Само што наполни тогаш годинка и сама си го тргна ноќниот подој, ја преспиваше цела ноќ, и останаа два, еден кога ќе стане и еден за дремка, пре ретко беше трет да има во тек на денот, и после одеднаш и скратив, утредента воопшто не и дадов да цица, побара, и зборев, ме разбра, уште еднаш од навика и толку беше, плачки барања да цица немаше тоа кај нас. И после ќе ми натежнеа, малку под туш ќе се одмолзев и пиев чај редовно, па си омекнаа на крај и тоа беше тоа. Ти можеш да пробаш еден да скратиш, па остани со последниот подој и тргни го и тој, види и малата како ќе прифаќа, како ќе реагира.
Кога ќе стане бара одма да цица, значи плаче ме соблака. Навечер не цица, пред спиење тогаш ама не бара секогаш. Повеќе ми е проблематичен тој од сабајле, ама ќе пробам вака како што викаш.
И мојава секогаш сакаше мн да цица насабајле кога ќе станеше, ама јас тогаш решив да прекинам одеднаш зошто неа ја видов дека на крајот веќе цица од навика а реално супер јадеше, пиеше течности...пробај вака постепено и полека двата подои ќе ги тргнеш, следи ја и неа.
долга е нашата приказна...беше бебе што немаше ред за спиење, страствен цицач беше, вака теравме до година...ноќите игравме и сè совладуваше ноќе...ретко да фати ред, нов скок и пак од ново, бебе што не спие ноќе...и после магично на година реши сама да си спие иако преку ден сеуште цицаше. И мене сонце ме огреа конечно сврзав неколку саати и спиев ноќите. Тотална преобразба после годинка, од бебе без ред, бебе што спие ноќе и не се буди до сабајле. Еве и сеа, 2 години и месец е, значи цела година она си спие без да се буди во текот на ноќта. Не бара вода, млеко не пие никакво, си има ред, миеме заби, пие вода, ја легнувам на спална, скока рипа тера муабет и спие до сабајле така да, штом ја со вакво бебе видов сон, има надеж за сите
Има надеж значи да не е одбивањето проследено со денови плачки Не се надевам премногу ајде ќе видиме хах. И мојава е страствен цицач, само со цицање заспива и презаспива, рееетко со нишкање ако не бива цицање ама тогаш мава, штипе, гребе многу е напорна. Рано ми е за одбивање 9м е сакам бар до година да издржам да ја дојам ама размислувам полека како би правела кои ми се опциите
Има надеж, мојава тогаш не збореше ама за чудо ме разбра, ставив фластер и и зборев дека мама нема веќе млеко, ме боли таму и некако ме сфати, ниту плачеше ниту бараше. Искрено, како за таков цицач очекував тешко да поминеме со одбивањето, ама прелесно поминав, дај боже секој така лесно да заврши со доење. Јас ја одбив на година ипол, за мене сосема доволно. Полека ќе тргнеш подои, многу зборење и ќе биде. Мене доењето ми е останато како убав спомен и на убав начин ете завршивме и со таа тема.
На еден подој стигнавме. Пред некој ден и ниеден немаше, ама затоа сабајлето кога ми се фрли, ко лав на стек. Ама еве полека деновиве ќе скратам скроз.
лав на стек да знаеш може да побара и од навика, зошто сепак секојдневие им е цицањето. Прифаќа полека дека тоа е тоа, не плаче? Ти како се чувствуваш?
Да прифаќа, ама некогаш кризира и ми бара на ручек, ама не и давам и прекинува. Јас сум пресреќна дека дојде овој период и искрено одвај чекам. Има со трубачи да прославам.
Кој ги препишува достинех? Треба да правам интервенција со три дена во болница дали само со апчињата ќе снемам млеко или да превзема уште нешто?
Здраво, бебе старо 4месеци, веќе 2-3 недели одбива града, плачки кога ќе на ставам за цицање, млеко имам. Некој совет?
Матичен гинеколог. Зависи јас морав да одмолзувам од едната хиперлактација имав... по шема пиев отприлика 2нед требаше да се среди.