала мама, знам дека многу не има со истите размислувања и ми значи споделеното искуство. Колкав беше кога го одби?
     
    На Erika.greeneyes и Mom's_life им се допаѓа ова.
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Точно 21 месец. :)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што сте одбиле дете од доење, а сеуште сте имале млеко, како после одбивањето сте го намалиле лачењето на млекото?
    Пробав да ја одбијам, но во текот на ноќта ми се стврднаа градите и и дадов да цица за да не си направам проблем со нив.
    Во текот на денот немам проблем бидејќи пие млеко од шише исто и за заспивање, тие подои ги заменив со шише, остана само 2 подои што се во текот на ноќта.
    Дали да и дадам да цица и после тоа да ги стегнам градите со завој ( така направив со првото кога ја одбив по препорака на докторот), дали пиевте некои апчиња за да престане да се лачи млеко?
    Секој совет е добредојден.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    13.691
    Пол:
    Женски
    Мене кога ќе ми се наполнеа градите ќе измолзев малку колку да олабави и ставав ладни листови од зелка. Од прилика 3-4 дена трае тоа
    Со лесно мајка
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тесен прслук земи си за да ги стегнеш градите. И кога ќе ти се стврднат малце одмолзи колку да се олабават. Првиот ден може ќе ти биде почесто да ги олабавуваш ама после веќе на подолг период. Максимум за 1 недела ќе престане. Секако понатака ќе има уште млеко ога би стиснала ама ова би траело можеби уште година две али нема да ти направи проблем, после одбивање и до 5 години може да има некоја капка млеко. :)
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. #£¥₩

    #£¥₩ Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Дали е препорачливо да се пијат апчина за секнување на млеко поради маститис веќе 2 недели имам грутки никако да се намалат грутките пијам антибиотици ништо не помага многу ме болат градите и се црвени жар
    фала однапред за мислењата
     
  8. Pilence17

    Pilence17 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Majka jas sum so istiot problem
    Minatiot petok pocnav do apcinjata eden doktor molzi se eden ne se molzi za edna den grutki temperatura cetiri dena prepisan antibiotik...temperatura regulirana posle 4 dena.. apcinjata ispieni grutkata stoi bolna crvena mleko uste ima mi rekoa da se molzam i gi prodolzija apcinjata samo navecer polovina poseten i hirurg ako ne se sredat grutkite ke mora operativno da se vadi mlekotoa eve veke edna nedela nema nikakvo podobruvanje ni so grutkite ni pa mlekoto zapira
     
    На #£¥₩ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Измоли се до крај и стегни ги градите. Доколку можеш да ги најдеш апчињата бромергон или достинекс(4 апчиња се). Од нив престанува млекото.
    Исто можеш и листови зелка да ставаш.
     
    На #£¥₩ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
    Како се вади млеко оперативно?
     
  11. #£¥₩

    #£¥₩ Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Ги земав денес апчињата па ќе видиме дали ќе се среди ви благодарам многу ❤️
     
  12. Pilence17

    Pilence17 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Dostinexs piev 3 dena po pola sabajle vecer tolku mi rece opstiot doktor arno ama genikologot mi rece ne se prekratuvale se piele dodeka zapre mlekoto i posle pauza od dva dena eve uste gi pijam samo navecer po pola i vo meguvreme i se odmolzuvam taka mi rece genikologot...vikam kako ke zapre mlekoto ako odmolzuvam celo vreme..ke zaprelo od apcinjata postepeno ama jas sum morala da molzam
     
  13. Pilence17

    Pilence17 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Na hirusko se zasekuva mestoto i ti go vadat mlekoto operativno eden vid ne znam i jas tocno utre bas ke odam na kontrola bidejki nema podobruvanje edna nedela sum vaka pa ke vidam sto ke kazat
     
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Никако молзење, освен ако ти станат многу тешки, полни со млеко. 4 апчиња испијав ( по пола сабајле и вечер) и само 1 ден бев со стегнати гради. Не ги молзев и, освен првиот ден до крај.
     
  15. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Јас морав нагло да прекинам доење. Испив две достинекс пола насабајле пиев и пола навечер. Гинекологот кажа доволни се две. Стегав гради, ставав зелка и ациди борици. Но не измолзувам бидејќи ми кажа не смеело, но градите ми се камен тврди и ме болат многу веќе 5 дена. Дали млекото само ќе истече или? Може некој искуство?
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.076
    Освем сенф/прополис што би можело да ставам друго да и се згади?
    2 ниќи со сенфот супер поминавме, и беше гадно ама веќе почна да не и смета. Прополисот исто и е сладок и нема гајле. Ставав и вински оцет на памук, успивањето го поминавме успешно без цице, но ноќта не изреагира никако, продолжи да цица :doh:
    Се мислам кромид да ставам, може тоа ќе и дојде гадно,м? Искуство со друго нешто имате?
     
  17. Pilence17

    Pilence17 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Mlekoto nema samo da istece...jas ispiv tri apcinja i isto kako tebe ne odmolzuvav i zavrsiv na hirurgija seuste odam na prevrski apcinjata gi prodolziv seuste gi pijam mlekoto uste ne e zapreno no sega odmolzuvam taka mi kazaa mora da se odmolzuva a mlekoto postepeno ke si zaprelo
     
  18. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Јас првин ставив ќечап но пак продолжи да цица. Потоа се намачкав со црн креон и маскара се изнашлакав ептен црни ги направив градите и и реков дека е кака и сама се тргна, и веќе не ни побара.
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.076
    Колку време фазата на помирување дека веќе нема цице? :worried:
    Скоро 20 дена откако полнавме да се одбиваме во кои неколку пати цицаше само, а недела дена како воопшто не цица. Но сеуште заспива на цице, сеуште сум намачкана со паста за заби и од мирисот не цица. Ќе потрае ова или безо ќе се помири? Зошто многу тешко ми паѓа мене ;(
     
  20. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Една недела и ние како не цица и ноќите уште се хорор. Ни таа е наспана ни јас, плачки до зајдување.
    Кај мене фластери залепени цела недела и мама има "боле" помага скроз, ама упорно бара и проверува.
    Читам овде и гледам не сме сами ниту единствени, едвај чекам да пројде оваа фаза. Толку тажно и плачливо детево си го немам видено ;(
    Иначе и јас прекинав нагло, затоа што постепено кај нас не функционираше.
    Втор ден без доење мене градите ми беа камен, тоа боли бе ептен ;( трет ден детево почна да повраќа некој вирус или што беше не знам, ама пошто ниту јадеше ниту пиеше цел ден и дадов да цица. И стварно секое лошо за добро е, детето ми се подопорави а мене градите ми се испразнија.
    Другиот ден почна да јаде подобро беше и залепив јас пак фластерите.
    За среќа градите ми останаа празни, само ако стегнам излегува по некоја капка и си велам ако не се случеше вака може и беља ќе направев првиот пат толку што ми беа полни.
    Сега уште детето да преболи и конечно да завршиме две и кусур години доење. Што е до мене одамна ми беше доста ама еве сега дојде времето.
    Поздрав и лесно одвикнување :l:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.