Мојата цица сабајле кога ќе стане и еднаш низ ден ама млекото само природно си се регулираше. Зошто се измолзуваш колку повеќе вадиш толку повеќе се ствара бидејќи е на процес на побарувачка, мене ниеднаш не ми станале преполни досега баш природно како организмот да знае дека моето бебе има 3 убави оброци и не треба веќе мн млеко
Исто и кај мене немам мака со преполнување, сега цица само сабајле и навечер (плус преку ноќ 2 пати) ама ние сме намалувале постепено подои, @nice-girl вели бебето се одбило скроз не цица одеднаш, тогаш мора постепено да одмолзува по малце ако и се преполнат градите и и натежнат. Има и апчиња знам за прекин на млеко ама тоа во аптека или со доктор да видиш.
Непишано правило,но поврзано е со неколку нешта, на пример детето ако заспива со доење го бара истото нешто што му помогнало да заспие. Во текот на ноќта детето бара близина и смирување, а доењето му го обезбедува тоа чувство. Од искуство со моето дете заспиваше со приказна при одвикнување,но потоа од навика се будеше во 2-3 ноќе,полурасонет и нервозен,па извесен период цицаше само ноќе,додека не дојде моментот да прекинеме со се и да ја преспива ноќта.(Зборувам за дете од 20 месеци)
Да, ама ако го зборуваме ова еве тогаш ќе кажат повеќе експерти во областа дека доењето не треба да биде начин за заспивање, и дека детето треба да се одвикне од ноќни доења што порано за да сврзува цврст сон преку цела вечер. Но, искуството покажува дека не секоја мајка успева да го постигне тоа. Ете, моето искуство е дека јас ги послушав експертите и на 6 месеци ја одвикнав и од заспивање со доење и од ноќно доење, така што тие работи кај нас не се поврзани никако со доење, уште помалку со - здравје - одбивање од доење. Така да непишани правила сите можеме да си измислуваме врз основа на нашето искуство, ама едно е да пренесеме искуство за тоа што и како ние сме правеле, а друго е нашето искуство да го поставуваме како правило
Се сложувам, мојата заспиваше со доење само првите 20тина дена … никогаш после тоа а се буди навечер еве ја 9месеци
Еве ме да се пожалам колку тешко се тргаат ноќниве подои Трет ден како пробувам првиот околу полноќ да и го тргнам. Вчера и завчера едвај успеав да ја презаспијам нишкајќи и ми стана пак по 15 минути и пак едвај ја презаспав нишкајќи не знам како успеав. Денес уште потешко, 50 минути окапав абер нема. И вода и дадов џабе не ја фаќа сон. Моментално ја предадов на мм да проба ама ја слушам дури и му урла него, кај мене бар само ќенкаше…
Jaс ништо не измислувам,пребарај по темава ќе видиш дека тоа е искуство на голем дел мајки. Навечер најмногу се лачи млеко,не знам колку е паметна одлуката за отфрлање на ноќни подои на неколку месечно бебе. А има и ситуации кај што детето се буди ноќе а не цица,така да не го гледам доењето ноќе како пречка. Особено не кај мали бебиња.
Дали го пие бебето млекото? Ако не го пие ,ќе одмолзеш малку колку да ти олесни,потоа одиш под топол туш и правиш масажи со кружни движења да ги разбиеш грутките. Може да ти помогне и зелка, ставаш во фрижидер(замрзнувач) неколку листа да омекнат и потоа ги обложуваш дојките. Треба да намалиш и со течности. Но се од ова е под услов ако не ти е потребно млекото
Ама Бејби има 9 месечно бебе, не неколку месечно Знам, затоа што читам што пишуваат членки А после 6 месеци се препорачува да се отфрли ноќното цицање за подобар сон, затоа што немаат потреба од млеко навечер тогаш
19 месеци се заспивавме со цицање, нишање во раце и одење по соба несмеев да седнам на кревет одма плачеше.. Од како наполни годинка почнаа да ислегуваат забите,ноќе многу се будеше за цицање, ај период беше се мачевме ама му стана навика, до 19ипол месеци ноќе се будеше и по 7 пати за цицање јас жива не наспана и нервозна.. Една вечер лежевме на кревет цицаше и заспа, теравме така две недели ама со ноќното ништо не се смени а преку ден 4-5 оброци имаше. Преку глава ми дојде и умор и се реков морам нешто да сменам првата вечер од 9 до 1 саат ноќта цицаше 4 пати следно будење во 3 пак бара, му понудив вода вришти, го легнав до мене му пеев, го гушкав плачеше може 10тина минути и заспа, следните будења исто терав. Утре дента пред денска дремка му дадов да цица во дневна, после си отидовме во спална да спие, протестираше може 5 мин но пак си заспа без цицање. Вечерта исто, за ноќно будење пак само вода нудев, пак си се будеше често ама не плачеше многу и брзо презаспиваше, па не попуштив. И веќе од 4тата вечер беше само со едно будење во 4 саат сабајле, ќе се напие вода и си продолжува до кај 7. Одма после будење му давам да цица. Јас се чудев како ли ќе заспие без цицање, неможев да го слушам да плачи а да не му дадам, не го оставив да плачи сам, со гушкањето за заспивање си ја има близината и утехата шо ја добиваше со цицањето, па фала му на господ лесно поминавме Кога ќе мислам дека е доста и денското цицање ќе го преќинеме, секако тој не бара, јас го нудам Споделувам може ќе и се најде на некоја мајка нашиот начин на полесно одбивање на ноќното цицање
Јас не успеав да ја одбијам од ноќно доење. Си бараше и крај. Само скроз одбивање требаше. Ама кај мене ситуацијата беше таква, зошто само прва смена на работа. Сабајле немаше време да цица, а немаше баш и преку ден. Како дојдев од раб, терав по активности возење деца насекаде... и секако и доаѓаше само ноќе да цица. Бебе кое не фаќа цуцла, нема никаков друг начин на заспивање.. тешко да прифати да не цица навечер, а да добива цице сабајлечки или пред спиење само...рееетко која мајка успеала во ова Инаку од најголем неспијач, како се одби скроз од доење.. стана најголем спијач. Сабајле јас станувам со аларм во 6:20, таа кома. Тропаме, зборуваме сите 4ца (јас маж и двете поголеми деца), таа спие. Доаѓа свекрвата горе, наместо да ја симнеме неа дека тера до 8ипол 9 Спие без будење 10-12ч. Ама да ме вратиш сега назад, пак ќе си терам исто.. издржавме, еве спиеме сега
Цуцла не прифати никогаш, млеко од шише нудев и тоа тешко одеше па еве уште пие вода од шише со цевка. Незнам и мене ми изгледаше не возможно ама добро се навикна. Лежиме заедно гушнати го тапкам по газе и си заспива. За денско цицање го нудам дека уште сум дома, наредна недела почнувам па и тоа ќе го заборави А за спиење уште лесно спие, јас несмеам да тропнам
Мојот не фаќа цуцла и го одбив од ноќното доење и сега сум среќна што воопшто не фати цуцла пошто и од неа ќе требаше одвика .
Женски вие што сте ги одвикнале бебињата од доење какво млеко после тоа дававте и од какво шише? Мојата не фаќа шише со цуцла вода пие од шише со цевка па ако имате некои предлози некое што е слично на града би ми било од помош. Се мислам да земам на Филипс авент дали препорачувате?
А зошто сметаш дека има потреба да биде шише со цуцла. Ако сакаш да даваш млеко можеш и од шише со цевка штом си пие така Барем јас така мислам, сега искрено не сум сигурна и колкава ти беше бебка, мислам под годинка, ама јас сум со мајндсет дека не мора бебињата да се учат на нешто што ќе треба да се одвикнуваат ако има алтернатива со која може да се постигне истиот резултат
Моето сама одби млеко ноќно и почна да спие цели вечери на 3 месеци . На 8 месеци скоро почнаа заби и да плаче да се буди да се. удира од кревет и мм и даде млеко и еве сега после 3 месеци намалување и го одбив. Стануваше како сат за млеко пие во 3ч и одма заспива. А безпотребно, дете со 3 оброци, ужинка млеко преку ден. И навечер да се буди за млеко. Мислам е навика и нема потреба и неговиот сон е нарушен не само нашиот.
Не знам побудалев веќе… ние место да намалуваме со подои она почна пак ноќе да се буди и не презаспива никако освен со цицање… да иначе 10м е.
И мојот така правеше не само на 10 туку и предходно, ама на 10 убаво се сеќавам дека истото си го помислив - наместо да намалуваме ние зголемивме. Освен ноќното што е проблем, дали преку ден цица од досада? Пример си играте и и текнува на цицање и се мести сама. Мојот и ова го правеше поготово кога ќе бев по маица отворена, па му го одвлекував вниманието со играчки. Ние стигнавме до два подои, планирам за некој ден и утринскиот да го отфрлам и ќе остане уште за ноќно успивање . Колку што е тежок почетокот толку е и крајот .