Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    1.784
    Пол:
    Женски
    Да потполно се согласувам. Инаку даа исто вака ми прави и ако и дадам да цица така од досада ме гриза и се смее. 3 пати ме има гризнато така. Доењето ми е преубава работа, сакав да дојам и навистина ме зближи со бебка и стварно ни беше преубаво ама веќе сакам да намалуваме. Поготово така кога ќе ме гризне ми се одмилува доењето веќе. И ме гребе ми ја тегне маицата за да цица во сред играње. Се прашувам дали воопшто ќе се одвикнеме некогаш…
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.563
    Скрати ги подоите од досада, не даваш и готово. Понуди вода, играчки и ќе заборави. Ќе се одвикнете, полека само еден по еден ќе ги кратиш.
     
    На Baby warrior и arwen93 им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    3.061
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не знаев кога сака она да цица, немаше кујзнае какви знаци. Ама тој период научи и да стои, и цело време се пентареше по мене и ме влечеше, може и тоа сакала ама јас не го перцепирав така :rofl: Цицаме секогаш по мој терк од 6 месеци навака. Како јас сум замислила распоред така :D

    Ако до сега не правела така, а сега и даваш може да створи нова навика. Не заменувај со ништо - цицање, шише, што и да е, освен да ја нишкаш, гушкаш, зашто се може да и створи нова навика. Верувам дека ти е тешко, ама или е во скок, или ја има фатено регресијата, но најидеално решение и за понатаму е да не менуваш рутина, односно да не создаваш нови навики.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    1.784
    Пол:
    Женски
    Да и мојава сега се учи да стои ама не плаче ако пробува да стане, а кога ме влече за маица баш градата ја бара и се наведнува да цица па ако не успее тоа се драматургии и кога ќе и дадам да цица после ко друго бебе одма среќна задоволна се смее. Од една страна сакам некој ред да имаме со цицањето од друга страна жал ми е ако не и дадам. 3 пати на ден гледам да цица и ете со ноќното 4. Дали е во ред сега да намалиме на 2? Насабајле само и пред спиење навечер? Секако ги има сите оброци и ужинки.


    Цицаше порано ноќе ама се одвикнавме и сега пак почна. Сигурно е регресијата или скок. 45та недела е.
     
    Последна измена: 16 март 2026
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Јас кога воведов ужинки и ги тргнав денските подои и само сабајле и вечер цица (+ преку ноќ еднаш сеа за сеа)
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    3.061
    Пол:
    Женски
    45 недела (однсоно 44 според термин) е најжустрото од 7ми скок. А 7ми скок кај нас беше ЛУ ДИ ЛО. Мислам дека бетер од 4 беше, стално кенкаше за нешто, ништо не и беше погодено, се будеше ноќе. Ама јас после 6 месеци ти викам станав "строга" со цицањето и не давав по побарувачка (ептен ако се удреше, или да знам дека ја болеше нешто заб или сл, ама и тоа ретко) :D

    Инаку, обично со 2те ужинки се тргнуваат и подоите, јас после годинка официјално и ги тргнав, а претходно зависи како јадела, дали сум дала ужинка различни ни беа деновите.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Едно прашање :) 19ипол месеци, вади горни двојки, пренервозен е плачлив, слабо јаде и од вчера одбива да цица. Со 2 подои бевме скоро 6м, од пред некоја недела му го тргнав утринскиот и остана само пред спиење. Вчера и денес му нудам, не сака, бега и плаче.. дали дојде крајот? :whew: вчера некако ајде цицна од двете гради, денес нејќе воопшто..дали сам се одбива?
    Ако вечер не цица дали од утре задутре пак да нудам или е попаметно скроз да прекратиме?
     
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.563
    Јас не би нудела, уште поубаво сам ако се одбие :).
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    1.784
    Пол:
    Женски
    Приметив дека е скок ептен е очигледно плус 2 горни кецови вади. Хаос е моментално…
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам јас за доењево ноќе. Кај нас има голем напредок последниве денови станува само еднаш околу 2-3, цица и ја враќам во креветче. Е јас си станувам и пред тоа неколку пати, уште ме држи навиката хах.

    Собирам сили и тој еден ноќен подој да и го тргнам ама не знам кога. На мисла сум бидејќи почна некои денови денски на пола саат од дремка да станува со плачки и да не се смири дур не и дадам да цица и да презаспие држејќи ме за цице. Ова го правеше во 7ми скок ама сега не сме во скок. Сте имале ли слично искуство? Не сакам да направам полошо ако и го тргнам и тој подој ноќе… Да потенцирам дека не ја одбивам јас се уште, си цица сабајле и навечер пред спиење + тој едниот ноќен подој.
     
    На Baby warrior и MariaBouli им се допаѓа ова.
  11. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Мојот дечко сам се одби преку ноќ..19ипол месеци, јас не бев спремна за крај, он очигледно е :( од 13м цицаше сабајле коа ќе стане и вечер пред спиење, па еден месец само пред спиење, за од понеделникот да го прекине и тој еден подој. Одлучно кажува не не мафта со главче, ја штипка брадавицата, ми се смее и ме гушка:u: завчера се убив од плачење, вчера помалку, денес само 2 3 солзи и толку беше мислам :tmi: освен благо пецкање ништо друго не осеќам, еве 3 ден како не цица. Да ставам нешто, да пијам или градиве веќе сами од себе се опраиле? Не сум чепкала ништо, не сум се ни стиснала :sweat:
     
    На dummy и Joanna28 им се допаѓа ова.
  12. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    726
    Достинекс мора да се пие или не мора за скроз да престане млекото?
    Само ноќе цица и сакам и тоа скроз да го тргнам
     
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    7.334
    јас не пиев, исто само ноќе цицаше. само прекинав и само го снема млекото
     
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Почна нов скок и место да го тргнеме едниот ноќен подој сега почна пак да урла ноќе дур не и дадам да цицне па ни се зголемија ноќните подои. има и денови денски да се буди од дремка со вриштење и да ми бара, или на успивање почна некогаш да ме тегне дур не и дадам… место напред, ние чекор назад ;( наредна недела тргнува во градинка, па со таа дополнителна промена во секојдневието верувам ќе ми бара да цица и повеќе дур се адаптира. Совет?
     
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    6.552
    Пол:
    Женски
    Исто 7ми скок веќе влезена како влезе секоја ноќ е понапорна ноќеска се будеше и плачеше со рикање буквално со солзи нејќеше да ја нишкам туку ме тегнеше за цице, па цица цица па ќе се заврти ќе си стави цуце во уста 5секунди демек спие и пак се врти накај мене пак го фаќа цицето (facepalm) кога не е во скок се буди навечер 100пати презаспива за некоја минута кога е во скок цицето и е утеха и ноќеска буквално се тепаше со мене ако земам да ја нишкам да ја легнам да цица :sweat:
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Хаос се скоковиве значи…Ноќеска кога сфати дека ја тапкам по газе почна да се исправа и кога ја вратив пак демек да лежи на меше врисна ко божем ја колам. Се надевам нема да трае ова дур не прооди, или бар ако е така побргу да прооди :whew:
     
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    6.552
    Пол:
    Женски
    Колку направи твојата? 8ми скок сте? |( мојава оваа недела покажува некој таков карактер што ми иде да ја оставам на моменти. ​
     
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Годинка полни за неколку дена, да во 8ми скок ваљда е влезена според понашањево. Еве и сеа ми стана од дремка по пола саат со плачки, пробуваше мм да ја смири ама не идеше и пак цице ;(
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.