Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.885
    Пол:
    Женски
    Со зелка, не ја баталувај, ставај цело време, кога ќе се затопли зелката ќе ја смениш. Во замрзнувач ја чував пола минута пред да ја ставам. Упорно ставај 2-3 дена и ќе се средат градите.

    Можеш и со масажи под туш, ама ја тоа не го практикував.
     
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    7.853
    Пол:
    Женски
    Градава уште ме боли. А јас и претходно имав проблем со неа вака околу плодни денови,овулација и пред добивање.
    На календарот гледав ми биле плодни денови не знам дали е до тоа. Ама претходните месеци вака кога ми бешр малата цицаше и ќе масирав јас и се средуваше. А сега таа не цица. Ми е страв мастит да не закачам. Вака мека е не ми е стврдната ама тешка ми делува некако.
    За колку време ако не престанува млекото, треба да посетам доктор?
     
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.885
    Пол:
    Женски
    Ама ставај зелка, без разлика што е мека, има процес внатре. Мене мастит ми се направи, го решив со зелка. Како што пишав, стави ја во замрзнувач пола минута, напикај во прслук и менувај кога ќе е веќе топла. Ќе осетиш промена и после еден ден. Така уште два дена и толку ќе е.

    На ехо можеш да одиш, ама ќе ти даде апчиња за да ти прекине млекото. Јас бев после еден месец, ама зошто ми се поклопи да сум на систематски од работа, иначе после 6м. од последен подој се оди на контрола.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.