1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    2.082
    Пол:
    Женски
    како сте? се одбивте ли?
     
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    2.082
    Пол:
    Женски
    Не е многу активна темава но да си ја пробам среќата.

    13м доенечки стаж и решив скроз да ја одбивам. Сепарациска анксиозност, тргна во градинка, се разболе, па сега вади заби, само нешто се дешава и само нешто чекам да помине за да стегнам заби ама не знам до кога ќе можам да терам вака. Дење не цица веќе ич (само дур беше болна и давав некои денови) ама затоа ноќе е бетер од новороденче. Дајте совет како да ја одбијам на мисла сум да пробувам ли сенф или фластери да лепам? Има ли тоа поента ноќе? Дење бара гушкање, не бара цице.

    Цуцла не фаќа, млеко од шише не сака, нишкање веќе не сака... Едино што проаѓа е водичка во шише и клацкање, знае некогаш така да презаспие ама периодов општо тешко презаспива дури и со цицање. Во принцип она цица па си се врти на страна, па ја галкам и така заспива, не дека спие на цице, но сепак додека не цицне се љути, клоца, плаче... Се буди на 1-2 саати максимум, значи 5-6 пати во ноќта. Немам опција со друг да ја оставам цела ноќ, мм работи 2 работи и е преморен а друг некој што би се снашол со неа немам.
     
  3. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    5.580
    Одбиени сме веќе две и пол недели :sweat:. Јас прво ги скратив ноќните подои со тоа скратија и ноќните будења, не целосно ама сепак беа доста намалени. После ги скратив дневните па ноќното за заспивање, со нив поминавме лесно. Последно остана утринското, дали дека последно па ептен даваше отпор и плачеше и го оставив со татко му една недела да спие. Навиката за цицање брзо се изгуби, будењата во 5:30-6 уште ги има |(. Иако не бара цицање, сеуште знае да ме допира за гради кога се успива изгледа се смирува па не го притискам чекам полека сам да се одвикне. Се на се, одбивањето не беше толку трауматично како што очекував.

    Сега кога заврши мојот доенечки стаж, можам да си признаам дека беше навистина тешко и напорно за мене.

    Заборавив да додадам, цуцла не сакаше ни мојот и не пие млеко за заспивање тоа ми е непотребна навика.
     
    Последна измена: 7 мај 2026
    На dummy и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  4. LEA24

    LEA24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, се одбиваме од цицање, веќе повеќе од 24h нема цицано, но мене градиве ми се полни. Малце само стиснав да се ослободи притисокот. Некој совет што да правам, дали да се стегнам со нешто за да се намали бидејќи не сакам одма со апчиња.
     
  5. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    12.185
    Пол:
    Женски
    Јас пиев чај од жалфија, многу ми помогна и ставав листови од зелка.За неколку дена се среди се'.
    Пробај така.
     
    На LEA24 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Јас ништо само одмолзував по мноооогу малку колку да олеснат да не ми се направат грутки. Неможев ништо затоа што веќе бев бремена и така само по себе се повлече за некое време. Ми беа и тврди и полни али еднаш на неколку дена ќе одмолзев колку да ми олабави болката после ми спласнаа
     
    На LEA24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.607
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со апчиња за прекин на млеко? И ако да, какви се ризици има и можни нус појави?
     
  8. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    1.289
    Пол:
    Женски
    Јас имам пиено достинекс, мене многу ми беше лошо од апчињата искрено, имав вртоглавици, се препотував, главоболки. Се што беше наведено како нус појави откако читав во упатството, се имав. Ама па пријателки во моја околина што пиеле, ништо не осетиле од нус појави такашто индивидуално си е. Како и да е прекинува млекото одма за ден-два. Јас само два пати се напив, така ми препорача гинеколог, еднаш навечер еднаш наутро по половина таблетка и симптомите беа само тие два дена, не траеја подолго отпосле.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    125
    Леле мајка, како си издржала со толку неспиење 13 месеци секоја чест.
    Ние сме исто 13 и до пред 3-4 месеци така ми правеше и се будеше ама кај нас помогна многу кога го тргнав од спиење до мене во свое креветче. На почеток се будеше исто на саат два ама по неколку недели почна скоро цела вечер да ја преспива освен некогаш еднаш ако се разбуди.
    Ако сте cosleeping, пробај така..
     
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    2.082
    Пол:
    Женски
    Не беше до волку лошо додека не наполни годинка, кога не беше во скокови си стануваше по 2 пати макс 3 и лесно презаспиваше. И она подобро спие кога е во свое креветче, во добриот период така беше но сега само до првото или макс второто станување е во креветче а после останува до мене дека не можам да ја враќам на секој саат ;(
     
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Мајки поради лични причини сакам да ја одбијам бебка. Веќе два месеци пак се одмолзувам, бебе кога беше болна не сакаше цице.
    Скратив измолзувања,по 4 пати во денот само, планирам за некој ден на два да скратам. Ама млеко имам многу.
    Треба ли да се измолзувам по малку само за да ми олесни? Смеам ли да пијам чај од жалфија, истовремено тоа млеко да и го давам на неа? Знам дека течности тррба да избегавам.