Јас одеднаш ја одбив ќерка ми, и 2,3 вечери спиеше со маж ми, јас во друга соба, малку плачеше, ама брзо се смируваше. Пробајте така
Нема идеално. Секој си знае за себе. Некој дои до 3 год некој ич. Големата ја доев до 1 година, малиов сега до 3 месеци. Препорака од сзо е ексклузивно до 6 мес, потоа до 2 години. Мене лично многу ми е до 2 години, идеално до кај година максимум. Ти како си мислиш дека е најдобро за тебе и твоето бебе така.
Сте пиеле ли нешто плус за прекин на млеко? Ставав листови зелка вчера, ептен ми се топли, а грутки немам. Малку ми натежнаа сабајле, одмолзев колку да ми олесни, далу нешто друго да превземам?
Јас поминав без таблети. Ги стиснав во градник и ако ептен ми тежеа само одмолзував малку. Ни грутки не ми се направија.
Стегни ги градите со нешто ( потесен спортски градник на пример). Другото исто правев, зелка и одмолзував првите 2-3 дена по малку. Зависи колку цицало бебе до последно, ако сте ги намалиле подоите ептен, не би требало да имаш проблем.
Мајка скроз прекина млеко ноќе спие сега? Јас се плашам да не е гладен па давам 1 до 2 шишиња млеко навечер пие.. Еве вчера последно испи во 1 па сабајле дури во 7 каша ама не знам да не го биде гладен.
Пие еднаш навечер по 100мл, повеќе не сака. Претходната недела неколку дена преспиваше ноќ без млеко, се што е добро кратко трае и пак не спие ама сега двојките горе излегуваат и си играме навечер . Се надевам кога ќе излезат забите ќе почне да спие а до тогаш ќе се журкаме . И нема врска што е на адаптирано кога пак не спие, кога пиеше мајчино повеќе спиевме сите. А да и повеќе од 120мл не пие. Беблак твој по колку мл пие?
Ако убаво си јаде во текот на денот, мислам нема потреба од млеко во текот на вечерта. Моето пие пред спиење 150 мл АД, и веднаш штом стане исто 150 мл.
120-150 зависи кога како. Денски крка убаво си ручка некогаш и млеко пие затоа сакам ноќниве да ги прекинам
Има во аптека маст, се вика Грозозо, многу горчи, служи за одвикнување од гризење нокти и цицање прст. Ја нема во сите аптеки, јас со неа се намачкав и одма се тргна. Другиот ден уште еднаш и толку
Kaj nas upali Gozozo,eve veke dva dena kvici malku ama nisto strasno.i se zgadi ciceto povrati duri.sega uste so mlekovo da go resime problemot P.s srekna nova na site
Кажувајте како да се ослободам од болкава во градите,преполни ми се.Трет ден веќе не цица ама јас ќе пукнам,ми надоаѓа млеко ме болат многу.ставав зелка,се стегав со пелена се одмолзував ама пак ме болат.има ли некое чаре или да одам на лекар
За колку време страствените цицачи забораваат дека цицале? Синко, 17 месеци, втората вечер понервозен од првата кога прекинавне со доење. Да напоменам само уз цицање заспиваше.. Ноќиве изминати се хорор