Од 6 сабајле бебе нема цицано, со трчности сум на минимум, пиев и чај од жалфија една чаша, дали да измолзам нешто, да ставам зелка превентивно или друго нешто?
Се намачкав само на брадавицата и од мирисот се згади не сакаше ни да проба. За второво ми беше некако жал со сенф и се решив да не и давам ич имаше плачки три недели особено првата беше хорор по 20мин дремнуваше и ден и ноќ..сакаше само во раце кај мене. Со лесно одбивањето.
Јас не се молзев ич пиев достинех секако по препорака на гинекологот 4 дена по 1 таблета ама не ми помогнаа ми рече докторката неколку дена пауза па пак ама фатив мастит и после пиев уште 7 дена по пола таблета плус антибиотик. Чај од жалфија ич не ми помогна се стегав и зелка ставав .
2 дена нема цицано син ми, едната града ми беше полна сабајле под туш рачно малку измолзив.. ставам сега ладна зелка. Смеам со пумпа да молзам или не? Шо друго можам да ми олесни и колку трае? Ми е страв од маститис..
И јас сум во тој процес моментално, подобро со пумпа не Ставај зелка цело време, пиј чај од жалфија и нане, други течности на минимум
Што ви се покажало нај ефикасно да ставам на градите да се одбие малава? И што да користам за да намалува млеково?
Кога се смета за официјално одбиено? 4 дена нема цицано. И кога ќе снема млеко нацело? 13 месеци е син ми, кратев прво денските подои, после само навечер цицаше и кога ќе станеше песни и низ соба се шетавме. Само првите денови имав малце тешки гради , сега ми се меки .
4 дена мислам дека веќе е одбиено, тоа е тоа. Мојава е скоро година ипол, сабајле обавезно цица, за дремката исто, и за спиење обавезно. Ноќта не се буди, 2 3 месеци си спие по цела ноќ, тој подој веќе го рачунам за тргнат. Дај боже полесно да поминеме со дневниве.
Поголема е може е потешко. Мене кога ми бараше му правев дистракции, му давав смока, банана или сок. Не ми се остава на друг за да го одбијам, мислам траума е тоа.
Ја легнав, ставив ханзапласт, и зборев дека немам млеко, ме боли..проба да тргне 3 4 пати, и одвлеков внимание со мечето, го гушна и ми заспа на рака. Душичка, ме разбра дека не и давам веќе тешкичко ми падна ама морам, доста е веќе, само одолговлекував. И јас не ја оставам на друг, доењето е врска мајка дете и сметам дека меѓусебно тоа треба да се надмине. Сите успеале, полека ќе успееме и ние.
10ти ден како не цица , денес прв пат имам болка во гради и ги осекам тешки, пијам чај од жалфија и нане... зелка ставам, колку трае процесот додека се доведат градиве во нормала? Дали да правам нешто плус, да одмолзувам? Не пијам вода ич течности на минимум ќе пукнам колку ми се пие
Деснава посебно премногу ми се преполнува со млеко, одмолзив рачно 2 пати, пак е полна и ме боли. Многу млеко имам, брзо се полнат двете. Како да си помогнам да не ме боли? Почнав и со жалфија, по колку да пијам во денот? Ај помагајте вие што завршивте со доење
Наеднаш да не скрати? Јас од неделата не е цицал само вториот ден осеќав малце како притисок ама не пумпав туку под туш се масирац и малце ептен малце рачно извадив..И зелка од фрижидер ставив..
Па да, не цица веќе воопшто, ноќите и онака не цицаше а тие 2 3 подои преку ден ги скратив. Ти постепено кратеше? Не пумпав ни јас, исто рачно под туш се одмолзев, ама многу млеко имам, преполни ми се. Страв ми е од тт јас сум склона на кревање, додека доев 3 4 пати кревав кога се преполнуваа.
И мене исто десната се стврднува и боли, еднаш на ден одмолзувам ама сама со рака не со пумпа, што прашував мајќи викаат ќе помине, кој ден веќе не цица бебе? Јас пијам по 2 чаши чај многу ми е гаден
Моја грешка, во брзање сум пишала, левата ме боли, деснава ич. И од таму се одмолзев ама левава ептен ми е тешка. Со пумпа и јас не сакам, затоа со рака, страв ми е да не стимулирам пак млеко Од завчера попладне не цица За чајот мене па баш ми е убав, во ниеден не ставам шеќер, чисти ги пијам, и овој ми е вкусен. Ќе пијам и јас по два. Мене ми е чудно како ли ова млеко ќе се повлече
Преку ден ич не не цицаше само пред спиење вечерно и у теко на ноќта еднаш.. Млеко дадов пред спиење и цицаше преки ноќ.. После неколку дена така и вечерта не давав. Три четири дена кратев подој па после друг. Течности на минимум.
Ти постепено си намалувала јас па одеднаш а зелка како ставаш, на цела града? И колку така седиш со зелката? Ти помага ли?