Колку убаво Моето е 25м. уште цица, нема абер да се откаже. Кажи ми го одби ти или само се одби? Да бидам искрена чекам само да се одбие, немам срце да слушам плачки.
И јас исто големиот на 2 и пол се одби многу лесно, малава месецов полни 2 и не ми изгледа за спремна уште.
Јас бев решена летово да ја одбијам околу роденден, ама после педијатарот ми нагласи дека лете не се препорачува одбивање. Некогаш толку многу ме иритира цицањето што си викам од утре толку. Ама коа ќе помислам да ја одбијам, ми иде да плачам. Кога ќе и кажам “сакаш цице?” Очите и светат како светот да сум и го понудила. Што сега? Докторот ми рече до 3 години доење се прифаќа и сега на два ума. Да ја чекам сама (што 80% сум сигурна дека нема да се случи) или од септември да ја одбијам? Се надевам и дека ќе ја примат во градинка, ама ни рекоа одговор дека ќе знаеме на крај на август. Ви бараа ли во градинка да ги одбиете? Знам познаничка што и побараа кога почна да го одбие.
Скоро 5 год доење( првото го доев точно 2ипол год и ова 2 год и 4 месеци) Го одбив јас, со тешко срце признавам, ама доењето од уживање почна да станува напор. Станување по цела ноќ, вриштење беспотребно, преку ден не бираше ни место ни луѓе, само врискаше цице, цице и кажав дека мора да прекинеме. Се плашев, зошто ништо не ми успеваше, ама поминуваме многу лесно. Прво прекинувањето на ноќните подои( период од скоро месец) беа хорор. Мислам не спиев по цела ноќ. За денската дремка се плашев, ама еве 5ден заспива со читање на приказни. И ноќе исто. Да напоменам дека веќе 2-3 дена ноќе спие без да се пробуди, што тоа не се случило откако е роден. Мораше да ставам крај, зошто почна да станува измачување сето ова и за двајцата.
Јас ќерка ми ја одбив во лето. Никогаш не го сфатив моментот не во лето ако дете пие течности. Одеше во градинка и додека цицаше никој не барал да ја одбијам, не знам зошто би барале, секако поплдне си цица.
Sakam da go odbijam od doenje veke e 20 meseci, naporno mi e, non stom na cicka, se iscrpiv veke i fizicki i psibicki mnogu sum.nervoxna Probav da namackam ocet (maticna sovet) ne saka vika ima mleko mami Doktorot mi prepisa dostinex po sema i antibiotik No dali da pocnam odma so dostinex ili da se obidam da go namalam mlekoto so caj zalfija Da ns e stetno i dostinex da pijam i da cica istovremeno Nekoja da spodeli iskustvo?
Znam deka ima nus pojavi no mene prolaktinot mi e do plafon visok, i moram.da go odbijam i da pijam doatinex Ne znam dali smee da cica vo prvite den dva otkako kw pocnam so tabletoli, bidejki tesko mi odi odbivanje so ocet i senf. Denes pocnav so caj zalfija belkki ke se namali mlekoto prvicno Sepak ti blagodaram
Како најлесно ги имате одбиено? Година и нешто како цица и веќе ми е напорно многу, а и на едната града почна да ми се намалува млекото. Полека се решавам да ја одбијам, ама проблемот е што заспива со цицање. Се прашувам како после ќе ја заспивам? Прочитав некој беше пишал да преспие со татко ѝ, ама кога се буди ноќеска кај него вришти ако ја земе. Стварно не знам како би било. Давајте предлози.
Прашање за мајката, не за бебето Малиот го одбив пред 2 недели. Не можам да се стабилизирам никако со спиењето. Точно 4г. поминаа како немам сврзано цела вечер и знам дека тоа е данокот кој сега го плаќам. Се будам цело време исто како кога доев, односно на секој саат, со тоа што овој пат не можам никако да презаспијам, па ми се фаќа само првите 2ч. да имам цврст сон, натаму во ноќта сум хаос. Искрено го очекував ова и знам дека треба да помине време додека се среди спиењето. Ме интересира дали некоја се соочила со ова, за колку време ѝ стабилизирало спиењето? Пробав и со чај од маточина, џабе пак се будам.
Мајки здраво. Прв пат дојам па не знам доста работи...Пред 2 дена го одбив малиот од цицање, е сега што и како треба да постапам за млекото да прекине? Дали треба фа се измолзувам и како? Има ли нешто на природна база што може да користам за да прекине? Да не направам беља, грутки, мастит итн. Буквално не знам што понатака
Уф не знаев дека и ова се дешава. Пробај чај од валеријана, и не пиј кафе покасно од 13ч. Чајот од жалфија намалува лактација. Немам искуство со одбивање ама имам со мастит. Проверувај и прати ако осетиш грутка, болка одмолзувај со рака малку колку да ти олесни. Можеби ќе нема ништо. Со лесно
Да се пријавам. Месец дена и повеќе се будев откако го одбив. Дури знаев и да дремам некој саат будна у сред ноќ па пак да презаспијам. Ваљда и за спиењето си треба време да се врати во нормала
Како е најдобро да се одбие, наеднаш или постепено? Дали да почнам да му давам адаптирано? Веќе некое време се буди на секој сат, не можи да презаспие па морам в раце да го држам. Преморена сум не знам како издржувам и на работа и дома, немам сила за ништо.
Со првото дете и јас така, на 14 месеци го одбив и имав страшна инсомнија 4 год почнав да презаспивам од ко се роди 2рото (разлика се 4 год и 8 месеци) Пробав поќе раб, чај, валеријана, мелатонин апчиња, дури и хелекс 2 3 пати се напив и ништо не ме заспиваше, спиев првите 2 до 4 часа и после до сабајле никако сон да ме фати. Многу тешка состојба. Штом сум во темава за одбивање се мислам и јас.. 13+ месеци е малото ама многу ми е напорно, дури ме гледа бара цицање, на 1 сат ако сум со него, ноќе на цицка спие.... 100 пати станува, а од др страна многу сака, значи со љубов бара првото не беше така стравствен цицач како ова. Еднаш ќе се изнервирам и ќе му речам готово овс последно ти е, посче ми е жал и пак му давам... Сега почна в градинка и никако не ми е да го одбијам сега, бар 1 месец да заоди па после.
Некаде прочитав колку време не си спиел толку ти треба да се стабилизраш, па ме фати паника да не сум и јас 4г. без сон, ќе ми се фатат вкупно 8г., па може ќе влезам во Гинис. Ќе споделам накратко за моето одбивање. Мојот беше страстен цицач 26м. и морав да го одбијам поради здравствени причини. Не бев спремна, а ако го чекав него (што така и ми беше планот) мислам дека до прваче ќе теравме. Првата ноќ беше многу тешко, поготово зошто не ни имавме последна ноќ за доење, па беше шок за двајцата. Буквално ме молеше за цице, тој секако на секој саат се будеше да цица од бебе, па не ни спиевме. Почнав зелка да ставам и да му кажувам дека е расипано, па втората ноќ поспавме некој саат, секако беше пак со плачки. Третата ноќ со гушкање заспавме и поретко се будеше таа ноќ. Потоа се разболе па хаос беше дур да оздрави и веќе последните 2 ноќи ќе го спомне цицето, ќе кажам дека е расипано и ќе се пикне меѓу гради. Совет до сите е кога ќе решат да прекинат, без разлика која е причината, да си кажат на себеси дека е последен пат, зошто јас со умот уште дојам, мислам дека и поради тоа се будам. Кога го гледам во ноќта сфатив дека мене ми е многу потешко отколку на него. Поддршка до сите мајки.
Првото наеднаш го одбив и не бараше воопшто, поради здравствени причини беше тогаш, непланирано и лесно мн поминавме, немав ни мака со градите, одма прекинаа да лачат млеко, дури се чудев како е можно. Ама тој последниот месец цицаше само пред заспивање и ноќе еднаш па си спиеше. Ама ова е поинакво бре, си сака да цица, обожава маки ќе мачиме.
Мајки дај кажувајте начин како да се одбиеме од цицање,значи веќе е не издржливо. 21месец е и е стравствен цицач,многу слабо јаде,се буди 3 пати навечер за цицање.веќе ми станува нервоза зошто нонстоп сака да е на цицка.кажувајте како да се одбиеме. Имам пробано сенф,кармин,црвен пипер ама безуспешно ќе и се згади ама ќе почне да плаче и неможе да се смири додека не цица.