Смееш. Види да не имаш грутки на градите да не имаш мастит зошто обично од тоа можеш да добиеш грозница,темп итн
Nemam,ama sabajle od ednata pak imav mleko mi potece na bluzata. Da ja izmolzam malku ili. So da prevzemam dostinex imav 2 tableti gi ispiv. Da ne napravam Gritki mislam nemam ,ama pak ko polni gi osekam. Potocno ednata i malku mi potece od nea nekoja kapka. Dostinex nemam veke samo 2 tableti mi prepisa ginekolog, caj od zalfija svariv sea i oblekov edno tesno bodi . Dr nz ,ako znaete nesto plus pisete mi
Да не ти тече константно млеко. Дали на допир ти се меки или камен тврди? Тесен прслук облечи или како порано што правеле со завој стегни ги убаво и ќе престане. Не прекинува млеко од денес за утре. Јас цела 1 недела го прекинував без таблети. И сега некогаш знае да имам една капка на блуза што и нормално е само да не тече константно.
Ne ne , ne e konstantno ne se kamen tvrdi.onaka poluprazna . Caj od zalfija pijam i edno bodi od ko si bev slaba tesno oblekov
Како помина без апче? Јас од вчера прекинав, ама имам млеко камен ми се прават па одмолзувам по малку да ми олесни, посебно цврсто е накај пазувата. ставив зелка и чај од жалфија, друго ќаре? Имам страв од тие апчиња па сакам ако можам без
Највеќе ми помогна прслукот шт го носев тесен онињ со потпунки таков имав и стиснати ми беа ден и ноќ спиев со прслук и одмолзував по малце и намали на течности не пиј премногу ќе намали само. Али најбитно е да ги стегнеш градите.
Девојки здраво, бебето има 7месеци, јас сум бремена во моментов 6 недели...докторите ми рекоа да прекинам со доење...и тоа што е можно побргу. Многу ми е тешко оти бебето многу сака да цица, имаме воведено 2 оброка, и убаво си јаде, но сепак и си цица. Дали имате совет..како да почнам да го одвикнувам...
После колку дена природно ви снема млеко? Ги молзам колку да си олеснам и да не се напраат грутки, ама што со тоа млеко што останува како ке се исцеди до крај, не ми е јасно, зошто не смеам до крај за да не стимулирам нели?
Ќе се ресорбора во телото штом нема стимулација ќе си се намали природно. Одмолзи слободно кога ќе ги осетиш болни и тешки. Листови зелка ставај и за неколку дена ќе спласнат сами.
Вака ќерка ми е речиси 20 месеци. Многу сака да цица. Ама проблемот е што почна да претерува навечер и давам пред спиење и не заспива и се молиме да заспие и додека не успее да заспие бара уште 1,2 пати. Иако цицала пред 10,15 минути. Таа без цицање не знае да заспие. Цело време мислам на тоа, никако и со никој не се смирува ако не добие ќе дигне се у вис. Од плачење дури и липа. Некако немам храброст да ја одбијам. Се осеќам беспомошно. Не знам како да ја одбијам на кој начин. Не знам дали сум спремна на овој чекор. Многу жал ми е. Ама како поминуваат месеците полошо и потешко ќе биде.
Се дури не ти прави проблем по здравјето и по бременоста нема потреба воопшто да прекинуваш со доењето. Еден куп мајки и тандем дојат поголемо и помало бебе. Кај нас се малку назад со информациите на таа тема, инаку нема никаква штета.
Од која причина да прекинеш? Само затоа што си бремна или нешто ради здравје? Ако е првото, нема потреба, не е штетно и можеш да доиш се додека бебе сака и то можеш.
Имам историја на два спонтани абортуси...па најверојатно заради тоа докторите ми рекоа да прекинам со доење...бидејќи истото доведувало до контракции на матката...
Прво дење ќе ја одбиеш ,потоа ноќе. Ишкрткај ги градите со кармин или молив за уста. Моето беше на таа возраст,му кажав дека се расипани имаше малку и плачки ама добро поминавме. Побрзо се навикна тој отколку јас.
Види сега, на сите ни било жал кога сме ги одбивале, и тоа не е лесно вооошто, ама некогаш мора да пресечеш, нежа да цица до 5 год само затоа што плаче, таа ти е така навикната да заспива и да си добива со плачење цице, да го смениш тоа ќе си поплаче и ќе си се навикне, се додека попушташ ти така ќе прави. Ако со решена дека сакаш да ја одбиеш нема да и даваш, оди остави ја да преспие со баба или со татко и, ти спиј на др место, 3 ноќи и ќе се научи, може ќе плаче уште наредни 10 дена ама тоа е што е.
Дали се одбивате од цицање моево е скоро 20 месеци преку ден не цица ама навечер сака се буди два три пати па ако се одбивате да ни кажеш чаре
Малата ја доев три месеци. Немав многу млеко и пиев лактил,лактамикс,се измолзував ... се' буквално. Поради операција и терапии мораше да престанам со доење. Веќе три,четири недели како цицаше последен пат. Јас ниту имам отечени и болни гради. Ништо баш. Како да не сум доела. На стискање излегува капка млеко,ама тоа знам дека може да потрае. Првото го доев година ипол, па знаеше и после 2 години кога ќе стиснам да истече млеко некоја капка. Прашањето ми е дали да оставам вака или сепак да пијам нешто или да стегам гради? Зошто немам апсолутно никаков проблем. Не осеќам ништо на градите.