Малечката ја одбив кога бев кон средина на циклус. На очекуваниот термин не ми дојде. Ми доцни скоро два месеци. Тест за бременост правев 2 пати, нема ништо. Додека доев добивав точно секој месец на ист датум. Дали се случило после одбивање толку да ви доцни менструацијата? На доктор бев неколку дена пред да ја одбивам, беше се во ред.
Пишав погрешно, ми доцни 3 недели. Сакав да кажам скоро 2 месеци како што немам добиено воопшто. Се чувствувам како тапанче.
Кажувајте совети како да го одбијам детево? Голем е веќе, 2 год и 8 мес, разбира, сам си кажува мамо сакам млеко, мамо дај цице, мамо ќе цицам итн. Му кажувам дека ме боли, дека е голем батко, дека само бебињата цицаат, не го интересира. Дури и му реков дека деца што јадат чоколадо не цицаат млеко, вика не сакам чоколадо сакам млеко. Облекувам ролка, си наоѓа начин, оздоле ја крева, ме влече, вришти, не можам веќе. Ноќе уште се буди, заспива цицајќи, ме влече цела ноќ.
Кога ги одбивате од цицање се измолзувате уште некој период или како да знам дека нема да си направам проблем ако сеуште има млеко? Моето не цица веќе месец дена, се измолзував ама ми намали скроз млекото. 30мл и посчедно време и помалце од тоа можам да измолзам еднаш на ден. Не се измолзував 10 дена и вчера викам ај да видам дали имам уште мчеко и пак 30мл измолзев градите ми се меки, не осеќам грутки. Не знам дали треба да се измолзувам до последна капка додека искача или можам да прекинам?
Прекини со измолзување, така само стимулираш лачење. Ако не осеќаш дека ти се полнат и ти се тврди немаш потреба од измолзување, а ако ги осеќаш полни тогаш одмолзуваш минимално колку да ти олесни никако скроз да ги испразниш и ќе ги стегнеш. Јас го одбив пред 8 месеци и ниту еднаш не се измолзев затоа што немаше потреба ниту пак проверував дали има уште млеко или не, уствари млеко може да има и подолг период откако ќе прекинеш со доење ако се стискаш сама за да провериш...
Devojki vcera se izlolziv Gi vrzav gradite so zavoj Pocnac so antibiotik i dostineka Sea me bolat stavam ladni oblogi Od ednata mi protece mleko Dali da odlozam pak malku pos tus ili?
Devojki zdravo, bebeto piese majcino mleko ama ne napreduvase voopshto nemav dovolno pochnavme so kombinirana ishrana, jas se izmolzuvav od dvete gradi, zatoa shto od ednata ne bese dovolno, taka se terase nekoi 10tina dena po shto vekje na pumpa ne vadev nishto, pa preminavme celosno na ad. Ne se odmolzuvam vekje dva dena megjutoa denes osetiv kako nekoi grutki po shto se izmolzev i edvaj 10 ml izvadiv po shto grutkite recisi gi snema. Sakam da prasam shto mozam da zemam za da vekje celosno mi prestane laktacijata. Bebeto ne saka na grada, mleko ne se vadi, a ova mi doagja kako maltretiranje povekje. Sekako ke se iskonsultiram i so struchno lice vo Vtornik, no sakam da vidam dali mozam da prevzemam neshto i na svoja raka do togas.
Zemi caj id zalfija 2x250 ml Ko kje isetis grutki izmolzi racno pod topolo tus Jas zemav dostinex i antibiotiik
Ако најде начин кажувај. Да додадам, ставив лимон, кармин, залепив ханзапласт, не упали. Вришти за цице, и ништо друго не го интересира. Ноќите ми се хорор. Јас, која првото го доев 2ипол год без никаков проблем, нит да бара, нит ноќе да се буди, уживавме двајцата, сега не знам како да намалиме бар подои.
Maјки кажувајте што е паметно да правам. Намалував подои постепено и од март навака бевме само со цицање за заспивање. Од пред 5 дена го тргнав и подојот за дневна дремка ама никако да прифати бебуш. Мислам дека од ден на ден се потешко заспива и повеќе плаче. Па се мислам дали веднаш да го скратам и ноќниот подој?? Кога веќе плаче. Како да е збунет и незнае што се дешава.
Бебе 15 месеци морам да го одбијам поради бременост, многу сум тажна. Сношти заспа во 22:30, се разбуди во 03:00 плачеше и дури во 10:40 заспа. Дали имате некој совет како полесно да прифати и до кога може да трае одбивањето
Zdravo ve molam za sovet vo nedelata prestanafme so doejne dojkata kak somi bese znacit vo nedelata i vo ponedalnikot nee za kolku vreme otokot treba da se navali?
Sovet mi teba Tableti dostineks se prepisani za stopiranje na laktacija.Po celden sedam so stegnati gradi so krpa i zelka ili stegnata vodena krpa.Se tisiram so ladna voda. Dali tteba da se odmolzuva nesto ili masira pa nesto da izlese da olesnat gradite ili ne treba voopsto? I mala bolka osekam na dopir na dvete gradi. Sobeti kako ste pominale strav od mastit imam
Здраво ве молам за искуство. Малото е 10м но не сакам веќе да го дојам. Максимум уште 1 месец. Проблем ми е што ноќе цица 2 до 3 пати, дење исто 2/3 пати. Ајде дење кога сум на работа нема гајле не бара, ама кога ќе ме види одма бара да цица. Големиот син го одбив на 11м, ама он прифати и адаптирано и шише па му давав адаптирано кога ќе атанеше ноќе. Ова дете не прифаќа ни шише, ни ад. Пие вода од чашка Не сакам и не можам веќе да го дојам. Ве молам совет како е најдобро да направам, нагло скроз да прекинам или постепено...
Ако си решена за одбивање тогаш одеднаш. Јас големата постепено ја одбивава, ама малава ко ќе ме видеше се закачуваше на мене и 24 часа беше како мајмунче обесена. Неа преку ноќ, ја оставив со мм да спие сама во соба 3 ноќи а преку ден си функциониравме нормално сите заедно. Ни еднаш после првата преспана вечер со мм не побара повеќе. До дента претходно тоа беше фрлање, мавање, вриштење... Инаку и мојавани шише, ни клунче, ни цевка. Само чаша знае, ама екстра млеко јас не давам освен во каши Со лесно мајка
Ќе напишам тука со гордост уште еден убав доенечки стаж. Активно доење од 28месеци. Кажувам со гордост, зошто, и покрај сите маки, од почеток на доење па до престанок( зошто престанокот понекогаш знае да биде потежок од почетокот како во нашиот случај) јас имав прекрасна доенечка приказна. Не би да филозофирам колку е таа поврзаност со детето посебна, со самото тоа што ќе ти седне во прегратка и со очи ти кажува дека сака цице па се до моментот кога стануваат напорни и досадни, со безброј непреспиени ноќи. Може ќе потраеше да не беше ова последново, али во глобала сум презадоволна и горда. На себе, и на моето скоро 2ипол годишно цицалче, кое верувам ќе има прекрасен спомен од сето ова.