Форумџика на годината

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Јас кога ја одвикнував од честите станувања не се будеше, ама се одвикнуваше со мене, и чат пат со мм кога веќе немав живци да ја нишкам за да заспие :D.. Не знам дали тоа и колку прави разлика.

    Ако е така ќе го оставиш мажот со неа, ти ќе си купиш нова спална за себе само и готово :rofl:

    ЕДИТ : и мојата синоќа од 9 до 6 сабајле... Ретко се дешава обично как 3-4 се буди тој едниот пат. И дадов да цица, ја вратив во креветчез хрчење и двете до 8и45 ]:)
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Женски
    Не е тоа проблем ама он работи ноќна смена и мора некој да е со неа.. ќе морам јас хаха
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Ќе ја научите уште мала сама во соба да си спие бе хаха

    Се шалам, знам дека тешко би ти било како мајка... А на спална спие со вас или во креветче?
     
  4. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Женски
    Во креветче залепено до спална
     
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    И мојата е така, немаше пороблем. Да се надеваме дека нема да има и твојата, мислам не би требало зошто се е навика кај нив :)
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterflywomen

    Butterflywomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Жени јас веќе незнам каде да се обратам и што да направам мислам дека ќе полудам.
    Не сакам да го одбијам од доење, сакав да тераме до 24 м, ама ова веќе е излудувачко и веќе и јас немам нерви, а меѓудругото она што ми прави најголем проблем е градинката.
    Незнам ни темава дали е соодветна за мојов проблем...
    Да не должам, тргнавме во градинка од септември на 12 ипол месеци, еве веќе 22 октомври е он не престанува да плаче, а најстрашно е кога му се спие. Едноставно нема шанси да заспие, секако пробаа тетките и легнуваат со него, го гушкаат, и во раце со нишање и на нозе, и на лулка не престанува да плаче. Веќе почнаа да ми посочуваат дека можеби е заради доењето.
    Кај мајка ми или кај свекрва ми заспива без цицање, со мене нема заспано никако одруго освен на цицка. Меѓутоа еве јас кога ќе се појавам било каде да е, он не престанува да плаче додека не му дадам да цица.
    Толку мака ми ствара, стварно не сакам да го одбијам, пробував да му го одвлечам вниманието и бар денските подои да ги тргниме или скратиме ама нема шанси.
    Ве молам Ваши искуства, стварно почнувам да мислам дека не се адаптира заради доењето.
     
  7. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    822
    Пол:
    Женски
    22 месеци и веќе сакам да ја одбијам, прво еве ги скративме дневните подои и веќе речиси и не ни бара дење да цица, навечер заспива без цицање и без проблем ама ноќе :worried: се буди неколку пати и презаспива единствено со цицање. Пробав со вода, вреска кога нудам а млеко никако не пие од шише, го плука. Освен да ја оставам да спие со татко и не можам да се сетам што друго да пробам... Совет?
     
  8. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    1.706
    Пол:
    Женски
    Пробај пола вечер со татко и, пробај млеко додај несквик или мед убаво да му дојде благо ама тоа вежбај преку ден повеќе пати и прави му атмпсфера како за спиење, пробај со шшш со тапшање преку ноќ со галење
     
    На Thor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.638
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш зашто сакаш до 2 години да го доиш, ама мора да му смениш навика за преку ден, никако града не давај за спиење, значи мора да ја смени навиката. Пробај цуцла нешто, мора да смени навика. Додека не ја смени навиката, ќе плаче. Мора да помине плачењето, само така ќе се одвикне.
    Единствено што може да направиш е да спие друг неколку вечери со бебето. Ти во дневна, бебето и тато во спална, колку и да плаче ти не смееш да влезеш, тато ќе мора да најде начин да го презаспие, значи ако влезеш се ќе е залудно. Неколку вечери и веќе нема да се буди навечер.
     
    На Thor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Мајки поради здравствени проблеми ја одбив малата на 11 месеци. Две-три недели се поминати како нема цицано. Понекогаш тече по малку млеко, ама не ми се полнат веќе градите. Дали сега треба да одам на контрола и каде?
     
  11. Mommy. S

    Mommy. S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам конечно се одбивме. За ова се спремав психички 3месеца.
    Намалив дневни подои скрос, па дневно успивање без цице. И на крај вечерта(најтешкиот дел)
    Стана кај 1 и едвај го презаспијав до 4. Плачевме заедно, ама бев упорна, се напив апче и го успав едвај.
    Прифати да се напие вода од шише.
    Несакав да го оставам со татко или друг зашто сметам дека заедно мораме да го пребродиме тој дел.
    Претешко ми е, ама горда сум што скоро 20месеци поминавме прекрасни момент. Доењето и ќе ми фали и не.
    Тоа е посебна врска, ама тоа е, растат и се осамостојуваат.
    Сега барем ќе можам да пијам апче за главоболка, или чаша алкохол.
    Офф мајки, мислам потешко е за нас, ако го доев до 2г знам дека уште потешко ќе ми беше за одбивање. Сп тешко срце се одлучив после сто пати предомислувања и се гордеам што успеавме.
    Е сега уште се буди. Ме плаши будењето, дали секогаш ќе го думкам или треба денови за да се научи? Се буди 3пати. Во 1, 3ипол и сабајле у 6/7
     
    На 1209, Kjara2025, Feniksgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.638
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Од навика се буди, ќе смени и тоа за брзо. Со лесно мајка.:l:
     
    На Mommy. S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Бебето ми е 6 ипол месеци и поради здравствени причини морам да ја одбијам од цицање. Пробав секако… со различно адаптирано млеко, мешано со мое измолзено млеко. Никако не сака. Мое млеко пие од шише ама ако малце е смешано со адаптирано го осеќа и не го сака. Инаку во кашичките не го осеќа си ги јаде најнормално, голем апетит има. Некоја мајка да не поминала низ истово да ме посоветува како да правам како е најдобро? Што ви успеало на оваа возраст која тактика? :( Знам дека понекогаш и од комфорт цица. Не по моја волја ја одбивам ама морам некако…
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.638
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Никако, за некој ден година не прифаќа никаква течност освен моето млеко…
     
    На Emberlynn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    5.555
    Пол:
    Женски
    Јас сакам во соба да ја префрлам.. креветчето што е до мене е до 9 кг, она има 8ипол.А и долга е горе се удира со главчето тесно и е. Сестрами ја префрли на 6 месеци ама лето беше и одлично се навикна. Еве ја си спие сама во соба. Јас се плашам дане се успиеме мн па да не ја слушнеме некогаш.Сестрами на камера ја гледаат.
    Сега е понемирна мојава навечер, со сатов уште се бориме, и менувам дремки од 4 на 3. Па се буди во глупо време де во 5 ипол де во 6. Дека настината плачеше неколку пати навечер се будеше од кашлање. И сега све еве тоа да помине и да пробам да ја префрлам. Да може да се навикне ма кревет на све пред да дојдат заби и чуда. :^)
     
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.541
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    На таа возраст ја одбив ќерка ми со тоа што и реков дека се расипало и и ставив сенф. Лижна и се згади и толку... се останато беше неуспешно. Една недела проверуваше дали уште е рсипано ама и помина
     
    На Mumoftwo30, Autumn Love и Thor им се допаѓа ова.
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Уф, браво за храброста и за тебе и за сестра ти. Мислам дека на 3 години ќе ја префрлам хахаха И вака не спијам, не па да е во друга соба :rofl:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    822
    Пол:
    Женски
    Сенфот го излижа и си продолжи да цица :rofl:
    А да, зборувам дека е какано и слично и не пробува, еве еднаш во текот на денот знае да дојде да побара. Првата ноќ вриштеше 2 пати, синоќа малку прокенка, со Господ напред оваа ноќ се надевам мирно ќе биде
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    5.555
    Пол:
    Женски
    Мислам затоа што спие навечер и регресијата прва добро ја помина не се будеше па имам некоја сигурност дека ќе спие и таму, од сестрами внукава не стануваше ич навечер, само кога е настината со температура спие со нив. Може и затоа и нејзи и беше лесно да ја префрли. Кога се буди сабајле ги вика мама тата и иде некој ја зема се прпела со нив малку во спална. И требаше време да ја научи сама да заспива.. Сега седи еден на столче до неа и чита приказни и она допива млеко и заспива. Здравје ќе видиме со моево како ќе биде.
     
    На Mumoftwo30 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  20. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Абе и мојата заспива сама да речам, јас само лежам како морж блиску до неа, еве деновиве ја ставам и во креветче директно не на спална, јас лежам на спална, и се врти се врти ќе заспие, и прво станување и е во 6ипол. Ама нема да имам мир, ќе ја мислам цело време. Она тука до мене кога е па ја мислам, уште сум откачена знам да се подразбудам и да ја проверувам дали дише :D
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.