Со првата ќерка не доев само се молзев до кај три месеци и буквално едно утро кога станав и да се одмолзам да и дадам немав ништо. Не пиев ништо и не ги стегнав градите, затоа што и немав мака.
Буквално исто. Додека пиев терапија се одмолзував два-три дена,божем да не направам беља со градите. Едвај некоја капка излегуваше. Фала ти.
Pozdrav, bez kritiki ve molam, znam deka trebashe porano no se sakav i ne mozev daja odbijam a i mn lezet porasna, ednas ne sum bila na lekar niti ima primeno antibiotik apsolutno nikakov, dve godini i 3 meseci e , denes vtor den so se obiduvame da za ja odbijam, vcera na den voopsto ne i dadov da pie, se namackav so karmin,no na den nikako da zaspie bidejci zaspiva obicno so cicanje, i rekov mama ja boli Tuka ova ona ja zalazav, pa neznam kolku pati dojde da proveri dali uste e tuka toa mackankto no staviv 24 karmin posto premnogu e itra zema vlazna marama da me izbrishe i vide deka ne se brise se trna, no probelm pogolem e noce snosti stana od sonnn, placenje vriskanjee , nikako ne se ubeduvashe, ne sise,ne casha ne cefka cice igotovo ,preplaka i se zapna i noseto pa nemozev da izdrzam i dadov 4 satot sabjle beshe,cica cica mozebi 40tina minuti i zaspa, uste ednas stana pak cica pa zaspa denes pak cel den ja lazev odi vamu tamy sokce jogurti igracki nekako uspav da ne cica,nocvaa dvajjj zaspaaa 1 satot ojdee na polnoc toa uste da vidam pomina cice sakam cice,jas pak so karmin, eve sega samo so zaspa ....se nadevmm ce otspie nocva, ako stane so silno placenje ce moram da i dam malce... Denes vece osejcam ednata grada mi se napravi grutki i pocnuva da me boli ,dali da se molzam ili ne dali da zemam tableti da prekine mlekoto , da ne kacam temperatura ♀️ a mleko imam i osejcam celo vreme deka mi naiduva, kako da postapam ponataka, nemoj mi vika davai noce no vece e dosta golema podobro ni denje ni noce ve molam sovet kako da prodolzam so postapkava na odbivanje ponataka ?
Не можеш наеднаш да и прекинеш и ден и ноќ, мислам можеш ама премногу е стресно за детето. Продолжи само ноќе некој ден додека не се навикне денски дека нема млеко, штом успеваш да ја залажеш денски за неколку дена ќе заборави дека цица и денски, откко ќе одбиеш денски почни да кратиш ноќе, додека не стасаш само на еден подој и потоа тој ќе го смениш со оброк или млеко во шише. Ова е теоретски како треба, знам дека во пракса не оди така ама од совети од другарките и педијатар вака е препораката. Ем нема да си направиш проблем со градите, вака штом имаш млеко и грутки ќе направиш мастит. Исто помага да спие со некој друг а не со тебе ноќта. И нешто надвор од темата те молам пишувај кирилица и со интерпукциски знаци, малце попрегледно, многу тешко е вака за читање.
Сношти ја оставив да спие со таткои и, пред да се трнам од кај нив и кажав мама ќе оди на доктор и таму ќе седе утре ќе се врати, па спиев во соседната соба, стана 3 пати плачеше ги слушав и кажа машми дека мама е на доктор се напи вода па се смири едно време заспа, така 3 пати во текот на ноќта сношти стана, но побрзо се смири одколку кога спиев јас со нејзе предходниот ден... Ни на ден денес исто воопшто не цицаше...ипак мислам подобро одма и дење и ноќе, штом ја одбивам подобро наеднаш, поминавме 24 часа успешно.... Друго сакав да прашам , денес ојдов на матичен гинеколог да прашам дали нешто да пиам за млеково ,ми даде таблети една половинка неделно да пијам денес ја испив едната, прашав дали да молзам ако ми се згрутчат, ми кажа не поради млекото нема така да прекине, ставам облога зелка, и се масирав со топла вода , но денес од 17ч навака мислам дека градите че ми пукнат, цели грутки сее потечени , дали да ги молзам или што можам да направам ? До сабајле че ми експлодирааат ако остам вака ми се чини....се напив и еден парацетамол
Ајде ја да си поплачам малку моето дете од 20 месеци веќе два дена не цица навечер малку плаче ама некако ќе го излажам. Ама работата е што мене ми е многу тешко не очекував дека толку ќе ми падне тешко дури се плашам ако ми побара вечер ќе му дадам од жал некако се осеќам виновно можеби требаше уште некој месец да го дојам незнам мн измешани чувства да не погрешив да не требаше уште малку луда работа
Кои апчиња се пијат за да се намали млекото, порано беа Бромергон ама ги немало веке, дали одат на рецепт, морам да го одбијам бебето веќе, се решив од денес и викендов веќе да не му давам да цица,планирав да го дојам подолго ама од медицински причини морам да пресечам веќе и да не се измачувам.Веќе има 20 месеци и мислам дека му е доста, а ме гризе совест, ми се плаче, уште не сум ни почнала а веќе се каам,ке биде ова викенд со плачки само ке видиме кој ке плаче повеќе.
Достинекс, само обавезно консултација со доктор за дозирање. А да пробаш прво без апчиња, можеби нема да ти требаат?
Од вчера не цица, преку ден после раб не беше страшно,облеков скроз затворен фустан да неможе да буричка, кога ке побараше го залажував да му одвлечам внимание и ок беше ама спиењето кошмар, цела ноќ плачеше, се лути, не сака во раце, ама издржав и не му дадов. Од сабајле еве добар е, бара ама кога ке ја види зелката се пишманува. Ама неможесеше да заспие сега на пладне, а му се спие како пијан е веќе.Градите ги одмолзувам по малку ама едната ептен ми се преполнува, топла е и ги осќам тешки и двете. Зелка само така се ставаат листови без ништо? Ме боцкаат градите, ми тежат, како да знам дека немам мастит? Иначе мн ми е тешко психички
Те гушкам за грижата на совест ,низ истото поминав и пак ме чека за неколку месеци. Јас зелката ја чукав со кујнско чеканче и ја ставав во замрзнувач малку да омекне. Исто така се масирав под туш и сосем малку се одмолзував. Со лесно
Zdravo kerkami ima godina i 4 meseci sakam da ja odbijam od doenje dali moze nekoe iskustvo kako da go napravam toa
Петок и Сабота не дадов ич да цица, одмолзував по малку, градите ми се правеа со грутки, посебно левата, ставав зелка, и денски добро поминавме, ке побара ке го залажам нешто друго и не цицаше.Во Сабота преку нок почна да плаче и во сон да бара, мислев да не му дадад ама градите ми беа камен веќе, и му дадов се нацица, мене ми олесни, сабајлето пак бараше не му дадов,вчера преку цел ден исто не цицаше, ке побара и му велам нема веке, дури и за заспивање навечер не плачеше се гушна до мене и заспа, ама нокеска пак се разбуди со плачки и пак му дадов. Инаку вчера веке немав грутки преку ден и не одмозлзував ич до вечерта.Еве и сега, од сабајле не му дадов ич, ама градите вече не ми се преполнувааат, мислам дека ме спаси со цицањево ноке.Некако и јас психички се потсмирив, сега си мислам дали да продолжам да му давам така ноке по еднаш да цица во сон или само си отежнувам,Планирав да го дојам до 2 год , сега е 20 месеци,ама цело време висеше на града, мани го носам во раце, секаде ми буричка и цица, се плашев дека ако не цица нема да доаѓа кај мене ама тоа не се смени пак ми е во раце цело време, се галиме, се бакнуваме, не се одлепува, прав чичак е.Уште не сум на чисто во главата дали да прекинам скроз или да му давам.
Дали имавте температура првите денови кога престанавте да доите? Јас веќе некое време се обидувам да престанам, се измолзувам по малку за да го намалам млекото бидејќи имам доста повеќе во левата града, но повторно ми се преполнуваат и кревам температура и се откажувам бидејќи ми е страв од маститис. Ако можете да ми кажете што да правам следно и каде грешам зошто лекарства ми се последна опција
Ставај цело време листови од свежа зелка или ладни облоги (ациди борици на газа) на градите. Одмолзувај да ти олесни, првите денови и неколку пати дневно нека е, само по себе ќе намали млекото за некој ден.
Намалени ни се подоите на 7 саати, не знам дали почесто да се измолзувам, да не ми надојде млеко. Одвај го намалив, ама температура кревам и до 38
Здраво, маливе дека се на комбинирано хранење веќе почнаа да не сакаат да цицаат. Во последниве 24ч ги доев 3 пати последниов подој беше колку да не осеќам тежина на градиве. Дали е правилно така да им давам колку да не се ствараат грутки? На почетокот супер функциониравме додека не разбираа толку, а сега го преферираат шишето пред града... Ретко така да цицаат убаво и да се најадат. Криво ми е ептен, дека првото 2 години го доев ама ќе ја прифатам ситуацијата.