Форумџика на годината

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. MDMD

    MDMD Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Имам родено пред 2 години и скоро воопшто доено, а последниве неколку месеци имам болка при притисок на едната дојка само, подлабоко внатре се осеќа како под брадавицата и при стискање излегува по некоја капка млеко на двете страни. Имал ли некој слично искуство? Два пати е правено ехо, се е чисто, пролактинот е нормален.
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.183
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Има значи надеж и за мене.. Ќе се вратам за 2,3 нед во темава да ви кажам дали малава после 1 година неспиење, почнала да спие (точно 18м е). Сабајле ни беа последните подои... Леле жени трето ми е, вака тажна не сум била со другите две, ми доаѓа да ја вратам на цицка. Мастит напраив, пијам антибиотик и решив скроз да ја одбијам. Ми бара цице цел ден. Сеа на заспивање земав со моливче црвено за уста се нацртав на ареола и сенф стаив пред да одам во спална. Кога ми ги виде, една фаца што направи намрштена... и АУУУ рече. Викам боли мама, какано ауу... и она пак ауууу. И и викам еве види не е убаво и се доближив со града и лапна малку, леле нагони кога фати да има, едвај се созема... дури и сама ми ја спушти блузата кога се созема. Јас се изнаплакав :( По 15мин и викам, ајде да нанаме и се врти ме гледа во блуза накај градите и вика: ауууу боли... Сакав до пролет или 2г да ја дојам. Ама сигурно и тогаш нема да е полесно, можеби и потешко..
     
    Последна измена: 31 јануари 2026
    На Baby warrior и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  3. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Во нашиот случај не беше дека почна да спие откако ја одбив, баш обратно што и ме чудеше, сама го отфрли ноќното цицање, а обично нели тоа последно се отфрла или бар меѓу последните подои. Едноставно сама си смени, почна да си спие. За тажна не бев тажна, онака само ми се насолзија очите, бев среќна и исполнета зошто имавме прекрасна доенечка приказна. Ниеднаш немаше кризи за цицање, јас секогаш имав доволно дури и мн млеко, а вложив многу! Баш бев среќна што успеавме и двете и што оди напред, веќе растеше, многу убаво си јадеше и сватив дека нема потреба веќе од таа тема, ќе беше доење само од навика. И јас така почекав до скоро Мај, пролет и ја одбив, сакав зимата да ја дојам. Дај и време, и на неа и е ново сè само ако се решиш нема назад, ќе се залажуваш и себе и неа, пресекуваш и крај. Сосема доволно си ја доела и како што знам јас да кажам, нека ти остане во убав спомен таа тема :sun:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.183
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Многу убаво заспа како за прв ден без цицање и тоа со мене. Дури како помирена од одма дека цицето нешто не е добро и ете готово нема да цица. Златно дете на мама :l: си плачеше малку само, па ја прашав дали сака да читаме приказни и рече Дааа дааа, ајде земав од друга соба и ме почека, седнавме 2 сликовници прочитавме. Се пикаше во мене после, ни еднаш не се осмели да крене блуза... ни да побара. Запрепастена сум како брзо вака... Легна се набута во мене, пеевме песнички и заспа. Ќе видиме сега како ќе спие до сабајле. Зошто последниве неколку недели, страшно беше спиењето. По 7-12 пати стануваше со вриштење од кои 3-5 беа со цицање :sweat: Ако спие убаво, брзо и јас ќе се помирам. Подобро убав сон да имаме и двете, него тоа малтретирање со неспиење и цицање... Јаде се убаво, нема гајле.. Фала ти многу :hug:
     
    На dummy и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  5. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Умнички се многу повеќе од тоа што мислиме и сè разбираат. Мојава збореше по некое зборче ама тогаш одма ме разбра што и зборам и си го сфати како нај нормално одбивањето. Од тогаш, си легнуваме на спална, си збориме, се гушкаме и без проблем си заспива и си спие до сабајле, пре ретко да побара вода и си продолжува во иста секунда да си спие. И јас бев позитивно изненадена како брзо сè заврши, мислев ќе има плачки, барања, ама ете, има деца одма прифаќаат дека нема веќе цицање. Сега ќе ви останат гушките и галењата, секако на нив им е доволно што сме до нив :l: со лесно да поминете и да пишеш дека сте наспани и уживате гушкајќи се пред спиење :hug: :hug:
     
    На dummy и mariz им се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    9.811
    Прв ден и ние без цицање, ненаспани живи:(
    Дента побара еднаш, се лигавеше ама не дадов, ама луѓе еднава ми е цела грутки. Сабајле рачно малку одмолзев ама џабе, уште стојат и ме болат…
    Дали да барам достинекс или да пробам со одмолзување? :?:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Одмолзувај и чај од жалфија, ќе се средиш. Мене дури и мн ме болеа, тежеа, само со одмолзување ми олеснуваше.
     
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Женски
    Мариз а дали пие друго млеко? Мојов од како почнаа забите да излегуваат од како наполни годинка по 5-6 пати цица ноќе, сега 7 заба има и болно е веќе. Незнам дали сум спремна да го одбијам, а многу ми е напорно. За два месеци треба да почнам со работа вака жива не наспана незнам како ќе функционирам.. А реално 19месеци доста е цицање само незнам како ќе се одвикни, ако не му дадам вришти на цел глас (lalala)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.965
    Допаѓања:
    12.121
    Пол:
    Женски
    Јас се одмолзив првиот ден колку да ми олесни малку, мн беа тврди и со грутки...потоа почнав да ставам лист од зелка и чај од жалвија пијам.Немам грутки веќа и не ги чувствувам болни.5 ти ден како не цицаат.Ќе видиме како ќе се одвива работата.
    Не брзај со апчиња одма мој совет.
    5 ден како не цицаат
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.183
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Први денови не сакаше, а сега 3,4 дена пие алпско без лактоза (такво користиме дома). Некогаш ќе го испие цело шише од 150мл, некогаш остава. Не цица веќе 2 недели и од првиот ден ја спие цела ноќ :D Не сакав одма да се фалам тука, ама еве 2 недели спиеме, ретко да стане еднаш во ноќта со тоа што малку ќе закенка, ќе се набута во мене и заспива пак. И тоа се е 3ипол 4, исто време. 2 дена спие еве па цела ноќ, до 7 сабајле. Со тоа што ја будам, да ја носам кај баба и доле, дека одам на раб. А и да си има ред. Исто секој ден, па дремката и е 12ч, до 14ч. Алелуја дојде ЖИВОТ и за нас :rofl: Цице ми бараше првата недела, сега веќе не овие денови. Не ми побарала 2 дена ИЧ. Инаку ќе и текнеше чат-пат и ме прашуваше цице? дај цице? со тоа што кога ќе и кажев: не е убаво, бљак... правеше кисела фаца и се откажуваше :rofl:

    Искрено незнам ни како издржав и преживеав. Од септ јас одам на работа, се сум прва смена со аларм во 6 сабајле, 6м зомби бев. Денот можеш да замислиш со 3 деца што ми е, до 10, 11 навечер јас сум незастаната. Се некаде сме, дома милион обврски... а јас не спиев. Неможам да се изнаспијам деновиве.. дури шок ми е спиењево сега, па се будам накај 4,5 некогаш свежа наспана :rofl: Заби има за вадење уште 3ки, се надевам океј ќе помине...

    Млеко уште имам и тоа доста :nod: Првите денови малку одмолзував, сега веќе не. Ама чат-пат на туш проверувам, шприца од 16 страни млеко :drunk: а и вака полни ми се, сеуште убаво.. кога ќе снема скроз, издишани балони ахахахха
     
    Последна измена: 13 февруари 2026 во 19:00
    На DELFINA81 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.183
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Ќе почне да спие. Мојава првата ноќ ја отспа цела, втора само се изнаплакавме и двете (мислам јас повеќе ја вознемирив), па си кенкаше повеќе... ама после тоа веќе фати да спие. Ни еден ден не ја дадов на друг. Со мене, приказни, песнички, гушкање.. Инаку молзев 5,6 дена, па после веќе не. Немој да пиеш многу течности деновиве, а прави си чај од жалфија ама нека не е голема шоља пуна. Јас го правев помалку, појако. Ставај и зелки, а одмолзувај додека боли, ќе прекине....

    Инаку и психички сум веќе подобра, се смирив наеднаш. Не ми доаѓаат веќе плачки...
     
    На Калатеа, DELFINA81 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.965
    Допаѓања:
    12.121
    Пол:
    Женски
    И јас сум психички подобара откако не цицаат еве веќе 5 дена,па и си спијат подобро да бидам искрена.
    Е сега физички сум уморна секако
    со 3 деца така ќе е.
    Уште да ми дојде циклус ќе се средам уште повеќе.
    Последен пат имав на 26.09 2023 хахаха.
    Надевам се наскоро да добијам освен ако не ме е фатил климакс.:D
     
    На Калатеа и mariz им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.183
    Допаѓања:
    78.253
    Пол:
    Женски
    Аииии, јас па со сите 3, уште втор месец добив :D Ич не ме поштеди:lol: