Ti blagodaram se nadevam nema da mi se pojavi mastit od toa se plasam naj vekje zatoa i apcinja zemav
И јас со првото не пиев апчиња, само намалував подои и стигнавме до 1-2 на ден и еден ден решив готово. Немав ич проблем а исто многу се плашев како ќе помине. Пиев 10тина дена жалфија по 2-3 чаши. Земи си жалфија една недела пиј, спречува лачење на телесни течности.
Мајки, ве молам за совет/искуство. Малото ми е 3 месеци, го хранам со измолзено млеко од прв ден, со пумпа на Авент. Последнава недела од мозењето ми се направија страшни рани на брадавките, млекото што го молзам е полно со крв, и ужасно ме боли. Решив да го префрлам на адаптирано, е сега прашањето ми е дали има шанси без апчиња само со рачно одмолзување на градите да ми се намали и секне млекото? П.С Никако не фати да цица иако активно пробувавме до 2 ри месец, а при тоа имав искуство во доење, 1,5 година со првото дете. Ве молам за искуства/ совети
Здраво мајки Малото ми е 11 месеци мака мачиме и со кашички само овошни јади зеленчук,месо никако не јади пробано и на сила почна и овошните да не ми ги јади па сега на ново се учиме и со нив и цело време сме на цицање така и заспива значи премногу сака да цица неможам повеќе не се издржва ме тегни ме болат и брадавиците пробано и со цуцла ја гризи ка фрла пробано со дункање се тегни се исправува со песни со феној ништо не помага незнам како да почнам поинаку да ја заспивам и да ја одбијам полека од доење а кашички мн слабо јади (Извинете на долгиот пост)
Здраво Имаме 15+ месеци, сакам полека да почнеме со одбивање од доење. Ќерка ми премногу е поврзана со мене и секогаш кога ме гледа бара да цица. Кога си доаѓам од работа буквално плачи и оди по мене се дури не и дадам. Исто и во викенд кога сме по цел ден заедно, буквално цица како мало бебе, на 2 часа сигурно бара. Сум пробала да ја залажам со вода, сокче, но не прифаќа, сака само да цица. Исто и навечер, веќе почна да станува по 4 пати за цицање. Пренапорно ми стана па сакам да ми дадете некој совет, како да почнеме постепено да се одвикнуваме. Кога не ме гледа не бара да цица, но штом ме види одма бара и никако неможам да ја залажам.
Пробав со медела и авент силиконските и не сакаше да фати ни така, после 2 месеци пробување се помирив со фактот дека нема да се доиме. За жал веќе преминавме на ад, а за среќа од самото рачно молзење млекото се намалуваше па немаше потреба од терапија.
Не ти треба рецепт, на сопругот не му побараа рецепт. Само за шемата како да ги пиеш ти треба да ти каже.
Во виола или во ремедика не треба рецепт? Дека имам виола во близина. Ми рекоа два дена по пола апче сабајле и навечер. Јас намалив многу со доење, вчера се измолзив 3 пати само цел ден и денес само еднаш. Почнав и со жалфија по 2 пати на ден. Сега пример ме подзаболуваат градите ама не како вчера. Не знам дали да пробам вака прво може ќе секне да не пијам одма достинекс, а од друга страна многу ми е страв да не ми се направат грутки и инфекција некоја.
Во Виола, ова лани беше летото, не верувам нешто да се има сменето да бараат рецепт. Па пробај некој ден дали природно ќе се намалува, мене од достинексот памтам дека ми беше многу лошо, сите несакани дејства ги искусив, ако успееш и без него супер. Јас денес прокрварев некој кафеав исцедок такашто веројатно вриштењето на града е од што немало доволно млеко. На мерење мн слабо имаше качено килажа и уште се доиме ама мислам дека и кај нас се гледа крајот зошто веќе е дневно на по 3-4 формули. Со лесно!
Епа и кај мене е исто мислам дека и двете се жалевме во исто време во темата Доење. Осеќам и јас некои болки во јајници мислам ќе ми дојде за некој ден. Денес со молзење извадив само 30мл колку малку да ми намали болката и беше млекото со некој сивкасто зелена боја. Така чудна некако и го фрлив. Пијам и сончогледов лецитин. Ме позаболуваат и не знам што е паметно дали да не ги чепкам или да одмолзувам по малку 2-3 пати на ден. Иако едвај искача нешто ама осеќам па малку тврдички баш околу ареолата. Болката е поднослива ама присутна. Со првото не пиев апчиња, само жалфија ама го одбив на 8 месеци. И немав вакви болки. Ќе проверам утре во Виола. Тенкс!