Мојот заспива исклучиво со цицање за вечерно спиење, ама се буди многу често во текот на ноќта и го презаспивав со цицање повторно. Веќе сум преуморна и решив да го одбивам од ноќното, па ме интересира дали продолживте да ги доите за вечерното заспивање? Или ги заспивате со доење ама после следното будење не им давате? Вчера беше прва вечер од кога почнав со одбивање, мислам денес како втора ќе биде полошо ама морам .
Ја дојам пред спиење, ама не заспива со доење. Цица, си оди во креветче, и се вртка некое време, па ќе стане, па ќе легне, па ќе ме фаќа, ќе ме штипе, и за 30 мин макс ќе заспие Ама кога ја одбивав од ноќно заспиваше со цицање тој период. Дури и сега се случува некогаш ако е ептен преморена да заспие.
Се едитирав горе дека кога ја одбивав од цицање, заспиваше со цицање. Ама беше доста помала, 6 месеци.
Значи нема да е пречка да успеам во одбивањево. Која вечер беше најтешка кај вас? Или лесно поминавте.
Уффф, веќе малце и заборавено ми е ако беше пред 6 месеци хахаха ама знам дека неколку вечери по ред беше викање. Завршував во дневна со неа на клацкалка и јас дремев, а она ме гледаше. Ама во мртва темница дремев, за да не мисли дека е време за станување. Е сега мојата и цуцла фаќа, од тогаш заспивањето и презаспивањето и е стрикно со цуцла.